Направи сам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Значи најефтино, осигурај си стакла при регистрација (околу 3.000 денари) и по 2 месеци напрај еден кеиф со чекан по шофершајбната :) (ова го направив еднаш с фиестата, беше малку напукната шофершајбната и поминав на технички не ја заприметија, па по 4 месеци пријавив демек се скрши, и ми купија нова кја кошташе 10.000 денари)
 
Акав денес по отпади, и си најдов нешто, кое треба да се спреми за вградување кога ќе му дојде времето...
Потребно е:

Се треба убаво да се покисне во вода, за да четакањето, во мојот случај со четка за заби, биде полесно. Што ѓубре ќе падне, да знаете...

И, неколку детали од она што ме чека...за сочивото употребив и нешто погрубо од П2000:


И, после стругање, полирање и други перипетии, расклопување на жмигавецот, кој воедно е и позиција, стругање и полирање на пластиката, го добив ова:


Знакот, го гледате каков е...овде, само Пурол, триење и трпение...


Сочивото треба да се исфарба, со онаа боја за бандаши, а исто и знакот внатре, кај што пише ФИАТ треба да биде црвено, но за тоа во друга прилика.
 
Дефинитивно си му ја вратил "душата" на знакот...уште пар детали и ќе го биде за проектот..Што ти значи слободно време а? Ај ќе се потрудам да ти најдам нешто кај комшиите..
 
Во живо, знакот е многу поубав, ама кога незнам да сликам...а треба уште еднаш убаво да се исполира, и да се исфарба внатре...исто и сочивото...
 
А што кола имаш Струмис? Некој Фијат?
 
ме интересира колку ти троши ?
Кога го возев, во град си пиеше по 10-10,5 литри, со карбуратор Weber 34 DCHD. Иста беше и со Solex 34 PAIA.
Со некаков полски карбуратор (додуша ич по кеиф не ми беше, па не беше и пицнат како претходните два) околу 12 литри на 100 км во град. А перформансите исти...
На отворено 8-8,5 , а со полскиот 9.
Сега не троши ич, бидејќи е во делови :)
Кога ќе го соберам, ќе оди Weber-от во него :)
Инаку, гарантирам дека со правилно штелуван и исправен карбуратор, подесени и штелувани вентили, здрав ланец и се друго по пропис, троши толку.
 
Струмикс, време е да поработиш поозбилно на фијатката :)... Ајде чекаме да се повозиме во времето на шеесетите. Толку фијатки имаше низ битолата, не сум имал можност да се возам во таков.

П.С. Тури му плин за поевтино да ти биде уживањето :pos:

Инаку стварно добро излезе знакот после полирањето. А за ставање црвена боја во позадина.... Танко четче и челични нерви + крпче со разредувач за во случај да направиш утка. Лесно се средува тоа.
 
Останав должен практично околу пластиките кои се штопови, жмигавци, бидејќи на претходниот пример и не е баш приметливо.
Направив набрзина нешто на еден скршен штоп...ми се замоткал случајно дома...
Значи, П2000+Пурол...
Пред:

После:

Инаку, тоа онака набрзина, за да се види ефектот. да беше за вградување, би одел со П1000 првин, па П2000 и многу полирање. Ова е оштетено доста.
А, ако сакате екстра сјај, употребете безбоен лак. Макар што, вака мене ми е поприродно.
Џиш, мене планот за знакот ми е следен:
Изолирам само по рабовите.
Шприцам еден слој црвена, а буквите со разредувач ги чистам со крпче или стапчиња за уши.
4-5 слоја безбоен лак за да целото тоа се „пластифицира“ како оригиналот.
И, готова работа.
 
Кажете ми како да ги залепам пластиките на моторот ми се скршени како линија напукнати ... со што и како иде постапката
сакам да ги залепам од внатре, без да ги стругам и фарбам однадвор :helou:

имам челични бандаши имаја малку корозија ги исшмирглав до гол метал е сега дали ако ги направам со безбоен лак ке си остане сјајот на металот или да ги фарбам црни како што си беа
 
torrent напиша:
имам челични бандаши имаја малку корозија ги исшмирглав до гол метал е сега дали ако ги направам со безбоен лак ке си остане сјајот на металот или да ги фарбам црни како што си беа
Од оние кои го работеле тоа, некаде на почетокот на темата има такви муабети, поарно да не го работиш тоа, оти нема да добиеш никаков ефект.
Мој совет:
на голиот метал премачкај миниум, истругај малку со П2000 воден, и фарбај во која боја сакаш.
 
Torte те подсредив...
Инаку јас би ти рекол истото што и струмикс, прво миниум па стругање, а ако има рабови, по миниумот прајмер. Потоа надворешноста можеш да ја направиш сребренкасто-сива, а внатрешноста црна (нормално ако има можност за делење како овие на сликата). Доста добро делува, еве ти и сличе за илустрација.
NICHEDEEZ20BLACK.jpg
 
Кај ми отиде постот :uvo:
ај пак ...

Кажете ми како да ги залепам пластиките на моторот ми се скршени како линија напукнати ... со што материјал и како иде постапката
сакам да ги залепам од внатре, без да ги стругам и фарбам однадвор :helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom