Капело задоволен од поразот, Бекам разочаран
Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Фабио Капело, на пресконференцијата по мечот Шпанија - Англија, изјави дека бил задоволен од поразот каде Англичаните загубија со резултат од 2:0.
"
Имаме проблем кога играме против противник со петорица играчи за врска" - признал селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Фабио Капело, по поразот од Шпанија во Севиља со резултат 2:0. "
Тоа беше важен меч за мене: сакав да научам како играчите ќе реагираат против тимови кои играат во сличен стил како Шпанија, а со кои во иднина ќе се среќаваме." - изјавил Италијанецот по поразот, додавајќи:
"
Научив многу. Гледам дека имаме проблем кога противникот игра со еден напаѓач и збиен среден ред. Имаме слаба проточност на топката во такви ситуации."
"
Можеме подобро од оова. Се извинувам поради резултатот. Првиот гол, за жал го примивме по чиста грешка на нашите фудбалери. Игравме добро. Беше важно да се види каква е разликата меѓу двете селекции моментално. Не само технички, туку и физички."
Од друга страна, Дејвид Бекам не бил задоволен од развојот на настаните на натпреварот.
"
Ни дадоа два убави гола: првиот при едно мајсторство на Виља, вториот од слободен удар. Заслужено не победија, но одиме понатаму."- изјавил славеникот, кој со 108 настапи во репрезентативниот дрес се израмни со легендарниот капитен на светските шампиони од 1966 година, Боби Мур.
Бекам додал дека никогаш не се замислувал меѓу великаните како Боби Чарлтон и Боби Мур. Првиот, кој собра 106 настапи за репрезентацијата го мина, со другиот се изедначи.
"
Како успеав толку долго да траам? Не знам. Секогаш напорно работев на својата игра. Го прават тоа и понатаму. Покрај тоа, работев со одлични тренери. Уживам во своите настапи. Нема да прекинам да играм фудбал се додека го имам тоа чувство. Се надевам дека ќе потрае."
извор