Немојте да викате дека 15 години не се доволни за градба на мускули.
Тогаш е најлесно за започнување, за чистење на телото од масните наслаги, бидејќи понатаму се потешко ќе биде да се отргне вишокот, подобро спречи одколку потоа да лечиш. Можам да ви кажам и деца кои имаат помалку од 15 години, а имаат стомачни, така да нека не ви бидат годините изговор.
Единствено нешто што ве попречува е исхраната, таа е основата во процесот на градба на телото.
Друго за тежините... не ви е потребно да бркате тежини тие самите ќе си дојдат со времето, вас целта ви е да изградите добро обликувано симетрично тело, сигурно нема да одите во Легијата на странци за да ви треба толку сила .
Сакате мускулна маса накачувате тежина (постепено) - помалку повторувања, сакате дефиниција, помали тежини повеќе повторувања.

За суплементите исто не е препорачливо да ги зимаат почетници, минимално време е три до пет месеци претходно вежбање за да телото почне да се менува и не се лажете дека со суплементи се е можно и толку лесно, бидејќи доста е сложено и има и други фактори кои влијаат, ако ви фале една алка од синџирот целиот процес ќе се наруши.
Еве ви и
линк каде можете најубаво да видите кој тип на вежба е за која мускулна група.
Па чекаме слики од вашиот напредок :helou: