Lord of the Rings трилогијата + Хобитот

  • Креатор на темата Креатор на темата Morbidnio
  • Време на започнување Време на започнување
Само што го изгледав The Fellowship of the Ring. По не знам кој пат во животов, ама сефте годинава.
(Само се фаљам.)
 
Шон Бин конечно во голема улога. И не случајно пишам во оваа тема.

Боромир е вратен од мртвите.
Сериозно, гледајте го трејлеров за новиот филм во кој главна улога е Шон Бин. Потполно ист налик на Боромир. Гледајте го трејлеров обавезно, јас одвај чекам филмов да излезе на добра снимка.

И највисоко оценетиот коментар за видеото - FOR GONDOR!
:pos2:
 
Моментот "For Frodo!!!", секое гледање ми прави чилс. Мислам дека филмов заедно со уште неколку легендарни, никогаш нема да престанам да го гледам.
 
Моментот "For Frodo!!!", секое гледање ми прави чилс. Мислам дека филмов заедно со уште неколку легендарни, никогаш нема да престанам да го гледам.

Остај то, секогаш кога и да гледам видеа од филмов на јутуб на "Rohirim Charge" и говорон на Тиоден солзи ми навирет на очи. :)
Ride now, Ride, for Ruins and Worlds Ending ! ! ! Death ! ! ! Death ! ! !
Гледам пред некој ден видеа од филмов и си мислам да имаше некој метод да бришет дел од меморијата во мозокот, филмов да ми го избришет да можам пак прв пат да го гледам. Досега секој дел 10тина пати го имам гледано, секој пат е јако, ама како првиот пат никогаш нема да бидит. :)
 
Шон Бин конечно во голема улога. И не случајно пишам во оваа тема.

Боромир е вратен од мртвите.
Сериозно, гледајте го трејлеров за новиот филм во кој главна улога е Шон Бин. Потполно ист налик на Боромир. Гледајте го трејлеров обавезно, јас одвај чекам филмов да излезе на добра снимка.

И највисоко оценетиот коментар за видеото - FOR GONDOR!
:pos2:
Не знам колку е нов филмов, али ја го глеав пред едно пола година. Не е лош. Малку потсеќа на Village и The Wicker Man.

--- надополнето ---

Остај то, секогаш кога и да гледам видеа од филмов на јутуб на "Rohirim Charge" и говорон на Тиоден солзи ми навирет на очи. :)
Ride now, Ride, for Ruins and Worlds Ending ! ! ! Death ! ! ! Death ! ! !
Гледам пред некој ден видеа од филмов и си мислам да имаше некој метод да бришет дел од меморијата во мозокот, филмов да ми го избришет да можам пак прв пат да го гледам. Досега секој дел 10тина пати го имам гледано, секој пат е јако, ама како првиот пат никогаш нема да бидит. :)
Ако толку пати си го гледал, се надевам си ги гледал и продолжените верзии.
 
Не знам колку е нов филмов, али ја го глеав пред едно пола година. Не е лош. Малку потсеќа на Village и The Wicker Man.
Стварно, сега гледам. Реализација 11 јуни. Мислев дека е нов затоа што на насловна на имдб го имаше пред три дена, па сум се помешал. Ќе го гледам обавезно. А инаку, надвор од темава, си го гледал Pan's Labyrinth? На Гилермо дел Торо?
 
Де бре, ја мислам дека барем 80% од луѓево што доаѓаат на ваков подфорум го имаат гледано.

--- надополнето ---

Немаше да згрешат ако го ставеа режисер на Хобит, но вака е подобро, ако сакаме некаков континуитет (со LOTR) во уметничкиот израз, стил.
 
Не знам колку е нов филмов, али ја го глеав пред едно пола година. Не е лош. Малку потсеќа на Village и The Wicker Man.

--- надополнето ---

Ако толку пати си го гледал, се надевам си ги гледал и продолжените верзии.

Да, да јасно дека во продолжени...
 
дечки едно прашање, сега се збунив кога ги читав книгите хобитот и ЛОТР, во хобитот во битката на петте армии се борат против гоблини, а во лотр се спомнуваат орки наместо гоблини, како е правилно ?? орка или гоблин ?
 
Ова многу зависи и од тоа која верзија ја имаш од книгите. Во мојата (српска) верзија на Хобит, орците се наречени бауци.
Но не е битно. Јас ќе ти одговорам од аспект на оригиналните изданија и терминологијата која се користи во нив.

Во толкиновиот универзум гоблини е речиси синоним за орци.
Се водат дискусии кај (да ги наречам) толкинистите, за тоа колку гоблините се блиски до орците. Но никој не се сомнева дека станува збор за една иста раса.

Гоблини во Силмарилион никаде не се споменуваат, во Хобит се споменуваат селективно, а во Господарот на Прстените се споменуваат повремено и неселективно.
Значи во ГнП кога се споменува гоблини, значењето им е исто како и орци. Додека пак, во еден дијалог во Хобит, помеѓу Билбо и Гандалф се вели: "планините се полни со goblins, hobgoblins and orcs of the worst kind..." Па гледаме дека тука авторот прави некаква дистинкција помеѓу орци и гоблини.

Според остатокот од местата каде се споменуваат гоблини, во сите негови дела, заклучокот е, дека тоа претставува, во суштина една те иста раса, со варијации. Но, некаде некои ликови, тие варијации не ги потенцираат, туку го употребуваат и едното и другото име за сите претставници на таа раса.

Значи според се, грубо земено со името гоблини се нарекуваат помали орци, кои најчесто живеат по планини и пештери. Hobgoblins се речиси исти по големина како орците. Додека делот од таа раса кој е најбројен и со најголеми димензии е најчесто нарекуван орци.
Но пак ќе кажам, тоа повеќе зависи од личната перцепција на оној кој ги именува. Можеби некој Гондорец, да речеме, сите ги вика орци, додека некој шумар на пример, прави дистинкција во подрасите.
Самите тие, со нивниот варварски сиромашен јазик, пак, немаат вакви селекции во именувањето на сопствениот род. Единствените селекции кои самите тие ги прават во сопственото именување, се од аспект на припадност на племе или од аспект на господарот на кој му служат.

Во овој муабет не влегуваат производите на експерименти како Урук-Хаи-те.
 
ОФ топик: ко бев мал не можеше никој да ме убедит дека Леголас е машко, јас го мислев женско и точка:)
он топик: филмов значит замена немат, го имам 1000 пати гледано и не ми е досаден. Посебно најјака сцена ми е The Battle For Pelennor Fields парче ко ке се напрает:smir:
 
Триологијата која за кратко време ги наполни кино салите и стана носител на овој жанр на филмови и се разбира доби голем број на награди меѓу кои за најдобар филм, графичка обработка, ефекти па и музиката од легендарниот Леонард Розенман.

Се разбира и во филмовите направени по исто така успешните книги на Толкен, приказната се сведува на една главна цел " уништување на прстенот ".
 
BearGryllsMordor-1.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom