Playstation 3

  • Креатор на темата A__
  • Време на започнување

TheTimi

Veni Vidi Vici
Член од
11 јануари 2010
Мислења
768
Поени од реакции
37
Moжда може, не сум заинтересиран во JB па не знам точно да ти одговорам.
 

T81

The Chosen One
Член од
15 ноември 2009
Мислења
229
Поени од реакции
6
не е ни битно јас сигурно ја зимам блек опс па ќе млатиме, едвај чекам и килзон 3 да излезе
 

TheTimi

Veni Vidi Vici
Член од
11 јануари 2010
Мислења
768
Поени од реакции
37
FINALLY некој што има ист вкус на игри како мене :) Килзоне3 да и јас ја чекам, ама и Crysis2 и Ghost Recon: Future Soldire се must buy на мојата листа на игри.

--- надополнето ---

A чекај, имаш купено ПС3 ?
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.384
Поени од реакции
1.985
што ве предомисли што останавте со НЕхакнати конзоли?
Не ја хакнувам бидејќи нема да можам да одам онлајн подоцна.
Истата причина е и кај мене.Џабе ми е играта ако не можам онлајн да ја играм,брзо ќе ми досади.
 

ErT

Console Dude
Член од
17 ноември 2007
Мислења
2.208
Поени од реакции
265
Ок, ни фалат уште двајца за ГоВ Колекшн, Тими ти што викаш? Или ако имаш некое другарче?
 

T81

The Chosen One
Член од
15 ноември 2009
Мислења
229
Поени од реакции
6
[/COLOR]A чекај, имаш купено ПС3 ?[/QUOTE]

јас имам да, скоро цела година веќе, а инаку килзон ја зимам обавезно кога ќе излезе а занеа и се мислам дали да земам ps move. Не сум го пробал па незнам дали ќе ми одговара играњето со него...
 

TheTimi

Veni Vidi Vici
Член од
11 јануари 2010
Мислења
768
Поени од реакции
37
^Па кој ти е ПСН, да те аднам.
За килзоне почекај, може да има bundle некој заедно со мув.
Ерт извини не можам, му се задолжив на татко ми денес 1000ден за Блек Опс да ја нарача.
 

T81

The Chosen One
Член од
15 ноември 2009
Мислења
229
Поени од реакции
6
^Па кој ти е ПСН, да те аднам.
За килзоне почекај, може да има bundle некој заедно со мув.
Ерт извини не можам, му се задолжив на татко ми денес 1000ден за Блек Опс да ја нарача.
еве ПСН долу, само конзолата ми е оф моментално од интернет не сум ја апдејтувал сеуште чекам, да ја купам блек опс па ќе ве прифанам
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
876
Поени од реакции
462
во скопје оргиналки за компјутер каде има?освен во југотон во гтц и виртиком...
сакам да ја купам новата COD за компјутер....
најверојатно нема да може онлајн со пиратска да се игра...
и уше нешо ако може да ми каже некој како се движат цените на плејстејш 3 и икс бокс
 

ErT

Console Dude
Член од
17 ноември 2007
Мислења
2.208
Поени од реакции
265
^Па кој ти е ПСН, да те аднам.
За килзоне почекај, може да има bundle некој заедно со мув.
Ерт извини не можам, му се задолжив на татко ми денес 1000ден за Блек Опс да ја нарача.
Хехе нема проблем бе :), ако имаш некое другарче, кажи му :) . Ви нид ту мор.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.114
Поени од реакции
12.697
во скопје оргиналки за компјутер каде има?освен во југотон во гтц и виртиком...
сакам да ја купам новата COD за компјутер....
најверојатно нема да може онлајн со пиратска да се игра...
и уше нешо ако може да ми каже некој како се движат цените на плејстејш 3 и икс бокс
Ни јас не разбирам како е можно да ги има триста и кусур продавници за хардвер, а некои продаваат и оригинален софтвер, исклучиво Windows, Office и по некој антивирус, а сепак да не се продавало оригинални копии од видео игри.
Во НИКО продаваат оригинални копии од видео игри за компјутер, не сум 100% сигурен, но мислам дека продаваат оригинални копии и од по некоја видео игра за PlayStation 3, Xbox 360 и Nintendo Wii, ама ќе повторам, за оригинални копии од видео игри за конзоли не сум 100% сигурен, а за оригинални копии од видео игри за компјутер сум 100% сигурен и ти гарантирам дека продаваат. Ама продаваат исклучиво постари видео игри, а под тоа се подразбира видео игри кои излегле во продажба пред повеќе од 1 година. По тоа што ми кажаа некои пријатели, НИКО бркаат бизнис така што купуваат постари видео игри кои што никој не ги купил, за да на крајот ги продадат во Македонија по доста ниски и прифатливи цени. А и згора на се, сепак не нарачуваат оригинални копии од видео игри по избор на купувачот, нарачуваат што ќе им текне, а не што јас сакам или што ти сакаш.

