Тука коментираме книги

  • Креатор на темата Креатор на темата LiquidHeII
  • Време на започнување Време на започнување
Поголеми Југословени од Македонците немало.
8/10 книги на српски. Чудно само како Зборникот на Миладиновци и Сердарот биле популарни во 1984 и зар не се пишувале и читале македонски романи.
*нема.
 
Поголеми Југословени од Македонците немало.
8/10 книги на српски. Чудно само како Зборникот на Миладиновци и Сердарот биле популарни во 1984 и зар не се пишувале и читале македонски романи.
Од кај знаеш дека на српски ги читале? Ај за другите не знам, ама за Илијада прилично сум сигурен дека е со наш превод.
 
Од кај знаеш дека на српски ги читале? Ај за другите не знам, ама за Илијада прилично сум сигурен дека е со наш превод.

Веројатно според издавачките куќи. Само три наслови се од Македонска книга. Другите се Загреб или Белград. Не знам, ама не верувам дека овие издавале на македонски јазик.

Инаку во Приштина - "Камасутра" била повеќе продавана од речникот на Албански. :D
 
Па затоа пишав Илијада сигурно и таа била на македонски. Имам роднина работеше во библиотека, баш ќе ја прашам следно видување.
 
Поголеми Југословени од Македонците немало.
8/10 книги на српски. Чудно само како Зборникот на Миладиновци и Сердарот биле популарни во 1984 и зар не се пишувале и читале македонски романи.
Македонските издавачки куќи толку пари добивале за издавање и тоа се издавале само македонски наслови и автори. Сите светски класици и наслови биле издавани во Загреб и Белград. Од моите дома имам библиотека која брои илјадници наслови купени во 70 ти и 80 ти. 90% се печатени во Загреб на српскохрватски.
 
Па затоа пишав Илијада сигурно и таа била на македонски. Имам роднина работеше во библиотека, баш ќе ја прашам следно видување.
Ок, сум направил превид. Али како што ти рекоа и погоре српски/хрватски издавачки куќи сигурно не печателе на македонски.
 
@FilipMKD007 го прочитав твојот коментар за Марио Пузо, па ме заинтересираа неговите книги. Гледам во Матица се достапни неговите наслови, па ме занима дали има некој редослед за читање и некаква поврзаност или сите се со посебна приказна?
"Кум" опфаќа се што има во филмовите или е сосема различно?
 
Прво околу редоследот. Од тие што ни се преведени (а генерално сите битни и големи дела негови се преведени), јас би одел вака: Кум, Сицилијанецот, па Последниот дон. Постхумано му се издадени и Омерта (Законот на молчењето) и Фамилијата, овие ги немам читано, така да не би можел нешто подетално да ти кажам за нив. Не се нешто поврзани, но така се издадени по редоследот што ти го пишав, и има некои референци пример, во Сицилијанецот се спомнуваат ликовите од Кум во подоцнежни години. Последниот дон е скроз различно, така да таму па асполутно не менува нешто многу кога ја читаш. Чисто да знаеш дека и таму настаните кои се опфатени се случуваат хронолошки после тие од Кум и Сицилијанецот (Фалконе случајот, војната меѓу двете сицилијански фамилии).

Околу филмската адаптација. Филмот Кум 1 одговара на книгата Кум. Кум 2 одговара исто на книгата околу младоста на Вито, плус има филмска адаптација и нова приказна. Кум 3 е целосно нова приказна, неповрзан со книгата.
 
Додека ги читав „Случај на сопствената погибел“ и „Црна мајка земја“, а и сега, кога конечно ја почнав „Циганин, ама најубавиот“ сосема природно ми дојде да изгледам неколку поткасти во кои е гостин Кристијан Новак. По последниот поткаст кој го гледав денес, можам да кажам дека човекот плени со неговата харизма, речитост, сестраност и размислувања за многу теми. Баш е штета што толку ретко објавува книги, зашто е некој кој дефинитивно има што да каже. Навистина голем уметник!
 
Се сеќавате на „англоцентричната“ листа на The Guardian со 100 најдобри романи некогаш напишани? Порталот „Velike priče“ од Словенија, на кој пишуваат голем број писатели, новинари и експерти од регионот, по примерот на Guardian-овата, решаваат да направат листа со 100 најдобри романи на, како што велат: „српски и хрватски, српско-хрватски и хрватско-српски, босански и бошњачки, црнски и горски, BCS и штокавски, па дури и на словенечки или македонски, ако истиот бил преведен на некој од претходните.“ Поканиле повеќе од 200 писатели, автори, новинари, универзитетски професори, книжевни критичари, издавачи, филозофи, теоретичари, стручњаци и сите кои имаат било каква допирна точка со јазикот и пишувањето, од Скопје до Љубљана. Секој од нив ги рангира своите омилени 10 романи, од прво до десетто место, со или без образложение. Може, а и не мора да се објективни. Велат: „дали е најдобар романот кој ја променил нашата книжевност, оној кој поставил нови стандарди? Оној кој обележал една историска епоха? Или оној кој на гласачот му е најдраг? Тоа е на секој од гласачите сам да одлучи“.

Листите со топ 10 романи на секој од гласачите цело лето ги објавуваат јавно на нивниот портал. Обичните читатели можат на mail-от roman@velikeprice.com да го коментираат изборот на членовите на жирито, да праќаат свои топ листи кои подоцна би можеле да бидат земени предвид во избор на читателите (исто како што беше случај и со The Guardian).

Гласањето ќе трае до октомври 2026 кога ќе биде објавена листата топ 100.

Од Македонија до сега има гласано само Милчо Манчевски. Ова е неговиот избор на само топ 8:

1. Хазарски речник - Милорад Павиќ, 1984
2. Мамка - Давид Албахари, 1996
3. Мостот на Дрина - Иво Андриќ, 1945
4. Гробница за Борис Давидовиќ - Данило Киш, 1976
5. Пиреј - Петре М. Андреевски, 1980
6. Дервишот и смртта - Меша Селимовиќ, 1966
7. Беснило - Борислав Пекиќ, 1983
8. Фолиранти - Момо Капор, 1975

Инаку, како што велат, не очекувале, но оваа нивна иницијатива наишла на толкава популарност, што речиси ги испразниле антикварниците со некои од насловите кои најчесто ги ставале во топ 10 членовите на жирито.

Она што мене ми остави впечаток е честото спомнување на романот „Деца“ од Милена Марковиќ, добитник на НИН-овата награда од пред некоја година. Ме одвраќаше тоа што е всушност роман во стихови, и без никаква интерпункција, но по ова, мислам дека морам да го купам и прочитам.
 
Не знам што книги пишува Милена Марковиќ, али ако судиме по нејзиниот сценаристички 'дар', ја би бегал од неа што подалеку.
 
Не знам што книги пишува Милена Марковиќ, али ако судиме по нејзиниот сценаристички 'дар', ја би бегал од неа што подалеку.
Ко што прочитав - автофикција е романот, цел напишан во стихови и нема ни една точка, запирка или било каква друга интерпункција. Нема ни големи букви. Го има преведен на македонски, не се сеќавам точно дали беше издание на Арс Ламина или на ПНВ Публикации, ама го има, дефинитивно.

Инаку, ги читав текстовите со анализи од уредниците на Велике приче. Имаше еден во кој се зборуваше за „Пиреј“ од Петре М. Андреевски. Еден од членовите на редакцијата бил заинтересиран за романот по листата на Манчевски и решил да го побара дали е издаден на BSC. И бил, на хрватски, со превод „Pirika“. И успеал да го најде на некој хрватски сајт, ама додека ја нашол жиро сметката за да го купи, некој друг го купил пред него. Во анализата велат - ете толкав оддек имала самата акција, што буквално се бараат наслови под дрво и под камен. Читатели праќале писма до издавачи со молби да се реиздаде некое исцрпено издание кое го пишувале на листата и сл.
 
Секој филм/серија што ги имам изгледано од нејзино перо и во режија на нејзиниот маж Олег Новковиќ биле лоши. Последниот беше “Враќањето на Жикината династија”, претходно сериине “Мочвара” и “Нечиста крв” и филмот “Жив човек”. Можда на хартија пишува подобро отколку за екран, ама не би трошел пари за неа. Ако ја купиш, ќе пуштиш осврт после читање, but you have been warned of her capabilities. :D
 
Штом толку многу книжевници од екс Ју ја ставаат во ТОП 10, покрај едни Андриќ, Селимовиќ, Ќопиќ, Десница, Маринковиќ, Пекиќ, Павиќ, Црњански... Ме заинтригира.

Инаку, најдов едно типче на reddit кој е толку опседнат со листата на Велике приче, што секој ден, по објавувањето на топ 10 за тој ден, прави update на провизорната листа од топ 100 романи. Тој сам ги бодува романите со оценки од 1 до 10. Моментално листата на ете, топ 20 романи, според неговите пресметки, изгледа вака (денешното, 22.08, гласање на Владимир Пиштало не е земено предвид се уште):

1. Derviš i smrt, Meša Selimović, 1966. (19, 132)
2. Semper idem, Đorđe Lebović, 2005. (18, 98)
3. Prokleta avlija, Ivo Andrić, 1954. (16, 112)
4. Na Drini ćuprija, Ivo Andrić, 1945. (15, 120)
5. Nečista krv, Borisav Stanković, 1910. (14, 96)
6. Kad su cvetale tikve, Dragoslav Mihailović, 1968. (14, 80)

7. Travnička hronika, Ivo Andrić, 1945. (12, 106)
8. Seobe, Miloš Crnjanski, 1929. (12, 101)
9. Kiklop, Ranko Marinković, 1965. (11, 67)
10. Uloga moje porodice u svetskoj revoluciji, Bora Ćosić, 1969. (9, 54)
11. Grobnica za Borisa Davidoviča, Danilo Kiš, 1976. (9, 50)
12. Proljeća Ivana Galeba, Vladan Desnica, 1957. (9, 50)
13. Roman o Londonu, Miloš Crnjanski, 1971. (9, 49)
14. Peščanik, Danilo Kiš, 1972. (8, 47)
15. Forsiranje romana-reke, Dubravka Ugrešić, 1988. (8, 33)
16. Crveni petao leti prema nebu, Miodrag Bulatović, 1959. (7, 48)
17. Bašta, pepeo, Danilo Kiš, 1965. (7, 40)
18. Na rubu pameti, Miroslav Krleža, 1938. (6, 43)
19. Tvrđava, Meša Selimović, 1970. (6, 30)
20. Povratak Filipa Latinovicza, Miroslav Krleža, 1932. (6, 30)

Во заградите, првата бројка е број на спомнувања на романот, односно колкумина го ставиле во топ 10, а втората бројка се поените, според неговите пресметки. Болдираните се тие што ми се прочитани.
 
Циганин, ама најубавиот - мајсторски напишан роман. Емотивен ролер костер кој не те остава да го оставиш. Само денес смачкав преку 250 страници. Ќе почекам да легне, да преспијам, па подетално за впечатоците.
 
Back
На врв Bottom