Богат идиот или сиромашен гениј?

  • Креатор на темата Креатор на темата Clubber
  • Време на започнување Време на започнување

Богат идиот или сиромашен гениј?

  • Богат идиот

    Гласови: 94 33,6%
  • Сиромашен гениј

    Гласови: 186 66,4%

  • Вкупно гласачи
    280
Проблемот е што се мисли дека мора да се натпреварува човек со другите да биде подобар, побогат, попаметен шампион над шампионите. Ама сето тоа е залудно трошење на енергија потенцијал и капацитет на креирање. И размислувањето што да се прави во дадена ситуација што е исправно што погрешно додека човек го прави тоа ќе го заврти спиралата на животот и ќе си остане со мислата малиот јас колку згрешив во животот толку многу размислување и толку многу грешки. Нема мислење нема размислување туку делување во дел од секунда и секогаш таа акција е исправна ако остави човек да мисли што е што секогаш таа акција е погрешна, затоа што ќе делува по научен индонктриниран принцип кој што го здобил со хипноза низ текот на животот.....

Нема его нема натпревар само се оди по движење на нештата кои што сами од себе си се редат во текот на животот, или барем така изгледа и не е судбина запишана на камен без избор туку имаш неограничен избор кој е движење или пат со цел кој што мора да се изоди, и како што викаат индијанците да не ја бараш ти твојата животна цел туку таа треба да те најде тебе.....


Оооо да , колку само се работи за его и за натпревар. Идеалите не водат во животот тоа е факт.


А зошто мора човек да биде сиромав и да биде гениј или богат пак да биде идиот, или зошто човек мора да биде сиромав и да биде идиот или да биде богат гение. И зошто човек би морало да биде богат или сиромав, и идиот или гениј .....

Нема мислење нема размислување, туку делување во секунда. Па што тогаш би значеле овие 1000зошто 1000затоа?
Колку прашања зошто у минита ќе поставиш?
Уште еднаш ќе се повторам во случај да не си ме разбрал не секогаш средината е најдобра. Не не прави активни субјекти во менување на работите.
И вака до утре сабајле може да се натегаме, секој да влече на своја страна...
А уствари ти за што си? Богат идиот или сиромав гениј?
Јас за ова второво...А одговорот би ми бил дека според пираидата на чичко Маслоу големите умови не ги движи материјалната моќ.
 
И јас се чудам како може гениј да е сиромашен ама ете може, имаш доста примери од пракса да не ги барам сега. Те бива за една работа во живот а за правење пари и за бизнис ТАПА. Тесла е еден пример, Микеланџело и Ван Гог друг, Марија Кири трет (немала пари да си ја земе Нобеловата награда), Еварист Галоа четврт и многу трагичен пример (и многу малку познат) и да не одам понатаму имаш уште доста.

Освен тоа некогаш и политичкиот систем играл улога, да бил Ломоносов Американец денес цело човештво ќе знаеше за него ама ете во Русија се родил ;).

Една причина е секако и слабиот интерес кај тие луѓе за правење пари а втората секако дека талентот за бизнис и маркетинг најчесто нема врска со талентот и генијалноста во областите каде се тие генијални, типичен пример Тесла и Едисон. Едниот погенијален од другиот ама другиот со многу подобар смисол за бизнис и сијалицата нему му се припишува ;).



А зашто да е различно, гениј е гениј без разлика во која област се работи, нормално збориме за конструктивна и креативна генијалност а не да си гениј за масовни убиства или нешто слично иако и таму си има екстра талентирани :).

Во едниот случај кај уметноста предизвикуваш чувства кај голем број луѓе а во другиот случај правиш изум кој им користи на голем број луѓе, мене не ми е разликата толку драстична како ти што мислиш. И во едно уметничко дело има некогаш многу повеќе планирање него било кој лаик што може да помисли :).

За болдот ќе правиме муабет после 10 години па ќе видиме дали уште ќе го имаш истиот став. Во живот ништо не иде автоматски освен смртта а за се друго има да скинеш 10 пара кондури :).
Убави си ми постирал но од ТВОЈ личен аспект и од твое гледање на работите! Сите примериве што ги наброи се за луѓе кои што биле изгубени во системот. Ај кажи ми шо барал Тесла да им се прави фраер на Американците? Шо не почнел со такви дела во Хрватска или Србија или можда тогашна Австро-Унгарија !? Истото е тоа сега да ни дојди некој овде и да ни продава условно кажано "ветер во магла". Како ние ќе го гледаме,нормално дека ќе бидеме скептични или пак можда ќе гледаме да му го украдиме патентот и да го ликвидираме,што и се случило со Тесла.

Ме праша зашто имало разлика од гениј до гениј во било која област.

За УМЕТНИЦИТЕ - не се тоа гениј,туку само ПРИРОДНО надарени луѓе,за да им се цени нивното дело пример како: писател,поет,вајар,грнчар,,сликар.....треба да помине одреден временски период за да се возвиши тоа дело и да добие на вредност. Наброј ми неколку примери за УМЕТНИЦИ што биле ПОценети во својот живот одколку после смртта - НЕМА ТАКОВ! Ете затоа ги поделив и направив разлика!

А за афтоматизмот....МНОГУ е лесно да дојдеш до врвот (нормално со одредени околности),ама биди фраер да се задржиш таму! :smir:
 
Ако е гениј неможе да биде сиромашен, ако е богат може да биде идиот, така да - гениј :)
 
Едноставно е! Кога не би бил ова што си, која опција би ја одбрал? Сакаш да бидеш финансиски богат ама со сиромашна душа или финансиски сиромав ама со богата душа?
Види сега монетарниот систем на оваа планета е некаде околу 2-3000 години, ама цивилизацијава е најмалку 50000 години, без монетаран систем не постои поимот финансиски богат или финансиски сиромашен, и секој е гение само ако научи како да не му одвлекуваат вниманието образованието кое заглупува и опшествените норми кои затупуваат и се намерно поставени така да го прават тоа.

--- надополнето ---

Оооо да , колку само се работи за его и за натпревар. Идеалите не водат во животот тоа е факт.




Нема мислење нема размислување, туку делување во секунда. Па што тогаш би значеле овие 1000зошто 1000затоа?


Ако егото го оставиш на страна и со тоа не се натпреваруваш секогаш ќе бидеш победник, затоа што во натпреварот покрај победата постои и пораз.


Тие прашања не се за мене поставени, туку се за луѓето да се запрашаат зошто мора да биде така.
 
Убави си ми постирал но од ТВОЈ личен аспект и од твое гледање на работите! Сите примериве што ги наброи се за луѓе кои што биле изгубени во системот. Ај кажи ми шо барал Тесла да им се прави фраер на Американците? Шо не почнел со такви дела во Хрватска или Србија или можда тогашна Австро-Унгарија !? Истото е тоа сега да ни дојди некој овде и да ни продава условно кажано "ветер во магла". Како ние ќе го гледаме,нормално дека ќе бидеме скептични или пак можда ќе гледаме да му го украдиме патентот и да го ликвидираме,што и се случило со Тесла.

Викаш Тесла се правел фраер? Целиов цитат ти е толку интересен шо ме остави без зборови :).

Ме праша зашто имало разлика од гениј до гениј во било која област.

За УМЕТНИЦИТЕ - не се тоа гениј,туку само ПРИРОДНО надарени луѓе,за да им се цени нивното дело пример како: писател,поет,вајар,грнчар,,сликар.....треба да помине одреден временски период за да се возвиши тоа дело и да добие на вредност. Наброј ми неколку примери за УМЕТНИЦИ што биле ПОценети во својот живот одколку после смртта - НЕМА ТАКОВ! Ете затоа ги поделив и направив разлика!

А демек другите не се природно надарени? Неприродно ли им дошла генијалноста во одредена животна област?

Зар за Да Винчи ќе речеш е генијален само во техника а негенијален туку „природно надарен“ во уметноста :)? Ми се свиѓа поделбава, едните се генијалци а другите „природно надарени“ :icon_lol:.

А за афтоматизмот....МНОГУ е лесно да дојдеш до врвот (нормално со одредени околности),ама биди фраер да се задржиш таму! :smir:

Ако е лесно повели дојди па пиши како било :).
 
Јас би сакал нешо меѓу едното и другото! Сиромашен идиот!

Уствари чекај.....
 
Викаш Тесла се правел фраер? Целиов цитат ти е толку интересен шо ме остави без зборови :).
Како што го кажа ти ова иронично дека цитатов ми бил интересен така и јас го кажав тоа во иронија,демек ФРАЕРЛУК. Со ова разрешивме ;)

А демек другите не се природно надарени? Неприродно ли им дошла генијалноста во одредена животна област?

Зар за Да Винчи ќе речеш е генијален само во техника а негенијален туку „природно надарен“ во уметноста :)? Ми се свиѓа поделбава, едните се генијалци а другите „природно надарени“ :icon_lol:.
Бато,кај шо е НАУКА во прашање,ФИЗИКА,ХЕМИЈА,МАТЕМАТИКА....од таму тргнуваш. Од природни ЗАКОНИ! Значи кој и да е не може да го побие законот и да измисли топла вода кога веќе е нешто ДОКАЖАНО. Со помош на тие ФИЗИЧКИ закони земаш и правиш нешто. Или ти успева или не ти успева. Значи за СЕ што сакаш да ИЗМИСЛИШ,да биде изум,да биде твој патент,да биде ГЕНИЈАЛНОСТ,треба да тргнеш од ОСНОВНИТЕ ФИЗИЧКИ ВЕЛИЧИНИ.

А природна надареност е во алатот ако ми биде ѓоа сурла од слон или ако имам глас да пеам или ако имам нозе да знам да трчам да играм фудбал,да трчам на 100 метри ко Усаин Болд и да бидам ко Лионел Меси,значи тоа е ПРИРОДНА дарба,а друго СЕ се учи и научува! Само треба од тоа наученото да го извлечеш тоа што е функционално. Од теорија да го префрлиш во пракса!

Па и за Да Винчи ако зборуваме...СЕ што измислил се послужил со некои закони,формули,теореми....не може ако не ги знаеш тие работи да се правиш ГЕНИЈАЛЕЦ. Значи тоа СЕ УЧИ,земаш книга и учиш,не е нешто шо е вродено во тебе. Вроденото во тебе е тоа што си го научил да го искористиш рационално. Е во тоа е генијалноста. Јас стварно појма неам шо те буни во мојов муабет и што не ти е јасно.

Kрај краева не знам колку си запознаен ама едно 60-70% од СЕ што се има измислено во светов било ПО ЧИСТА СЛУЧАЈНОСТ!

Еве ти и неколку прмери од нив: http://365.com.mk/statii/27-razno/5760-sluchajni-otkritija-koi-go-promenija-svetot

Ако е лесно повели дојди па пиши како било :).
Сакаш да кажиш дека не можи КОМПЛЕТНО да ти се смени животот за 24 СЕКУНДИ,а камоли саати?

BTW: Темава само ја направивме по сложена,а во суштина е многу проста.

Сака да кажи: Get rich or dye trying ! Тоа е тоа! :smir:
 
Кога ке осетиш како е да немаш за јадење,дури тогаш ке гледаш да бидеш гениј.Богат-глуп сите ке го ценат и полесно ке си помине,сиромашниот цел живот ке се мачи и ке се радува на мали нешта.. Не сум за ниедното само пари да се има доволно за основни работи
 
Ако си глуп, нема да знаеш како е да си паметен, т.е. нема да ги знаеш кои ти се мааните, а исто кои се мааните на другите.
Ќе уживаш во куп пари, се ќе те прави среќен.

Проблемот со нас (добар процент од посетителите на форумов се надпросечно интелегентни), е што ние се замараме со се и сешто. Тежнееме за една интелектуална состојба на просвелтност и нови знаења. Новите знаења откриваат многу одговори, но два пати повеќе нови прашања се поставуваат!

Убаво кажа Streight. На гладен стомак и да си гениј ќе отупиш. Менталниот процес бара храна/енергија и колку толку материјална благосостојба да можеш да креираш. Се разбира има исклучоци и на ова поле. Типичен пример е...

Gregory Perelman кој живее во сиромаштија и ОДБРИ 1 милион долари што реши одреден математички проблем. Инаку растен во добра фамилија, одлично знае да игра тенис и да свири на пиано.

perelman_83293e.jpg
Perelman%2C_Grigori_%281966%29.jpg
 
Темава е многу глупа!!!
Еве зошто. Нека се јави некој шо бил и Богат идиот, и сиромав генијалец, па напраел споредба, па кажал што е поубо...

То ти е исто ко да ти речи некој....ти дава две коли, која ќе ја одбериш??? А ти појма немаш какви се колите, што предности имаат, што слабости, не си ги видел никогаш, не си ги пробал никогаш!!! И ај одбери да те видам ...
 
MacedoniaGirl напиша:
Ако е гениј неможе да биде сиромашен, ако е богат може да биде идиот, така да - гениј

А овој горе што е?
 
Како што го кажа ти ова иронично дека цитатов ми бил интересен така и јас го кажав тоа во иронија,демек ФРАЕРЛУК. Со ова разрешивме ;)

Мислев на целиот цитат за Тесла кој не беше ироничен а не само на болдот.

Бато,кај шо е НАУКА во прашање,ФИЗИКА,ХЕМИЈА,МАТЕМАТИКА....од таму тргнуваш. Од природни ЗАКОНИ! Значи кој и да е не може да го побие законот и да измисли топла вода кога веќе е нешто ДОКАЖАНО. Со помош на тие ФИЗИЧКИ закони земаш и правиш нешто. Или ти успева или не ти успева. Значи за СЕ што сакаш да ИЗМИСЛИШ,да биде изум,да биде твој патент,да биде ГЕНИЈАЛНОСТ,треба да тргнеш од ОСНОВНИТЕ ФИЗИЧКИ ВЕЛИЧИНИ.

Кои воопшто не мора да се познати до крај. Од каде знаеш дека некој закон нема да биде побиен или некоја теорема надмината и корегирана? Што правиме со цела област на парапсихологија каде сеуште законите на дејство се премалку испитани да се даде конечен заклучок кој закон би важел во сите области без исклучок. Што е со реинкарнација каде знаеме дека нешто има ама сеуште не можеш да ја ставиш во некој природен закон затоа што самиот механизам не е воопшто познат. Да не спомнувам за телепортација која сеуште не е воопшто испитана и која ако се докаже (а се оди во тој правец) ќе направи корекција на еден куп сегашни познати природни закони.

Врз кој природен закон се темели настанокот на душата или според тебе тоа што ти го допираш и гледаш е закон а се друго нема да го признаеме. Самите постулати ти се според мене погрешни.

Остатокот не ми се цитира пошто решето ќе стане постов а и нема да има поента.

У краен случај и онака избегавме од темата :).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom