Фан Клуб: Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување
Од колку саат е утакмицата? Сите различни термини ми кажуваат
 
Во 7 часот!

Денеска мора да тепаме, 2-0 добро ќе биде.. :)
 
утакмицата е у 6 ... така кажаа на А1 и кој сака да ја гледа ке га дават на А2
 
Јас знам дека е во 18 часот. Така кажаа на А1, а преносот ќе оди на А2.
Еве извадок од вестите на А1:
Утре настапуваат нашите тимови во квалификациите за купот на УЕФА

16.07.2008
uefa-logo.jpg

Резултатот на Работнички, сигурно ќе биде инспирација за добри настапи и на преостанатите два наши претставника во фудбалска Европа, Милано и Пелистер, кои утре ќе ја бранат македонската гордост во пресметки со екипи од Кипар.
Дебитантот на меѓународната сцена, вицешампионот и финалист на националниот куп Милано, со сиот товар на неискуството, ќе истрча во никозија против Омонија, обидувајќи се да извлече што поповолен резултат, а тоа во превод значи, ќе стори се да се одбрани и во никој случај да не прими гол.
Тоа е македонската логика кога станува збор за европските гостувања, на која никој не може да и замери, ако се има предвид инфериорноста што обично произлегува од реалниот квалитативен хендикеп, но и од околности од поинаков тип, кои на Работнички вчера му наложија резервиран, дури страшлив пристап во Баку.
Не би било изненадување претпазливо да влезе во утрешниот меч и Пелистер, кој на Градски во Скопје, наместо во Битола ќе го вгости градскиот ривал на Омонија, Апоел.
Шест годишното отсуство од Евро сцената сигурно автоматски ги става пелистерци во подредена улога против еден од најтрофејните Кипарски тимови.
Натпреварот Пелистер - Апоел на нашиот најголем стадион се игра од 18 часот, додека Милано во Никозија ќе и се противстави на Омонија еден час подоцна.


Значи, од ова иди дека Пелистер е во 18 а Милано игра во 19. :salut:
 
пелистер е во 18 а милано е у 19 .. и јас тк чијах на вестите......
 
Одлична шанса имаше Главески ама голманот одбрани можеше поубо да шутира ајде друга прилика ке се чека.:tv:
 
Лелле, каква шанса имаше Пелистер, требаше барем 1-0 !!
 
Конечен рез 0-0, иако гостите имаа повеќе од играта сепак вака беше најреално.
 
Мноооогу глуп меч. Ептен се повлекоја пелистер незнам шо мислат ама со среќа во кипар (еее некое 1-1 да изват). Инаку публиката беше катастрофа ко на театар да беа. Ама то е во Битола не треба стадион во Скопје треба.:kesa:
 
за играта катастрофа ..... а навивачите добри бее
 
Vcera skembari napravivte nesportski poteg skopskata publika dojde da naviva za vas a vie im vrativte so pogrdni zborovi vo vtorite 45 min.Koga nasite ekipi igraat vo evropa treba da ima edinstvo a posle vo prvenstvoto rivalstvo.
 
за играта катастрофа ..... а навивачите добри бее
Навивачите беа добри (ама само онај дел на западната трибина) а другите? Еее да беше во Битола мечот...
 
Back
На врв Bottom