Ги баталувам цигарите!

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Палев до пред некој месец, и по 10 цигари можда на ден ке испушев. Но сега некако ми се згадија па еве веќе месец ипол немам ставено во уста од ‘смрдливите стапчиња што убиваат‘. Едноставно ми се згади, сега сум срекен што не сум запалил а ги замразив страшно, ме вознемирува некој да седи до мене со цигара. Цигари сакс, најгадно нешто, мислам дека треба да си будала да продолжиш да пушиш ако се нема фајде од нив, а од нив има само загуба, пари здравје и мн повеке...
 
Пи*ка ви материна, вие гнасни, скапи, одвратни, убивачки ,,задоволства", не сакам катран да ви видам до крајот на мојот живот. Аир од вас не видов, органиве почнаа да ме болат, ако земеме во предвид дека сум хипохондрик, тогаш би било навистина појасно што замислувам дека ми правите. Покрај тоа кое навистина ми го правите. Од денес решив да ве забаталам, да си докажам со тоа дека ама апла не ме одржувате во живот, пичка ви матер! Ве мрзам! Ако сега не издржам, тогаш апла заслужувам да ме убиете. Да, знам дека мислите дека имате контрола врз мене и дека се тресам без вас, ама не го знаете мојот инает. Тој е посилен од вас. А најсилен е впечатокот кој го носам со мене од вчера, кога мислев дека ми е последен ден на светов. Не вредите толку. Имам за кого да живеам.Fuck you tobacco!
 
Ве читам ве читам и си викам да пробам втор пат. Првиот пат беше неуспешен во моето откажување на цигарите... Вториот пат планирам да биде успешен, почнав да ги намалувам дневно, од 1 кутија на ден, смалив на пола кутија на ден, па ќе дое по 5 цигари на ден, али треба време племе им јебем цигарско... :)

Битно i'm on.
 
Абе ако не ме убијат цигарите, ќе живеам 150 години. Вака, со една кутија дневно ќе живеам само 100 години, сосема доволно :smir:
 
жими к**ов, пауза 2 месеца, па ај само едно да ми пројде кризата, па ај уште едно, па немало рефус - кутија........... и све отпочеток:tapp::tapp:
 
Ги мразам цигарите гадни ми се веќе ептен ама никако неможам да ги откажам најголем порок ми се. Најмногу ми се пуши кога пијам кафе или после јадење, инаку така кога си седам дома и не ми се пуши многу, ама за 24 часа 2 кутии купувам, едната ја пушам а другата останува и за другиот ден...Што е многу многу е за 17 години да пушаш по скоро 2 кутии на ден. Сакам да ги оставам ама како што кажам најмногу ми се пуши кога пијам кафе или после јадење а исто и со алкохол...:toe:
 
Не пиј кафе (мислам не многу), не пиј премногу алкохол и потуди се да ги оставаш. Јас не пијам речиси ич алкохол, не пушам, а кафе пијам само 2-3 пати месечно. Немам од ништо зависност. Ако се сака се се може.
 
Епа ако се сака се може ама изгледа мене не ми се сака да ги оставам затоа викам дека сум зависен.:toe:
 
Епа ако се сака се може ама изгледа мене не ми се сака да ги оставам затоа викам дека сум зависен.:toe:
Барем ти си ја кажуваш вистината, а некои други сакат да се откажат а уствари не сакат да престанат. И пушат и пушат и утеха им е оти неможат да престанат, и си викат неможам без них. И јас сум пробал, пишав на претходната страна, ама кога нешто ќе кажам Не тогаш стварно тоа Не мора да биде.
 
ја планирам да прекинуам....многу пари се одливаат за срање...:jaj:
 
Само да кажам-2 дена без цигара. За пушач кој во последните 3 години не поминал ден без една до кутија ипол, ова е достигнување на милениумот. На моменти се чувствува криза, ама нема теорија да потпаднам. Заврши за мене цигарската кариера.
 
Абе и јас планирав ноќеска да ми биде последната кутија цигари. И се онака си пушев и се поздравувам со секој дим и секое тресење на цигарата и среча у несреча. У она гужвине најде некој полна кутија цигари и мене ми ги даде. А ја како циција и со тоа и не сакам да фрлам работи кои можам да ги користам си го одложив опростувањето со моите никотински другари. Ај следен пут коа ке се решам.
 
Абе, јас ги баталувам, ама тие пак се наоѓаат некако кај мене на маса. :nesum:
 
Не сакам да сакам да ги откажам.
Незнам како оди тоа.
Знам дека дробовите ми имаат сличност на обоеност со Шака Зулу,ама нема теорија поради тоа да баталувам.
Освен тоа,не сте ми баш херои вие кои јавно ги откажувате,за по 5 страни пак да декларирате јавно дека ги откажувате.Авторот барем е паметен,ја отворил темата,издржал некое време,димнал одново и сфатил дека згрешил. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom