Пред се честитки за Барселона. Реално , го имаат еден од најјаките тимови во Шпанска Примера, во историјата (споредуван со тимот на Реал од 60-тите кога палеа и жареа по Европа) , а и глобално.
По денешниов натпревар се виде дека не само Реал , туку било која екипа во Европа ако се осуди да игра "фајтерски"(гради во гради) фудбал против нив , гадно ќе се заебе.
Иако сум сеуште 100% позади Хуанде , мислам дека денес и тој лично малку потфрли на тактички план. Ако играме на бодови , играј на бодови. Сочекај ги со понабиен среден ред и одбрана. А, иако на сите до негде ни беше јасно дека моментално со Барса тешко ќе се излезе на крај, ако играме ФУДБАЛ со цел да постигнеме повеќе голови од нив, некако потајно и Хуанде се надеваше на успех со таква игра.
Мислам , дај ... играш против везен ред Чави-Иниеста , кои мање више им ја градеа играта на Шпанска репрезентација минатото лето до освојување на трофејот, со цел да ги надиграме?
Не , не. Вчера ние можевме да победиме само ако Реал ја играше играта што впрочем не е многу атрактивна , но со мали исклучоци , тимот ја игра цела оваа полусезона. Доста густо позади , и со контри преку Робен , Гонзало (па може и Марсело) да се обиде да стигне до гол-два , ама без да се прими. Е сега некој ќе рече , па тоа не е Реал Мадрид?!, или зар дома така ќе играме?! И ќе е во право. Но целта ги оправдува средствата , и во вакви услови , со вакви играчи и толкава листа на повредени , тоа беше единстевниот можен пат за успех.
Кон катастрофалниот пораз сигурно придонесе и можеби најблескавото изданије на Барселона сезонава , како и трагично лошиот, пред се, СРЕДЕН РЕД а после и одбраната.
Се надевам само дека Хуанде ќе остане и наредната сезона. Би сакал да го видам каков тим ќе направи со несомнено големите финансии што ќе ги има на располагање летово. Бидејќи вака , се виде дека е и повеќе од одличен менаџер кога станува збор за натпревари против средно-јаките екипи од Шпанска Примера, но од друга страна покажа голема слабост против Европскиот крем (Ливерпул,Барселона).