Јас знам дека е во 18 часот. Така кажаа на А1, а преносот ќе оди на А2.
Еве извадок од вестите на А1:
Утре настапуваат нашите тимови во квалификациите за купот на УЕФА
16.07.2008
Резултатот на Работнички, сигурно ќе биде инспирација за добри настапи и на преостанатите два наши претставника во фудбалска Европа, Милано и Пелистер, кои утре ќе ја бранат македонската гордост во пресметки со екипи од Кипар.
Дебитантот на меѓународната сцена, вицешампионот и финалист на националниот куп Милано, со сиот товар на неискуството, ќе истрча во никозија против Омонија, обидувајќи се да извлече што поповолен резултат, а тоа во превод значи, ќе стори се да се одбрани и во никој случај да не прими гол.
Тоа е македонската логика кога станува збор за европските гостувања, на која никој не може да и замери, ако се има предвид инфериорноста што обично произлегува од реалниот квалитативен хендикеп, но и од околности од поинаков тип, кои на Работнички вчера му наложија резервиран, дури страшлив пристап во Баку.
Не би било изненадување претпазливо да влезе во утрешниот меч и Пелистер, кој на Градски во Скопје, наместо во Битола ќе го вгости градскиот ривал на Омонија, Апоел.
Шест годишното отсуство од Евро сцената сигурно автоматски ги става пелистерци во подредена улога против еден од најтрофејните Кипарски тимови.
Натпреварот Пелистер - Апоел на нашиот најголем стадион се игра од 18 часот, додека Милано во Никозија ќе и се противстави на Омонија еден час подоцна.
Значи, од ова иди дека Пелистер е во 18 а Милано игра во 19. :salut: