LOST

Дали ви се допадна крајот на серијата?

  • Вкупно гласачи
    290
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Само што го догледав финалето и останав без зборови! Толку бев напнат додека го гледав.. Иначе од цела епизода не ми беше јасно само едно нешто:

Та женската шо го носеше Лок во ковчегот, ко влезе во куќата и ко го најде платното на ѕидот на кое беше насликана статуата зашо направи такви изрази на лицето? И што уствари бараше во куќата?
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Прекинав да гледам од 4-та сезона.И сега ништо не ми е јасно.Ај ако може у 5-6 реченици да ми објасните шо се случувало?
 
D

drle

Гостин
Дали го забележавте насловот на книгата што ја читаше Џакоб додека Лок паѓаше од зградата?
Можеби во таа книга лежат некои одговори за тоа што ќе се случува понатаму, или тоа е заебанција од продуцентите за да се развиваат повеќе теории, а со тоа да не ја заборавиме серијава до наредната година.
Иначе ова е книгата што ја чита Џакоб Еverything Тhat Rises Must Converge.
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
А важна е и книгата Mysteries Of The Ancient Americas која се гледа во сцената со флешбекот на Џулиет кога и соопштуваат нејзините дека се разведуваат.
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Ne zezaj, ima da go puca vo 6ta sezona :violent1: :violent1:

Него, мислам дека забегани сте со теориите во погрешен правец.
Гледајќи ја епизодава, сфатив дека во Lost нема никој лош/негативец.
Дури ни Бен не е тоа што е од чиста мира.
Прво мислевме дека Сајид е негативец, па испадна не.
Па за Еко, за Лок едно време...

Сега меѓу поновиве за Ричард, па дури и за Џејкоб.
Дури и за Видмор.

На крај ќе искочи дека сите се добри, а ќе има лоши вонземјани.

Друга работа, Џејкоб не ја смени судбината, тој ја направи.

Лок беше мртов, а Џејкоб со допир го оживеа.
Сојер немаше да го допише писмото, но Џејкоб му даде пенкало.
Саид ќе умреше, но Џејкоб го викна и спаси.
Кејт, ако и викнеа полиција и кажеа на мајка и, ќе беше во куќен притвор цел живот.Немаше да и текне да прави глупости...но, Џејкоб и помогна, да ја оствари "судбината".

Џек...ќе умреше, но за среќа Џејкоб му даде чоколадо.
Болдираново и јас сега сакав да го пишам. :pipi:

Само што мислам дека тој не го спаси Саид, туку ја уби Надја за да може Саид биде убеден да се врати во островот. Друго, гитарата мислам дека му припаѓа на Чарли (можно е да го видиме, а можно е само Хјуго да го види). Трето, кој е смоук манстер? Првин ме мавна на тој ’’другарот’’ на Џејкоб од првите сцени на епизодата, ама ако тој е смоуки, што бараше Лок жив? А нели го гледаме Лок мртов на крајот. И кој се лугево што се претставуваат како добрите и што ги прашуваат сите тоа глупо прашање, на кое само Ричард го знаеше одговорот, дури и тој не знаеше кој се тие. Четврто, Џејкоб the mоtherfucker, кој успеа Лок да го врати од мртвите (кога падна таму) кој е способен да прави триста чуда (дури и чоколатчето од машината го извади:vozbud:), ке му седи на Бен да го убие, и тоа со нож? (не знам за вас, ама ова ми е најглупата работа досега). Петто, гласот кај колибата кога прв пат отидоа Лок и Бен, и кога ’’Џејкоб’’ му рече на Лок ’’save me’’...освен што не беше ист, ама Сејв Ми? Сејв ју фром ху?

Значи вака, Рикардос, му вика на Лок имам видено работи на овој остров кои не можам да ги опишам со зборови, но немам видено некој да се врати од мртвите... Рикардос е глуп, оти еднаш Лок беше вратен од мртвите, од страна на Џејкоб, кој ни гарантира дека нема да ни покажат флешбек, од хотелската соба, каде што оди Џејкоб да го оживее пак. Друга работа, дали навистина Џек го гледаше својот татко, или тоа беше Џејкоб? И дали некој ја сфате финтата со чоколадото? Јас само приметив дека беше исто чоколадце, ко тие на Дарма in the hatch...

Едит: На крајот ке испадне дека Џек, Сојер и компанија заедно со Докторот (таткото на Мајлс) ги снимале видеата за ориентација :)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.650
Поени од реакции
59.615
Четврто, Џејкоб the mоtherfucker, кој успеа Лок да го врати од мртвите (кога падна таму) кој е способен да прави триста чуда (дури и чоколатчето од машината го извади:vozbud:), ке му седи на Бен да го убие, и тоа со нож? (не знам за вас, ама ова ми е најглупата работа досега). Петто, гласот кај колибата кога прв пат отидоа Лок и Бен, и кога ’’Џејкоб’’ му рече на Лок ’’save me’’...освен што не беше ист, ама Сејв Ми? Сејв ју фром ху?
Значи вака, Рикардос, му вика на Лок имам видено работи на овој остров кои не можам да ги опишам со зборови, но немам видено некој да се врати од мртвите... Рикардос е глуп, оти еднаш Лок беше вратен од мртвите, од страна на Џејкоб, кој ни гарантира дека нема да ни покажат флешбек, од хотелската соба, каде што оди Џејкоб да го оживее пак. Друга работа, дали навистина Џек го гледаше својот татко, или тоа беше Џејкоб? И дали некој ја сфате финтата со чоколадото? Јас само приметив дека беше исто чоколадце, ко тие на Дарма in the hatch...

Едит: На крајот ке испадне дека Џек, Сојер и компанија заедно со Докторот (таткото на Мајлс) ги снимале видеата за ориентација :)
Стварно и мене не ми се веруваше што Бен онака без везе го уби Џејкоб. Кога сме кај тоа „Лок“ или кој и да е можеше да му даде пиштол, пушка... а не тоа камата па што биде нека биде...

Енивеј, од она што ми иде во глава, е дека Џејкоб ги собираше Изгубенине да дојдат на островот со некоја цел, која може да биде и ресетирање на се па и на неговата смрт... колку и глупо да звучи.

Настрана од тоа, оној типот во телото на Лок е веројатно истиот во телото на татко му на Џек и на Кејт, и истиот што викаше Save me во кабината... пошто очигледно Џејкоб од поодамна беше преселен во тоа стопалото.

Иначе незнам кој беше што кажа некоја теорија за пепелта со која ги чуваат духовите, ама во право беше: ако забележавте, пред да ја запалат колибата, личноста 1 и рече на особа 2 - внимавај да не згазиш на пепелта...

Како и да е, ако може некој да преземе облик на друг, може да очекуваме и повеќе луѓе да не се истите што беа. Лок не е единствениот што се однесуваше цела сезона како да не е тој...

P.S. Ич не ми се допаѓа што Бен го направија од Mastermind во обично изманипулирано разочарано човече...
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Четврто, Џејкоб the mоtherfucker, кој успеа Лок да го врати од мртвите (кога падна таму) кој е способен да прави триста чуда (дури и чоколатчето од машината го извади:vozbud:), ке му седи на Бен да го убие, и тоа со нож? (не знам за вас, ама ова ми е најглупата работа досега).
И јас мислев дека Џејкоб нема лесно да се даде на Бен онака да го убие, но одкога Бен го уби на Џејкоб јас помислив дека Џејкоб знаеше кога и како ке е убиен т.е. знаеше што му е судено но не насакше да го измени тоа или пак имал некоја добра причина за која што не сакал да живее. А тоа за чоколацето јас мислам дека немаше да му се деси ништо на Џек (да му падне шеќерот) туку тоа беше онака ради реда само да се види дека Џејкоб отишол кај сите Изгубени за да ги собере..
 
Член од
6 март 2007
Мислења
307
Поени од реакции
184

ne be brat za toa bese neli go vide dzek kako bese zolt vo liceto?
 
Член од
1 април 2006
Мислења
273
Поени од реакции
4
Сите Изгубени Што ги посети Jacob во минатото ги допре. Има многу теории за Jacob's Touch на интернет. Може тоа има некаква врска. Пример може одкако експодира бомбата навистина да се случи тоа што Фарадеј рече дека ќе се случи. И авионот навистина ќе слета во ЛА. Ама бидејќи Jacob ги допре на тие неколку души , тие или ќе се сеќаваат на се и ќе пробаат да се вратат , или ќе бидат автоматски вратени. They Are Coming????

Болдираново и јас сега сакав да го пишам. :pipi:Рикардос е глуп, оти еднаш Лок беше вратен од мртвите, од страна на Џејкоб, кој ни гарантира дека нема да ни покажат флешбек, од хотелската соба, каде што оди Џејкоб да го оживее пак. Друга работа, дали навистина Џек го гледаше својот татко, или тоа беше Џејкоб?

Dead is Dead. Никој досега не беше вратен од мртвите. Освен Лок кога падна од зградата но можеби не ни беше мртов. . Лок почина во хотелската соба(Ben го задави) и Jacob сигурно не отиде да го оживее тогаш. Се тоа беше план на тој човекот на почетокот што го видовме. Непријателот на Jacob. Тој веројатно има способност да ја презема формата на мртвите на островот. Пример мислам дека има некои египетски богови за кои се вели дека ја имале таа способност. Планот беше лок да умре. Кој му кажа дека мора да умре? Ричард но само затоа што самиот Лок т.е. непријателот на Jacob тоа му го кажа на Ричард одкако се врати. Многу е забегана целава оваа работа со патување низ времето. Таткото на Џек , исто така непријателот на Џејкоб . Кога Бен и Сун влегоја во старата куќа на Бен таму го сретнаа Кристијан но Лок не влезе со нив . Алекс , ќерката на Бен , повторно тој.Повторно кога ја видовме Алекс пред тоа Лок замина демек да земе јаже за да му помогне на Бен. Не за џабе му се закани на Бен да го следи Лок до последен збор , за овој после да му нареди да го убие на Џејкоб, бидејќи самиот тој не може. Значи сите мртви што сме ги виделе досега како духови се веројатно истиот еден човек преправен во нив. Човекот од почетокот. Сепак ова е само теорија и може да е многу многу погрешна. Ќе се чека до S06 за точно да видиме кој бил точниот план на Џејкоб и на Типацот од Почетокот.
 
Член од
21 јули 2007
Мислења
122
Поени од реакции
2
The Loophole is the way that the Nemesis will able to kill Jacob. The Loophole is that the person to kill Jacob must never have seen Jaccob or has not ever touched Jaob in the past.
 
CIL

Член од
21 август 2008
Мислења
751
Поени од реакции
59
Dead is Dead. Никој досега не беше вратен од мртвите. Освен Лок кога падна од зградата но можеби не ни беше мртов. . Лок почина во хотелската соба(Ben го задави) и Jacob сигурно не отиде да го оживее тогаш. Се тоа беше план на тој човекот на почетокот што го видовме. Непријателот на Jacob. Тој веројатно има способност да ја презема формата на мртвите на островот. Пример мислам дека има некои египетски богови за кои се вели дека ја имале таа способност. Планот беше лок да умре. Кој му кажа дека мора да умре? Ричард но само затоа што самиот Лок т.е. непријателот на Jacob тоа му го кажа на Ричард одкако се врати. Многу е забегана целава оваа работа со патување низ времето. Таткото на Џек , исто така непријателот на Џејкоб . Кога Бен и Сун влегоја во старата куќа на Бен таму го сретнаа Кристијан но Лок не влезе со нив . Алекс , ќерката на Бен , повторно тој.Повторно кога ја видовме Алекс пред тоа Лок замина демек да земе јаже за да му помогне на Бен. Не за џабе му се закани на Бен да го следи Лок до последен збор , за овој после да му нареди да го убие на Џејкоб, бидејќи самиот тој не може. Значи сите мртви што сме ги виделе досега како духови се веројатно истиот еден човек преправен во нив. Човекот од почетокот. Сепак ова е само теорија и може да е многу многу погрешна. Ќе се чека до S06 за точно да видиме кој бил точниот план на Џејкоб и на Типацот од Почетокот.
Нели во еден момент претходнатата сезона мислам дека беше, во еден момент во колибата ги видовме и Татко му на Џек и Клер. Дали непријателот на Џејкоб тогаш би можел одеднаш да биде 2 лица? :nenene::toe:
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.605
Поени од реакции
13.303
Save me рече Anti-Jacob. Истиот ANTI JACOB му рече дека единствен начин да се спаси островот е да се помести. Истиот му рече на Ричард да му речи на Лок дека Лок треба да умри. Истиот беше лидер на Другите. Долго време ги реди сите работи, или повеќето што ги гледаме во серијата, само за да го убие Џејкоб. 6 сезона ќе биди ваљда објаснето се'.

BTW, морам да менам аватар и тајтл. No faith. Just two alien players playing a game. :)
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Од септември повторно гледање на сите епизоди на ЛОСТ(од сезона 1 навака) и спремни да ја дочекаме 6 сезона.:vozbud:
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.605
Поени од реакции
13.303
Нов тајтл адекватен на серијата :pos:
 
Член од
1 април 2006
Мислења
273
Поени од реакции
4
Нели во еден момент претходнатата сезона мислам дека беше, во еден момент во колибата ги видовме и Татко му на Џек и Клер. Дали непријателот на Џејкоб тогаш би можел одеднаш да биде 2 лица? :nenene::toe:
Не се сеќавам баш најдобро на сцената и кој беше во кабината. Но можно е Клер да била Smokie а Кристијан непријателон на Jacob... Ова е глупо ама можно е. Ќе видиме.... Или пак пошто мислам не ги видовме Кристијан и Клер во иста сцена тогаш можно е да го брзо менувал обликот. Ова е уште поглупо.... :toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom