Скутерчиња: Се за и околу нив

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Нема врска тоа на и на 2 тактните и на 4 тактните ставаш само бензин , на 2 тактните ставаш двотактол у посебен резервоар и после тоа само си го меша оно а кај 4 тактните не ставаш двотактол туку обично уље.
Види вака, за работата на моторите можам да ти напишам елаборат од 4 страни. Најпрост начин е да кажиш дали ставаш двотактол или не.

Кај 4 тактните менуваш масло на одреден број километри и колку испушташ толку ставаш (да речиме 1 литар на 3000 изминати километри). А кај 2 тактните само додаваш во резерварчето и доаѓа дека 1 литар ке го согори на 1000 изминати километри.
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Затоа што се појавија некои недоразбирања во врска со 2 и 4 тактните машини ќе пробам да објаснам и покрај тоа што немам некое искуство со мотори. Поправете ме слободно ако некаде грешам...

2 тактните машини користат мешавина од бензин и посебно улје познато како двотактол. Кај овие мотори нема улје во машината па подмачкувањето го врши двотактолот од горивната смеса и имаме експлозија на секој такт (или период). Неретко на постарите машини ставаат и моторно САЕ 30 улје и покрај тоа што има отприлика иста цена. Ова не го препорачувам затоа што влијае на векот на машината и секако перформансите. Тоа што кај поновите скутери се става одделно бензин и улје не ги прави поразлични туку на некој начин сами си ја прават мешавината пред да ја согорат. Исто и кај овие мотори се користи двотактол, јасно поквалитетен а со тоа и поскап...

4 тактните машините работат на ист принцип како кај автомобилите. Користат само бензин, а улјето кое се менува е на ист начин како кај колите - моторно (не се меша со бензинот), со таа разлика што и тука треба да се бара улје за 4 тактни мотоцикли поради посебните својства и спецификации. Исто не се препорачува моторно улје за автомобили...

Тоа е отприлика јас што можам да го објаснам, верувам некои работи ви се појасни.

Едит: Ете Џиш ептен кратко ви објаснал.
 

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Можам да кажам за оние кои имаат двотактични машини исклучиво Ајпон уље да стават:toe:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Можам да кажам за оние кои имаат двотактични машини исклучиво Ајпон уље да стават:toe:
Производители на масло имаш еден тон. Почнувајки од Приста, па се до Репсол, Тотал, Кастрол...

Кое ке го ставаш зависи каков мотор возиш и колку пари ти се даваат. Приста е 130 денари за литар, а има кастрол синтетички двотактол кој го користат за подмачкување на керамички клипови (кои се користат во мотокрос и се високотуражни, но затоа се менуваат по секоја трка :toe:) па надминува 1500 денари по литар.
 

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Производители на масло имаш еден тон. Почнувајки од Приста, па се до Репсол, Тотал, Кастрол...

Кое ке го ставаш зависи каков мотор возиш и колку пари ти се даваат. Приста е 130 денари за литар, а има кастрол синтетички двотактол кој го користат за подмачкување на керамички клипови (кои се користат во мотокрос и се високотуражни, но затоа се менуваат по секоја трка :toe:) па надминува 1500 денари по литар.
Баш пред некој ден бев со братучет ми на сервис тој механичарот рече дека за кинеските 2 тактични најдобро уље били Ајпон(IPONE):toe:
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
IPONE е доста скапо уље, зборам за тоа 100% синтетичко 800денари литро, јас земам елф 100% синтетичко 500 денари, задоволен сум
 
S

StormRage

Гостин
абе и Репсолот е скап ама... и јбг колку пари толку музика
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
абе и Репсолот е скап ама... и јбг колку пари толку музика
Репсолот полусинтетика беше 360 денари литро, прилично евтино е тоа....
А доста скапо уље е она Agip што е препорачано за априлија/пијаџо, тоа беше околу 1000 денари литро
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
816
Поени од реакции
22
Вака сега... прво немој да го пукаш до даска, во никој случај. Ако сакаш да те служи немој да го малтретираш не се тркачки мотори овие. Ке оди и повеќе од тоа, некаде 55-65 само откако ке легнат деловите.

За тоа дали е 2 тактно или 4 тактно, јас те прашувам каков бензин троши и дали прави мешавина? Ако ставаш мешавина (бензин + масло двотактол) е 2 тактно, ако ставаш само бензин е 4 тактно.

Регистрација за чудово сосе сообраќајна и табличка е околу 2.500-3000 денари.

Исто толку би ти било и да ја земеш М категорија доколку имаш помеѓу 14 и 18 години. Ако имаш Б категорија со неа се управува ова моторче.

толку од мене.

На моторов треба да ставам само бензин,и на 300км требало да го однесам на првиот сервис.15 години имам.Е сеа возам 35-40км/ч.Мислам дека тоа не е многу, и не го оптеретувам.. :)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
На моторов треба да ставам само бензин,и на 300км требало да го однесам на првиот сервис.15 години имам.Е сеа возам 35-40км/ч.Мислам дека тоа не е многу, и не го оптеретувам.. :)
Значи 4 тактен е. Инаку 35-40 засега е одлично, откога ке го помине сервисот, ке можеш да го возиш и повеќе. Е сега гледај само во екстремни ситуации да ја држеш гаста стисната до даска. Претежно веспите се возат на 60-70% од максимумот. Така да ако може да оди максимално 70, без проблем можеш да го возиш 55-60.
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
816
Поени од реакции
22
Значи 4 тактен е. Инаку 35-40 засега е одлично, откога ке го помине сервисот, ке можеш да го возиш и повеќе. Е сега гледај само во екстремни ситуации да ја држеш гаста стисната до даска. Претежно веспите се возат на 60-70% од максимумот. Така да ако може да оди максимално 70, без проблем можеш да го возиш 55-60.
Фала многу,за советите :)
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Еј дечки ај ако сака некој да објасни водено ладење на моторчето, дали е толку потребно?
 
Член од
27 јануари 2008
Мислења
1.611
Поени од реакции
85
Секако дека е потребно, посебно во лето, завратисе неколку страни наназад па можеш и од почеток да бараш, имаше опишано се за воденото ладење...:smir:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Еј дечки ај ако сака некој да објасни водено ладење на моторчето, дали е толку потребно?
А шо те интересира толку? Ако мислиш дека оние со воздушно ладење се послаби се лажеш. Горе-долу квалитетот на машините е ист, разликата водено/воздушно ладење се осеќа во екстремни ситуации како возење мотокрос, полна гас со мала брзина по нагорнини па моторот се оптеретува а нема доволно проток на воздух да го лади. Затоа воденото ладење е подобро, бидејки на ладилникот за вода може да се вметне перка која додатно ке ја лади водата (а на воздушно ладените им се вметнува перка која додава воздух низ решетките на цилиндарот).

Ако не си екстремен мотоциклист, немај гајле не ти менува многу.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
А шо те интересира толку? Ако мислиш дека оние со воздушно ладење се послаби се лажеш. Горе-долу квалитетот на машините е ист, разликата водено/воздушно ладење се осеќа во екстремни ситуации како возење мотокрос, полна гас со мала брзина по нагорнини па моторот се оптеретува а нема доволно проток на воздух да го лади. Затоа воденото ладење е подобро, бидејки на ладилникот за вода може да се вметне перка која додатно ке ја лади водата (а на воздушно ладените им се вметнува перка која додава воздух низ решетките на цилиндарот).

Ако не си екстремен мотоциклист, немај гајле не ти менува многу.

Абе за низ град скутерче затоа прашував дека со водено ладење истиот е поскап за скоро 250 евра!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom