Западнонилска треска

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување
Знам, на англиски, на македонски е Вурвуру. Небитно, се заебавам јас со Иреал по темиве.

Англиската форма е превземена апла од грчкота пишана форма Βουρβουρού, ама во гејлада се изговара исто како и кај нас Вурвуру. Еспрессо бе ;)
 
Англиската форма е превземена апла од грчкота пишана форма Βουρβουρού, ама во гејлада се изговара исто како и кај нас Вурвуру. Еспрессо бе ;)
Во ред Фенел Бакојани. :D
 
Треба да почнат да прскаат повторно со DDT ќе ги исчистат комарците, ама тоа сметало на оформувањето на кора на јајцата на птиците и Rachel Carson била многу тажна и ја напишала книгата Silent Spring, во 1962-ра година.

Има подвоени мислења за ДДТ кој мислам дека не ги убива самите комарци туку паразитот кој вирее во нивниот стомак. Своевремено ДДТ спасил над 1 милијарда луѓе, но од друга страна се тврди дека имал канцерогени својства, којзнае што е точно, како и кому да се верува.
 
Има подвоени мислења за ДДТ кој мислам дека не ги убива самите комарци туку паразитот кој вирее во нивниот стомак. Своевремено ДДТ спасил над 1 милијарда луѓе, но од друга страна се тврди дека имал канцерогени својства, којзнае што е точно, како и кому да се верува.
ДДТ не се користи прогласен за штетен за човекот и фауна.
.. град Скопје штотуку објави вонреден распоред за следната фаза на дезинсекција низ сите скопски населби, поради актуелната состојба со западнонилската треска, прскањето почнува веднаш.

Авионска дезинсекција (од воздух)
20 август (четврток)
и 21 август (петок):
Во раните утрински часови, поширокиот зелен појас, текот на реката Вардар, каналите и познатите жаришта низ Скопје.

Терестична дезинсекција (од земја по населби):
Од 23 август (недела) до 26 август (среда), секоја вечер во периодот од 22:00 до 03:00 часот по полноќ (наредниот ден), сите градски улици, маалски сокаци и рамномерно низ сите скопски

...да се почитуваат протоколите за заштита во домаќинствата за тоа време на прскање!
 
Можеби ако не беше толку се обраснато со травишта како последица од неработење со години уназад немаше да има толку голем проблем.
Хигиена и одржување не е само фрли ѓубре, испрскај.
 
Непрскањето е проблем. Ова со трескава почна преклани мислам и само се засилува. Тие места каде што има епидемии треба детално да се исчистат со прскање за комарци, ако треба и со пумпа на грб.
 
Во клетиот комунизам биле раскрчени и исушени куп мочвари и блатишта од каде доаѓале маларични комарци и други штеточини. Колку луѓе се имаат спасено поради тоа не знам, но треба да се исушат и преостанатите места од каде еманираат болештини.
 
Можеби ако не беше толку се обраснато со травишта како последица од неработење со години уназад немаше да има толку голем проблем.
Хигиена и одржување не е само фрли ѓубре, испрскај.

Мене во околина каде живеам многумина ми се потсмеваат зошто ја чистам дивата трева, штавилот и сета таа дива бујна вегетација.
Ама јас си бркам свој живот и си терам по свое а оние кои пред коооерација ме оговараат само нека продолжат.

Има кај мене едно мало локално поточе низ кое тече вода од доцна есен па до некаде средина на Мај месец. Потоа преку лето нема вода во поточето, пресушува водата и потоа пак во доцна есен доаѓа водата. Кога е суво поточето во летен период и во него влегувам и ја отстранувам дивата вегетација, а додека има вода во пролетен период тогаш само однадвор околу поточето ја отстранувам дивата трева.

И јас со години наназад во одреден дел од потокот и околу потокот дивата вегетација ја средувам, или со косење или со копање а на некои места со ракавици и скубење на тревата.
Купувам и тотални хербициди од Србија ги донесувам ги растворам во вода во прскалка и со прскалка на грб ја прскам тревата и вегетацијата.
Ова го правам на подрачјето на потокот колку што ми е долг и широк дворот т.е плацот од имотот кон потокот.
Секако нема цел поток во должина од 5 км да чистам, секое домаќинство нека си чисти колку што му се простира во должина дворна површина во насока кон потокот и ќе е чисто, ама тоа многу малку домаќинства го прават, и во голема должина е тој поток обраснат во дива вегетација. Со страв е поминување по патот покрај некои делови каде потокот е обраснат во џунгла од дива трева.
Општината и комуналното последен пат дојдоа со механизација да го чистат потокот во есен 2015 година, оттогаш ги нема.
 
Back
На врв Bottom