Како мажите глумат оргазам
Секогаш кога се зборува за глумење оргазам, нешто прво што паѓа на памет е зборот - жена. За разочарување на многумина, жените не се единствените добри актери. Мажите заслужуваат оскар, бидејќи дури 23 отсто одговориле дека барем еднаш во својот живот одглумиле оргазам.
Причини за глума
Кога жената глуми оргазам, најчесто е поради тоа дека не е возбудена и дека партнерот не може да ја задоволи, а не сака да го повреди неговото его. Дел од мажите ги посочуваат истите причини за (не)потребната глума, иако реално гледано, доколку мажот не кулминира би била многу повеќе повредена женската самодовреба, отколку во обратна ситуација. Ова произлегува од тврдењето дека мажите секогаш и на се можат да доживеат оргазам. Понекогаш добрата глума одлично поминува како вистина.
За разлика од повеќето жени кои се способни за повеќекратни оргазми, енергијата кај мажите побргу се троши, и „големите момци“ се веќе преморени после второто достигнување на кулминацијата. Па така ако т.н. Казанова веќе имал секс дента, многу повеќе ќе треба да се потруди за да задоволи некоја жена по третпат. Истото важи и доколку мастурбирал претходно, како и ако е премногу возбуден или премногу пијан.
Кондомот ве крие
Основен императив за „добрите глумци“ е да имаат ставено кондом. Лажниот оргазам може да се изведе и без него, но така е премногу комплицирано. Сфатете го кондомот како уште еден бенефит за да се заштитите.
Не претерувајте со реакциите
Претераните реакции, интензивни допири, звуци и крици лесно може да ве издадат. Мора да дадете се од себе за лажниот оргазам да личи што повеќе на вистинскиот. Не претерувајте со гласни крици, постојани воздивнувања, чудни изрази на лицето. Трудете се да бидете природни, колку што е можно.
Најдобро е од позади
Лице в лице позата не е воопшто соодветна ако ги тестирате своите способности за глума. Секој прави различна гримаса кога доживува оргазам, а бидете свесни дека вие никогаш не сте си го виделе вашето лице додека кулминирате (освен ако не сте имале секс пред огледало). Ако девојката што ја мамите била со вас и претходно, веднаш ќе познае дали оргазмот е вистински. Затоа најдобро, свртете ја и уживајте во doggie style. На крај можеби оргазмот ќе дојде сам по себе.
Брзо извадете го кондомот
Брзо извадете го кондомот штом ќе „завршите работа“ како што тоа обично бидува. Свиткајте го во марамче за да не се види дали е полн и право во ѓубре. Сигурно вашта партнерка нема да изигрува полициски инспектор и да копа по корпата за отпадоци.
Не глумете премногу во тоа што следи
Се што правите после оргазам е се што треба да правите и после лажниот оргазам. Ако обично се свртувате на страна и заспивате, направете го тоа. Ако после тоа се гушкате, гушкајте се и сега. Нека се изгледа колку толку природно. Потрудете се да си го доловите чувството на оргазам во мислите и така однесувајте се кон партнерката.
Земете ги советите со резерва
Процесот на глумење оргазам треба да се искористи само во екстремни ситуации за да не се повреди партнерката. Советите иако можеби „не држат вода“, може да бидат многу корисни тогаш кога сексот не ви е најважната работа на светот. Затоа најдобро, ако не сте подготвени за совршена глума, одложете ги интимностите за подоцна. Кога ќе бидете тип-топ, во совршена форма, ќе се наградите со одличен секс и незаборавен оргазам.
Ајде мажиња
сте имале ли некогаш потреба да одглумите вие оргазам или пак дали некогаш не сте можеле да свршите ИЛИ ПАК не ви се дигнал?
Да се разбереме не пукаме сеир (фала Богу и јас многу пати не сум можела да свршам нормално е...ама кај вас дека се очекува затоа е поинтересно )
Сите искуства и размислувања на оваа тема повелете тука :smir: