WalterWhiteTheMethKnight
Генијалец
- Член од
- 19 мај 2010
- Мислења
- 407
- Поени од реакции
- 292
:nenene:Не! Неможам да поднесам се да е на друг јазик и да не прозборам македонски! Зависен сум од македонскиот јазик и кирилицата! :wink:
Сеуште не губам надеж дека работите во државава можат да бидат подобри
Баш ме интересира твој конкретен одговор во врска со темата би заминал или не ?Македонче......Гад народ сме нажалост.И Европјаните се гадови и себични луѓе, не се цвеќе за мирисање, но има една работа што ја почитувам кај Европјаните, не се потчинуваат на никого кога станува збор за нивни жители, него ги штитат, и колку и да си ја мрази својата конкуренција (негов сограѓанин) пак, да му дадат да избере помеѓу странец и негов, ќе го избере неговиот.
Кај нас пак, е обратно, кај нас наши те дупат, ќе побараш работа некаде, бараат да си член на нивната партија, па не знам ова, не знам она, па на крај и да ги исполниш нивните критериуми, пак ќе добиеш работа како чистач на шахти и подобро работно место ќе му дадат на оној кој што дедо му на пример бил во балистички редови и се борел против оној твој дедо кој што давал придонес на фронтовите во Втората Светска Војна и во турското, и а му спомнеш кеш на нашиот, шупакот му се шири 300 на саат.Работам од 17 години веќе, и сум работел со секакви и можам слободно да говорам за тоа какво ни е нашето општество денеска и да дадам оценка нормално, како млад човек во државава.Сум работел со секакви, и искрено има од сите страни гадови, ама како нашите нема поголеми гадови.Си ја срамиме и историјата и државата на еден начин, ги срамиме нашите претци кои што биле со многу поинакви погледи и разбирања кон државата, за разлика од денешното Македонче.
И станавме нажалост робови на една фракција, на една шака народ кои не се ни 25% во државава.Наместо они да се наши поданци. Не дека не може паметно да се изигра и да се надитрат, може само што повеќето сме продадени души.
Си ја почитувам историјата, си ги почитувам претците и своите борци, своите јунаци, ама денешното општество што го имаме како такво не го почитувам.
Што значи голема 0 (нула) за нашето денешно општество и за нас, како народ!