Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.122
- Поени од реакции
- 25.548
Ги имам неколку пати откажувано. Еднаш 6 месеци, 2 пати по 2 месеци, и неколку пати по 2-3 недели. Јазикот ми беше исфарбан од лижавчиња и изгорен од јаки ментол бомбони додека не пушев. За тоа време сфатив дека не сум зависен од никотинот туку од актот на пушење што значи барем кај мене дека зависноста е чисто психолошка. Не знам дали некогаш ќе ги откажам за навек. Со цигарата сум во една од оние врски со милион перипетии, смирувања, скарувања итн итн.. кај што на крај пак завршуваш со дотичната.
За тие што сепак пробуваат од искуство ќе ви кажам дека најкритични се првите 48 часа колку што никотинот останува во организмот. После тоа треба да се борите со психолошката зависност што не е ништо послаба. Купувајте мастики, дражеи а особено лижавчиња бидејќи може да се имитираат потезите со цигара. Ептен е мачно после ручек, со кафе или алкохол или после секс да одолеете. Ама сепак барем за мене, а тука беше точката на кршење, беа деновите со голем стрес, нервози и лошо расположение што стануваат дупло позаебани поради тоа што не можете да запалите цигара.
Е да, има еден малце екстремен метод што ќе ви ја зајакне волјата барем за почетокот на откажувањето. Комбинацијата алкохол и цигари претходната вечер ќе ви направи наредното сабајле да ви се згади од цигарите. Многу луѓе што ги знам, кои се откажале од цигарите, точно тоа ми го кажуваат како причина, дека претходната вечер се препушиле и препиле и тоа им ја зајакнала волјата. Ама ако не знаете да се контролирате ни на крај памет да не ви текне да го правите ова.
Со среќа.