Мистеријата на езерото Лок Нес

Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Снимено англиското „Неси“ во езерото Виндермер
Туристот Том Пиклс успеа со својот мобилен телефон да направи досега најјасна видео снимка за англиското „Неси“, водно „чудовиште“, што наводно живее во езерото Виндермер.
Тоа е налик на надалеку познатата шкотска „Неси“ од езерото Лох Нес, за која се знае повеќе децении, иако никој досега не докажа дека тоа постои.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, Пиклс со својата девојка возел кајак по езерото во областа Камбрија, во северозападна Англија, кога наеднаш во близината на чамецот од водата се појавило тело на „чудно животно“, кое имало три грби.

Тој вели дека „чудовиштето“ е долго „колку три автомобили“ и се движи со голема брзина. Неговата девојка изјави дека тоа наликува на една голема водна змија.

Целиот тој крај, познат како англиската Езерска област (Lake District), во текот на целата година е исполнет со гости и туристи и важи за едно од најубавите и најатрактивни локации во Велика Британија.

Жителите од овој крај подолго време зборуваат дека и во нивното езеро, како и во Лох Нес, има водно „чудовиште“, што тие го нарекуваат „Бонеси“.

Луѓето од околината на езерото тврдат дека во изминатите пет години ова е осмо по ред „појавување“ на „Бонеси“.

Екологот д-р Ијан Винфилд од Универзитетот Ланкестер, кој важи за добар познавач на езерото Виндермер изјави дека повеќе верува оти станува збор за некој, поголем од обично, вид на источноевропската риба сом, но тој вели дека тоа што го опишуваат кајакарите е „нешто сосема друго и непознато“.

Скептиците во приказните за водни чудовишта, како директорот на локалната бродарска компанија Најџел Вилкинсон смета дека не би требало да се претерува со приказните за страшните животни во езерото.

„Годишно пренесувам милиони патници и туристи низ езерските води и досега никој не го забележал „Бонеси“ на површината на водата“, тврди Вилкинсон.

ВИДЕО
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
150
Поени од реакции
106
ја читав дека неси првпат ја видел некој фотограф пред 70-80 годнини и дека он за првпат покажал слика. После се дознало дека сликата е фејк ама народ веќе почнал да доаѓа и овие као туризам продолжиле да ја фураат прикаската. Неси е превара. Имаше и документарец еден се спуштаа во езерото и проверуваа колку риби има и каков живот и дали може ткво едно чудовиште са живее. Викаат дека не може.
 
Член од
11 февруари 2010
Мислења
11
Поени од реакции
0
Sega drustvo da vi kazam VISTINATA.Toa dzvereto od ona ezerceno vo anglija e izmisleno od eden novinar na koj mu bilo naredeno da go slika. Arno ama toa ne postoelo i sea so mu rekle na coekov- TI SI NESPOSOBNJAKOVIC MRS OD RABOTA i go nabrkale od poso. Arno ama ovoj itar i za da im se odmazdi fatil aparatot vraka i go odnel sin mu kraj ezeroto i mu rekol da drzi nekoj predmet tamu so ti znam sto lici na dzverce i go slikal i otisol vo druga izdavacka kuka i im ja dal slikata za bolji publicitet i taka . Ajt na zdravje
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585

А тебе другар кој ти ги раскажал овие сочни детали за настанот кој се случил откако го кикнале од работа одмаздољубивиот новинар кој имал син кој имал предмет кој го држел таму кај езерото?
 
Epa vaka . Si sedam doma edna vecer i si vrtam programi na TV to i posto me interesirat programi kako dicovery ili nat. geography , explorer i.t.d slucajnov nacekav emisija za prikaznava i kazaa deka e razbien mitov , odnosno ovoj novinarov navodno priznal sto vsusnost slikal i namestil i zosto pozz .
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
ahahahahah xD ме насмеа ептен,а тие таму биле глупи и не препознале веднаш?
Оф бе.... играчка ahahahah xD... не ми е за верување ама интересно звучи...секако приказна за мали деца -.-
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Занимливиот дел за “Неси“ е всушност огромниот број на глупави луѓе што веруваат дека постои “чудовиште“ во езерото, и шо не сфаќаат дека слика и видео мнооогу лесно може да се монтира, манипулира.
 
Член од
29 јули 2010
Мислења
68
Поени од реакции
4
Зошто бе да не постои кој докажал можеби постои, и кој знае колку години може да издражат ваквите Монстери.. Позз

WOW, после овој клип незнам дали да верувам или не! :nesvest:
 
Член од
10 јануари 2010
Мислења
113
Поени од реакции
56
Имам на дискавери за ова гледано, и за сликите кажаја дека се фејк, со докази, не ми текнува како беа решенијата, ама дали вистина во Лох Нес живее рептил...тешко да се дознае:toe:
 
V

Vollstandig

Гостин
Имам на дискавери за ова гледано, и за сликите кажаја дека се фејк, со докази, не ми текнува како беа решенијата, ама дали вистина во Лох Нес живее рептил...тешко да се дознае:toe:
Зошто тешко, кога досега е испитано од милион нуркачки експедиции и ништо не нашле “рептилно“
 
MartinFCB

Fcb
Член од
22 октомври 2010
Мислења
317
Поени од реакции
47
Луѓе јас лично верувам, оној пат баш размислував околу оваа тема и ми дојдоа некои мисли дека навистина постои, како во Охридското езеро постои охридската пастрмка и саму таму ја има но таа ја има во голем број затоа што има и машки и женски и можат да се размножуваат, а во Лок Нес е само едно и единствено така да дојдов до заклучок дека постои, сигурно грешам али тоа е мојот заклучок. Но само ме копка како тоа датира уште од времето на диносаурсите, дали е тоа бесмртно ?
 
Член од
14 август 2010
Мислења
104
Поени од реакции
22
jas vo ova ne veruvam... prva opcija spored mene e deka ova kako sto kaza i DonJas e montirano... site znaeme deka vo denesno vreme ima takvi programi i tehnika sto se toa ke go napravat realno duri i samite tie sto go montirale ke veruvaat vo toa a ako ne e ova vaka da se dokaze mozno e i da e nekoj gnurac i so nekoi napravi da go pravi toj efekt kako na klipceto pogore
 
КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.856
Се е возможно. Но, не ми е јасно како ли е можно само едно такво суштество да постои во тоа езеро? Па, јас ќе умрам од самотија
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Луѓе јас лично верувам, оној пат баш размислував околу оваа тема и ми дојдоа некои мисли дека навистина постои, како во Охридското езеро постои охридската пастрмка и саму таму ја има но таа ја има во голем број затоа што има и машки и женски и можат да се размножуваат, а во Лок Нес е само едно и единствено така да дојдов до заклучок дека постои, сигурно грешам али тоа е мојот заклучок. Но само ме копка како тоа датира уште од времето на диносаурсите, дали е тоа бесмртно ?
Од кај жити се преку рибите кои ги има машки и женски заклучи дека го има чудовиштево?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom