Не знам што совет ќе ти дадат поискусните, но би ти препорачал додека да го навикнеш телото на напори, тежини и колку толку правилни вежби да не (барем на почеток) почнуваш со средства топачи. Зависи и каква конституција имаш ама отпрвин со мал интензитет, повторувања и тежини, ја барем не би почнал одма со вакви препарати. За почеток би накачувал точак, лента, нозе, големи групи...и би смалил мрсно у храна. На овој начин, без топачи, мој скоро врсник намали од 130 на околу 90, со многу кардио, со многу зеленчук и овошје, малку тежини (малку повеќе нозе и грб). Сега се ориентира и на мали тежини, за да го зацврсне телото. Битно намали тежина и крвен притисок-со оглед на годините.
Али ова е гледано од здравствен апект, ако сакаш телоградба таа е многу сложена, таму не би да давам совети (освен за себеси)