Време е и јас да ви покажам дел од мојот нов стан,доволно беше криење во тајност.
Иако сеуште не е готов (уште една спална и веце да се досредат,како и ситни детали низ сите соби),сепак за рекордно време од 4 месеци,успеавме да го добиеме ова што ќе го видите на сликите.
Значи,одиме по ред...
Ова е ходникот,со вградени лизгачки плакари и додатни полици,бидејќи имаше столб горе,оневозможувајќи да продолжат и понатаму лизгачките.
Долниот дел од нив,примарно беше т.н. месо боја,но од контрастот на плочките излезе розево дреч,па ја сменивме со уште едно огледало.
Детската соба,со многу многу розеви детали и цветови,како и ѕвездено небо.
1.Мојот гњаваторски плакар за филмови,кои успеаа да го утнат,па морав сам да ги разместувам полиците.
2.Исто така,комода специјално за системот направена по димензии,како и странични полици за сараундот од DVD-то.
3.Како и обидот да се разбие сивата плакарска монотонија со некои полици,вие проценете дали успеало...
4.Некои од деталите,to make me feel at home.
Поглед кон трпезаријата
Кујната,заедно со сите детали...
Шанкот и трпезаријата
Моите дијаманти :wub:
Дневната и полиците одстрана (фалат двоседот и фотелјата,исти како троседот,на тапацирање се)
Засега,освен големата спална,следново е најнесредениот дел,сеуште не е стигната комодата...Поради естетски причини,големите предни звучниците,беа сменети со малите на сликата.
Среќа се изборив вуферот да седи,тоа црно,црно моќно мое куќиште
За крај,поглед од балкон десно и лево (на втората слика,се гледа зградата на Земзела,мојот ново пронајден комшија
)
Непокажани делови
1.Шпајз (досадно и натрупано)
2.Малото и големото веце (тотално несредени,ќе направат апдејт за...хм,3 месеци)
3.Големата спална,сите работи се фрлени таму.