Направи сам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Знам за стегање на осовината и се тоа ама бандажите се доста стари и би сакал да ги префарбам, а да не се излупат после 2-3 недели. Плус тоа малку добиле јајцевидна форма така да можеби ке мора и нови да купам ,а и лагерите се при крај така да стругаат по малку
 
Ако се јајцевидни, купи си нови.
Ако се од хромираните, пробај со пурол да ги оживееш малце, ќе се изненадиш од резултатите, види поназад на темата како сум правел такви работи...
Ако ги фарбаш, убаво стругање прво, после фарба...
 
зависи какоф дупли е 1000 ден еден а обичен незнам можи ке најш некој половен ама нема да биди поарен од тие шо ги имаш
 
Не се хромирани алуминиумски се. Инаку велосипедот е брзинец италијански од 1995 и освен 2-3 сајли и еден сет гуми му немам сменето ништо тренирам екстремно само во последнните 2 години имам 6 000км поминато. Има ли некој претстава колку чини просечен бандаж за велосипед?

Ке одам овие денови до фабриката за велосипеди има во мојот град можеби и поефтино ке испаднат. Фала за информациите
 
Не собим се му е фушарија барај кај шо има shimano да го платиш поскапо ама да знајш дека е квалитетен
 
Ако се алуминиумски, ги расклопуваш, ги носиш до некој мајстор за точаци, ги средува (исправува, мислам дека го работат тоа)...полираниот алуминиум изгледа прекрасно...
Значи ги стругаш со нешто погрубо, за да падне се од нив, па фино со П2000 воден, за да ги направиш мазни, и со Пурол паста ќе триеш како мајмун за да добиеш прекрасен длабок сјај.
И, потоа ако можеш сам ги ставаш шпиците, ако не, пак мајстор.
 
Струмика ај еден совет купив нови штопови ама по се изгледа турски и ја изгубија бојата за еден месец со што можам да ги вратам во нормала:helou:
 
Сепак се решив за полирање на алуминиумските бандажи кај велосипедот. Како се викаше таа паста за полирање, каде би можел да ја најдам и по која цена?
 
Сепак се решив за полирање на алуминиумските бандажи кај велосипедот. Како се викаше таа паста за полирање, каде би можел да ја најдам и по која цена?

Пурол се вика пастата, ја има во секоја продавница за бои и лакови...Цена...од 120 денари до 150...
Да не заборавиш прво добра обработка на бандашите!
 
Струмика ај еден совет купив нови штопови ама по се изгледа турски и ја изгубија бојата за еден месец со што можам да ги вратам во нормала:helou:

Хммм...виде пред некоја страна како сум средувал штоп?
А ако бојата ја нема, тогаш истото, но нема полирање, туку боја, па на бојата ептен малце П2000, и безбоен лак за крај.
 
Пурол се вика пастата, ја има во секоја продавница за бои и лакови...Цена...од 120 денари до 150...
Да не заборавиш прво добра обработка на бандашите!

Во која смисла обработка? Чистење и одмастување или пак да се шмирглаат со водена шмиргла?
 
Во која смисла обработка? Чистење и одмастување или пак да се шмирглаат со водена шмиргла?

1. Мораш комплетно да ги расклопиш, ако сакаш убаво да излезе и квалитетно, башка, и немаш простор за работа ако се склопени, нели?
2. Велиш дека можеби се криви, па оди кај мајстор да ги исправи како што треба.
3. Чистење, одмастување, шмирглање со што сакаш се до сјаен алуминиум, а П2000 воден да ти биде како финиш за мазна површина спремна за полирање.
4. Склопување
5. Уживање во новиот изглед.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom