Opeth! <3
Како љубител на покомплицираната музика, со Opeth се сретнав за првпат пред неколку години, и не им обрнав некое посебно внимание. Првото нешто што го слушнав од нив, беше по излегувањето на Watershed во 2008, и тоа по слушањето на Porcelain Heart, се заљубив во нивната музика. Watershed, како албум е еден од моите омилени, поради Burden и Coil. Ghost Reveries, како концептен албум изобилува со премногу мрачни теми, па баш тоа е она што The Grand Conjuration, Harlequin Forest и Ghost of Perdition ги прави посебни, сосема спротивни од посмирениот Damnation. Deliverance, особено Master's Apprentices која се наоѓа на него, го сметам за ремек дело. Blackwater Park, иако многу го почитуваат поради Dirge for November, Bleak и The Drapery Falls, за мене има огромно значење поради Patterns In The Ivy, I&II. Без конкуренција, она што ме потсеќа на Opeth, песна во која се пронаоѓам, masterpiece.
Still Life ми е омилениот албум на Opeth, најмногу поради концептот кој го разработува, невозможната љубов, прикажаноста на приказната која е безвременска, и жртвувањето на љубената Мелинда. Самата Face of Melinda е најнежната, во исто време и најморничавата, најсуровата песна која Opeth ја имаат напишано во текот на нивната кариера.
My Arms, Your Hearse го обожавам, поради Demon of the Fall. Demon of the Fall, со слична тематика како целиот албум Still Life, е прекрасна песна, и кога се работи за текстот и за музиката, една од најдобрите комбинации на Opeth. Моrningrise, како албум, обработува премногу тажни теми, посветен е за смртта на Akerfeldt, како што е и The Night in the Silent Water. За Black Rose Immortal, неможам да најдам зборови за да ја опишам мојата импресија, исто како и за To Bid You Farewell. Orchid како прв албум е прекрасен, дури и нема нешто што би можела да го искоментирам во негативна смисла. Under The Weeping Moon е толку многу инспирирачка, не само дво туку и тросмислена песна.
Се на се, мислам дека првите три албуми им беа најдобри, иако и подоцнежните се со огромнаа вредност. Ми се свиѓа начинот на концепција и поврзаност на настаните. До сега немам сретнато никој што е детално запознаен со творештвото на Opeth а да не му бидат помеѓу омилените.