Кога почнав да ја гледам серијата ги обожавав ликовите и приказната. Но еден по еден истите си идеа. Клер ми беше омилена во првите епизоди,но у пошироката листа поради кој бев задоволен од шоуто ги вклучуваше:
-Isaac
-Кендис(д илужн грл)
-Симон
-DL
-Nikki(најомилениот фаворит во првата сезона)
A големи глупи досадни сцени(бар за мене) го заземаа најголемиот дел од шоуто со херојот со херојското име
-Hiro
И секако уште едно дежаву во следната сезона(или волум) со истиот злосторник од првата сезона
-Syler
И секако најубавиот,најслаткиот,најпрекрасниот глумец,со најдоброто,најекстравагандно,вредно за еми награда глумење,со најдобрата storyline која heroes некогаш ја имал,со вметнување на таа романтика која ја возвраќаше толку очигледно Клер... не облеа the flying man..... West! Камо тој да беше убиен!
Сепак дојдоа неколку нови ликови од кои ги сакам:
Elle
Molly
Monique
Мaury Parkman
Aма едно не ми е јасно,дали шоуто може да биде драматично без сиве овие смртни случаи или бар да се внимава кој се убива? Па пополека испоубиват многу добри херои,односно фаворити на многу фанови на шоуто,најавуваат уште 5 смртни случаи за трета сезона,у меѓувреме сите работи до една што ќе се случат на епизодата излегуваат на интернет за на крај да ти биде глупо да се прашуваш зошто гледаш нешто кое однапред и самиот би погодил како ќе заврши?
Зошто,ама зошто постоеше Claire's healing blood која пренесена во друго тело може да оживее секој херој? За да се вратат хероите после чие отсуство беа изгубени најмногуте гледачи?.....
Не знам...шоуто после неколку крајно досадни епизоди од втората сезона имаше свои 2-3 ѕвезди за на крајта да ни даде уште еден разочарувачки крај.
Јас сеуште ќе гледам,споилери кажуваат дека Ники ќе се врати(дај боже...),додека за Нитан ќе одлучуваат фановите(duh?зар не мислат дека кон патот до успехот треба да превземат некој ризик а не секогаш да ги опуштат рацете и некакви си статистики да им кажуваат што треба да направат?
Еден hiro кој ми упропасти 6 епизоди од втора сезона,да не го убиваат поради што е најзаслужниот извор на обожаватели на серијава и автоматски да се радувам бидејќи видов неочекуван пресврт и конекција помеѓу такео кензеи,неговиот јапонски херој со овој шанти вајрус. На една elle да и ја изменат судбината(требаше да биде убиена после 8 епизоди) поради реагирањето на фановите. Да се чудам каква придонес имаа глупачата Мaya и кутриот Алехандро освен донесувајќи го Сајлер до посакуваното место. Зошто им беше дадена моќта?....
На крај и краишта или нека ги убијат оние безвезе карактери без некоја линија,или пак нека им дадат подобра линија за да можам да ги засакам.
Дали на некој од вас го интересираше или беше воопшто заинтересиран за историјата и Такео Кензеи? И дали некој всушност со нетрпение чекаше да ја отвори Питер скапоцената кутија од неговото минато?....
А у меѓувреме Џесика/Ники.... што бидна со неа? Power:Supertrenght.
Oк,го сваќам тоа,ама оние двата лика?... Го направија уште еден мулти прсналити дисордр. А сепак толку јасно покажуваа во прва сезона дека се две различни личности со тетоважата која ја поседуваше Џесика!
Не знам,се надевам на подобар volume или season...мислам дека сезонава беше многу слаба и се надевам дека после штрајкот ваљда ќе внимаваат малку повеќе продуцентите што прават со глупиве издолжени досадни приказни околу хероиве за кои многу малку се заинтересирани.
И уште нешто,11 епизоди,воопшто не беа доволни за ова. Дури бев зачуден пред две недели кога дознав дека всушност и толку требало да трае овој volume. Па јас од развиеност на приказнава околу шанти вајрус ни едно р не видов. До 7мата епизода тапкаа у место,до 11тата епизода развија едно 30% од она што беше доволно да се разјасни што и како е со шанти вајрусот,за на 11та епизода цела приказна да отиде 8x fast forward и да заврши.
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)