Во преголеми количини солта е штетна, тоа одамна ни е познато - може да доведе до хипертензија, а хипертензија е еден од главните причини за инфаркт и ризични срцеви заболувања.
Главната причина за внесување премногу сол не е како што многу луѓе мислат, претераното солење на храната за време на готвењето.
Стручните лица сметаат дека оптимално е дневно да се внесуваат 2 300 милиграми сол, што од прилика е количина која се наоѓа во едно лажиче. Проблемот се однесува на солта во преработената храна која ја купувате (исто како и останатата - поголемото количество храна која ја консумираме е на овој или на оној начин преработена). Кујнската сол содржи натриум и хлор (од прилика 40% кујнска сол е натриум), а производителите на преработените производи користат и други извори на натриум, не само кујнска сол. Пример, користат сода бикарбона. Дали тоа значи дека мора да имате одлично знаење од хемија за да можете да процените колку некој производ навистина содржи натриум? За среќа не.
На пакувањето од производите треба да постои меѓу останатото и содржина на елементи и така можете да видите колку тој производ има натриум (ознаката е Na, за оние што заборавиле). Треба да ги одбирате оние производи кои не содржат повеќе од 140 милиграми натриум по порција, на тој начин ја намалувате веројатноста дека во текот на денот ќе внесете преголемо количество.
Доколку храната со правилна количина сол не ви е доволно солена, постојат трикови. Еден од нив - за време на готвењето додајте и друг зачин со што јадењето нема да е блуткаво. Друг трик - храната не солете ја за време на готвењето, туку посолете ја тогаш кога ќе е веќе сервирана, бидејќи така повеќе ќе го чувствувате вкусот на солта.