Во минатото, факт е дека скоро сите членови на Ф.А. и Ц.П.Б беа воедно и членови на Комити. Поточно, по просто кажано во фудбал сите навиваа за Вардар, т.е. беа членови на Комити, додека во кошарка Комити беа поделени на Ф.А. И Ц.П.Б, односно беа поделени по местото на живвеење, тие што живее од Ѓорче до железничка, навивачи на Работнички, додека населбите по железничка, на чело со Аеродром навивачи на МЗТ.
Денес работите не се баш такви, сега само поединци од Ф.А. И Ц.П.Б може да се видат на трибина со Комити, што не е случај како порано, кога сите беа дел од западот. Но затоа, сега од Скопје се појавија 15 навивачки групи ама нема една асална, со бројка организација итн како што треба да има од град како Скопје со над 700 000 жители. За споредба ќе го спомнам само градот Сплит, кој што е дупло помал од Скопје, а за тоа каква група е Торцида, и бројката на Торцида знаете сами нема потреба да се коментира. Но таму нема маалски групи, нема секоја населба навивачка група како што има кај нас, нема поделби, нема навивачи само во кошарка или разни други случки како кај нас.
Сами сме си криви за се. Заради некои грешки направени во минатото скапо се плаќа денес. И Комити во врска со ова имаат направено катастрофални грешки, да не мислите дека бранам некого.
П.С. Прочитајте го внимателно постов неколку пати, и размислите убаво дали не е вистина се што е напишано. Немам намера за провокација кон никого. Поздрав.