Мака ми е.
Мака ми е што сакаа да ме направат демократ а јас сум републиканец.
Мака ми е што сакаа да ме направат нов а јас сум вековно стар.
Мака ми е што сум долен а сакаа да ме направат горен.
Мака ми е што сакаа да ме направат Македонец од Скопје а не сум.
Мака ми е што штедачите губеа и губат а Боро има телевизија (и штедилница).
Мака ми е што некои за трудот земаат бонови а Љубо има телевизија (и штедилница).
Мака ми е што тутунарите уште се мачат а Вели има телевизија (без штедилница).
Мака ми е што одамна е укината инквизицијата.
Мака ми е што Џејмс Блант го слушам минимум по 10 пати дневно на радио а нигде у градов не ми свиреле ни еднаш Ајрон Мејден.
Мака ми е што Гергана, Анелија, Сека Алексич и Гога Секулич се бољи од Благица Павловска, Росана, Бади Бекир и Адријана Алачки. Исто така мака ми е што Каролина не е Северина (барем пред камера).
Мака ми е што Хрчак, Елвис Тврдич, Јоцо Јоцов и Ицо Јоцов ми диктираат сцена во музика.
Мака ми е што ми ги затворија Лејди Блу кецот и двојката а место нив го отворија (се)Ринг.
Мака ми е што 7-мица е на 7 километри од мене.
Мака ми е што не сум властодршник на кафуле во Г-зоната Стара Железничка-Мостот на Скопска Митровица. Мака ми е што не го држам Бордел.
Мака ми е што немам овци, а кај ги немам па и не ми ги бомбардираа(т).
Мака ми е што место да ме грее сонце, ме дува вентилатор.
Мака ми е што Прчко и Зденко Малеумовски се прават експерти и патриоти.
Мака ми е што сакам да влезам во Ната ама Ната ќе ми даде само Нето место Бруто.
Мака ми е што пра-пра дедо ми немал бунар во Бунарџик.
Мака ми е што од дестинација Ибица можам само половна од 93-та.
А најмногу ми е мака кога случајно на МРТВ ќе убацат стар спот од Ластовица. Влатко и Роби во (со) Хавајки, коктел со кокосов орев и масажа.
Ќути жити се....