1. Како може да се очекува битка со 10.000 орки, кога Војната за Прстенот сеуште не е започната??? Ни Саурон ни Саруман немаат собрано војски (не сум сигурен ни дали во тоа време веќе се случува предавството од страна на Саруман), тие Орки во Born of Hope се само некои банди на северот на Средната Земја. А и Дунедаините ги нема многу, мислам дека се неколку стотини максимум.
2. Кај бараш тврдини, замоци...? Не се одвива дејствието во Гондор или Рохан, туку во шума, каде што живеат преостанатите Дунедаини.
3. Born of Hope не може и не смее да се споредува со Lord of the Rings. Тоа е fan-made филм кој е сниман со буџет од 25 илјади фунти, за разлика од LotR, кој има буџет од 90 и кусур милиони од филм или вкуно 285 милиони за цела трилогија.
Се ова што си напишал, одприлика, може да се земе како точно.
Но можеме и да појасниме:
Под 1.:
Дали Орците се организирана сила во времето на дејствијата од Born of Hope?
Па сигурно не се, како кога зад нив отворено стои моќен организатор, но:
Тоа е времето кон крајот на третиот милениум од Третото Доба.
Некоj век пред почетокот на четвртиот милениум.
На пример, Гилраена е родена 2907г., а син и (Арагорн) во 2931 (што е точно десет години пред Билбо да го најде Прстенот).
Во тоа време, од настаните кои би можеле нешто да ни кажат за моќта на Орците, Толкин известува за*:
- Војната помеѓу Орците и Џуџињата, која почнува 2793, а завршува со големата битка кај Нандухирион 2799....
- Орците континуирано го напаѓаат Рохан 2800-2861, кога и го убиваат роханскиот крал.
- 2901 Орците-Јуруци од Мордор го заземаат Итилиен.
Нема никаде, колку што знам, податоци за бројноста на орчките сили од овие настани, но од остатокот од информациите можеме да заклучиме дека не постојат само обични банди, туку поголеми организирани** единици. Тие си имаат и свои кралеви, (како што може да се види во Хобит, 2941 г.)
Тоа е време кога тие владеат со Морија, која ја преземаа од Џуџињата (по што овие поведоа осветничка војна), а ги има и во Мордор, но и во Дол Гудур.
Дали во тоа време Саруман е веќе отиден од бел накај шарен?
Да, затоа што на Белиот Совет 2851г. одбива напад врз Саурон, кој предходно е разоткриен од Гандалф. Дури подоцна, 2941г., дозволува напад врз Дол Гудур, само затоа што дознава дека Саурон веќе знае каде паднал Изилдур и каде прстенот се раздвоил од него. Ова тој самиот прв го дознава, предходно, но ништо не кажува на Белиот Совет. Исплашен е, Саурон да не дојде пред него до Прстенот, бидејќи неговите слуги веќе почнуваат да ја пребаруваат реката... Тука го бркаат од Дол Гудур и он се враќа во Мордор, повторно и отворено.
Остатокот од Белиот Совет, дури многу подоцна ја дознава двојната игра на Саруман...
*
има во додатоците на ГнП
**
колку што можат да бидат Орците организирани