Mädchen
Smile
- Член од
- 31 мај 2006
- Мислења
- 1.571
- Поени од реакции
- 38
- Возраст
- 40
Ех, очигледно не си бил на добро место.Баш има забава таму.Imas pravo .. Jas sum bil na primer vo Germanija i idev u eden kafic .. Sto da vidis mislis nekoj zaginal ( umrel ) glupa rabota ..![]()
Јас можам да кажам за Штутгарт пошто таму живеев.Во една голема дискотека има 3 помали диска.Едното е најголемо,за хип-хоп и ар ен би музика,другото за техно и во третото има латино музика.А има и еден ресторан.Плаќаш влез 10 евра и можиш слободно да шеташ во кое диско сакаш,малку во едното малку во другото.
А најмногу шо ми падна во очи е то дека по диската луѓето одат облечени поопуштено.За хип-хоп забавите скоро сите се во патичиња,фармерки и некое штосно маиче.Да ти е срам по штикли да одиш.Мислам така е и правилно,таму се оди да се игра а не да се качиш на штикли од 15см и само да дремиш,да не можиш да мрдаш.
Луѓето се опуштени,одма ти приоѓаат да се запознаат со тебе или онака само да поиграте.
Вратарите се сите во костуми,ти се обраќаат на Вие.Ако некој сака 100 % да влези,нема ко кај нас,ај другар ми си и сл. па туркај ги другите,туку плаќаш 50 евра месечно и те ставаат на список,па влезот цел месец,секој ден ти е загарантиран.
Обично,еднаш месечно,на врата на женските(ако е мин.3) им даваат едно шише шампајн гратис.
И не си ја плаќаш пијачката одма,туку кога ќе влезиш ти даваат една картича и цела вечер на неа ти удира цена на пијачката и на крај,кога ќе излегваш плаќаш се и влез и пијачки заедно.