А што се однесува до цените на конзолите, во моментов знам само дека Драган од Аеродром http://www.idc.com.mk/ продава Xbox 360 S конзоли, а како мало потсетување, Xbox 360 S е најнова генерација на Xbox 360 конзоли,
со сопствена меморија со капацитет од 4GB = 17.500 ден.
и со сопствен хард диск со капацитет од 250GB = 21.000 ден.

Е сега, дали ги продава хакнати или не, тоа не знам, но дури и ако ги продава нехакнати, сепак може да ти хакне твоја конзола, доколку сакаш, или ако купиш нехакната конзола од кај него, и нејзе може да ја хакне, за што ќе ти ги собере неверојатни
4.600 ден. по конзола.
А за хакнување на постари Xbox 360 конзоли ќе ти ги собере
1.700 ден. по конзола.

Исто така продава и PlayStation 3 Slim конзоли
со сопствен хард диск со капацитет од 120GB = 20.200 ден.
како и USB модови за истиот, кои што посебно се купуваат и дополнително се плаќаат.

Во други продавници, како на пример во Сони Галерија продавниците на ПанЕвропа http://www.panevropa.com.mk/, PlayStation 3 Slim го продаваат
со сопствен хард диск со капацитет од 250GB = 22.990 ден.
во повеќе изданија, така што, кај секое издание разликата е во видео игрите кои доаѓаат со конзолата, но цената на сите тие изданија останува иста, без разлика кое издание ќе го купиш, се додека разликата е само во видео игрите кои доаѓаат со конзолата.
 

T81

The Chosen One
Член од
15 ноември 2009
Мислења
229
Поени од реакции
6
пријател јас сум 100% убеден дека и микрософт и сони се расположени за соработка со нашата држава, е сега друга работа е тоа што официјалните дистрибутери незнаат што се случува на црниот пазар (што се бара), они треба да донесат и да те убедат да купиш. По другите држави врие од реклами, кај нас се рекламира само кисела вода по телевизиите,
второ официјалниот дистрибутер треба да си ги пушти директирите на фирмите да посетат по некое семинарче или некаква конвенција или некаков саем, па тие да знаат што и како се бара. Ај нема фајде...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.114
Поени од реакции
12.697
пријател јас сум 100% убеден дека и микрософт и сони се расположени за соработка со нашата држава, е сега друга работа е тоа што официјалните дистрибутери незнаат што се случува на црниот пазар (што се бара), они треба да донесат и да те убедат да купиш. По другите држави врие од реклами, кај нас се рекламира само кисела вода по телевизиите,
второ официјалниот дистрибутер треба да си ги пушти директирите на фирмите да посетат по некое семинарче или некаква конвенција или некаков саем, па тие да знаат што и како се бара. Ај нема фајде...
А бе, цел свет е расположен да тера бизнис со нас, зошто да не.
Ама ние сме мала и сиромашна држава, со огромна стапка на невработеност и сиромаштија, а со такви тешко се тера бизнис.
А од друга страна, ако утре најдат нафта кај нас (има најразни приказни за нафта во Овчеполието) и преку ноќ станеме една од поважните дестинации за инвестирање во енергетскиот сектор на Балканот,
или ако цел Балкан со исклучок на Македонија го фати суша и преку ноќ станеме ризница на храна за цел Балкан, или станеме инвестициски магнет за било која друга област, ќе видиш и кај нас ќе врие од реклами и за нешто друго, а не само за кисела вода.

Ама мора да се признае дека и кај нас сепак има глад по оригинални копии од видео игри, софтвер, музика, филмови и друго.
Една работа што ме нервира во државава наша е тоа што, ова за правни лица важи, а не за домашни физички лица, мораш да имаш оригинали, или во спротивно ќе плаќаш астрономски казни, а никако да ти каже од каде да купиш оригинали.
Amazon.com ем е прескап, ем освен книги, музика и филмови, ништо друго не испорачува во Македонија.
eBay во најголем дел бара PayPal, а Македонија ја нема на PayPal.

Навистина се чувствуваш како во гето.

Катастрофа !!!
 

ErT

Console Dude
Член од
17 ноември 2007
Мислења
2.208
Поени од реакции
265
Нц нц, цело време се буните скапи игри скапи игри, сега ГоВ колекшн ја најдовме за 370 денари, и никој не сака да ни се приклучи . :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom