Западнонилска треска

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување
Ѝ...мора да има стратегија од сите страни, ако не се остранат инфицираните најчесто гаврани кои се извор на заразата со западнонилски вирус, не може само со комарците да се реши проблемот,

...за да се остранат гавраните од населени места треба ѓубрето како еден извор на нивна исхрана да биде собрано и да немаа депонии ни покрај контајнери ни покрај градот, една од последиците е и деновите на терање инат со несобрано ѓубре во скопските населби со екс градоначалничка.

...после има градски стратегии во користење на соколари кои со дресираните соколи ги бркаат јатата гаврани од градот.

...поставување на куќички за лилјаци и ластовици покрај застоена вода, бари, паркови со езерца кои се хранат со комарци, прочитав дека еден лилјак дневно може да изеде 1000 комарци :vrtioci:
Пред 30 на години. одевме во Воурвоуроу, топло и не беше ветровито, навечер имаше комарци. На зидовите на терасата имаше домашни гуштери, боја како зидот, кој кружеа околу сијалицата.Сопругзта ме натера даги избркам, удрив со стап еден, му госкинав опашот исе разбегаа, веќе не доаѓаа кај нас....Ама затоа комарци МНОГУ повеќе имаше, гуштериве ги јаделе...

Туку една комшивка ми кажува, било на тв,вирусот се добива но САМО од комарец кој предходно каснал заразен човек???
 
Последно уредено:
Da, toa ni treba, nekoj pojak insecticid da gi unisti site oprasuvaci :tapp:
И сегашниот инсектицид ги уништува сите опрашувачи. Затоа се прска во раните утрински часови авионски кога комарците се активни или ноќе - теренски за да се избегне непотребно уништување на жив свет. И се напоменува пчеларите да ги заштитат пчелните семејства.

Штом ќе се рашири низ воздухот од комарец до богомолка све умира.
 
Пред 30 на години. одевме во Воурвоуроу, топло и не беше ветровито, навечер имаше комарци. На зидовите на терасата имаше домашни гуштери, боја како зидот, кој кружеа околу сијалицата.Сопругзта ме натера даги избркам, удрив со стап еден, му госкинав опашот исе разбегаа, веќе не доаѓаа кај нас....Ама затоа комарци МНОГУ повеќе имаше, гуштериве ги јаделе...

Туку една комшивка ми кажува, било на тв,вирусот се добива но САМО од комарец кој предходно каснал заразен човек???
Геко, јас имав по дома такви гуштерчиња.
Жена ми мрсеше муда што гуштњри ни шетаат по дома додека една вечер седејки на тераса не му броевме колку инсекти лови.
За 5 мин повеќе од 100 ако не фати до сијалицата.
Одтогаш престана да биде против нив.
Инаку во Шпанија, Геко е симбол за среќа, како потковица кај нас.
 
De be bijons, kako moze da se inficira covek od gavran, vrana seedno, koga begat od luge tie, a za zaraza treba epten kontakt da imas so zivotnoto, ili da go jades mesoto ili jajcata od nego.
Nema prostor za paniki vakvi.
... не напишав дека човек може да се инфицира од гавран,

птиците, докажано научно конкретно гавраните биле извор на заразната западнонилска болест тие го имаат вирусот во телото, женката од комарецот кога спиел гавранот го напаѓала на места каде нема пердуви, најчесто околу очите и нозете цицајќи ја крвта која била заразена, па потоа таа женка комарец заразена го каса човекот и го пренесува кај него вирусот!

сссссссс.jpg


...птицата- гавранот, во моментот кога женскиот комарец ја цица крвта не чувствувал ништо, поради содржината на супстанца на устата на женскиот комарец која делува како анестетик пред да ја цица крвта, тек после што ќе одлета комарецот, после неколку минути, птицата чувствувала болка кај окото!


Apap-w-mosi-1-edited-600-1.jpg
 
Последно уредено:
Туку една комшивка ми кажува, било на тв,вирусот се добива но САМО од комарец кој предходно каснал заразен човек???
Не. Од комарец кој каснал птица - носител на вирусот. Птиците се носители на ЗНТ.
 
... штом кокошките како еден вид птици не можат да се разболат со западнонилски вирус т.е. кај нив за кратко време имунитетот им се активира и го уништуваат вирусот кој останува во минимални количини со која кокошката воопшто не се заразува иако ја каса заразена женка од комарец која е веќе инфективна, не знам зошто науката не превзема мерки околу овој феномен на антителата кај кокошката!
 
Не. Од комарец кој каснал птица - носител на вирусот. Птиците се носители на ЗНТ.
Дали и градските гулаби се носители, ги има исто така многу. А загрозени ќе бидат и одгледувачите на гулаби ?
Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

... штом кокошките како еден вид птици не можат да се разболат со западнонилски вирус т.е. кај нив за кратко време имунитетот им се активира и го уништуваат вирусот кој останува во минимални количини со која кокошката воопшто не се заразува иако ја каса заразена женка од комарец која е веќе инфективна, не знам зошто науката не превзема мерки околу овој феномен на антителата кај кокошката!
Дали има опасност во јајцата, посебно од препелици ?
 
Имам двајца постари комшии ги немам видено 2 недели не искачаат од страв. Страв лозје чува, кој е стар најбоље дома.
 
Последно уредено:
Па тоа е и цела финта. Тендерче некој за то да земе :icon_mrgr:
Тендерче некој по секако ќе земе, таков е адетот, само пак ќе прска со крстена вода наместо со DDT и ништо нема да направи.
 
Тендерче некој по секако ќе земе, таков е адетот, само пак ќе прска со крстена вода наместо со DDT и ништо нема да направи.
Ако ми ги протича претходните постови, можеби и крстената вода ќе заврши работа.
 
1603998951650.png


Институтот за Јавно здравје што треба да направи на терен каде се прогласи епидемија со западнонилски вирус!
(физичкото броење на комарците е невозможно)


епидемиолозите би требало да применат стручен мониторинг на комарци низ критичните зони во Скопје во кои се прогласи епидемија со западнонилски вирус (покрај Вардар, канали, мочуришта и висока вегетација) со поставување на стапици со јаглероден диоксид или светлина кои ги привлекуваат женските комарци,


images.jpger.jpgA-CDC-miniature-light-trap-with-container-of-dry-ice-hanging-above-it-These-traps-are.png


Светлосна стапица со сув мраз (CDC Light Trap)
се закачува на дрво и има заштитен покрив како капа, мала светилка, вентилатор и мрежеста вреќа на дното, над неа се закачува термос со сув мраз (замрзнат CO₂) кој полека испарува, комарците го чувствуваат јаглеродниот диоксид и мислат дека таму има човек или животно, кога ќе се приближат до светлината, внатрешниот вентилатор ги повлекува и ги „вшмукува“ живи во долната мрежа.


20210302_102220.jpgFaipQjyUEAAyFYt.jpg

Стапица за бремени женки комарци (Gravid Trap)
е клучна за западнонилскиот вирус бидејќи цели на женските комарци кои веќе цицале крв (можеби од заразена птица) и сега бараат место да ги снесат јајцата, црна пластична када или кофа наполнета со темна, органски загадена вода (вода со сено или лисја што мириса привлечно за нив), врз кадата е поставен уред со цевка и вентилатор и кога женката комарец ќе слета над водата за да снесе јајца, вентилаторот ја повлекува женката нагоре во горната комора за собирање.

Собраните инсекти од овие стапици за 24 часа епидемиолозите ги носат на Институтот за Јавно здравје,
од теренот се пакуваат во преносни фрижидери со мраз, бидејќи РНК молекулата на вирусот е екстремно нестабилна и брзо се распаѓа на топлина и процесот на лабораториска анализа на комарците со цел откривање на западнонилскиот вирус (West Nile Virus) се одвива во неколку високо софистицирани чекори во Одделението за вирологија при Институтот за јавно здравје и целта е да се открие присуството на генетскиот материјал (РНК) на вирусот во заловените инсекти.

... во лабораторијата, комарците накратко се ставаат во замрзнувач на -20°C за да се заспијат (анестезираат) или умртват, со што се олеснува нивната обработка, каде што на специјални маси со ладење (за да не се расипе РНК на вирусот) се врши нивно пребројување и сортирање по видови пред да одат на PCR тестирање, се групираат во „базени“ (pools) од по 50-тина комарци и се тестираат на молекуларно ниво (со PCR тест) за да се види дали во нив циркулира западнонилскиот вирус.


images.jpgгхј.jpgimages.jpgхкм.jpg

... комарците се ставаат на специјална ладна плоча под бинокуларен микроскоп (лупа), ладната плоча спречува распаѓање на вирусот додека се работи, биолозите ги одвојуваат само женските комарци (бидејќи само тие цицаат крв и пренесуваат болести) и се врши идентификација на видот Culex pipiens (обичен куќен комарец), кој главно се храни со крв од птици (резервоари на вирусот) и луѓе.

Групирање во „Базени“ (Pooling)
бидејќи е невозможно и прескапо да се тестира секој комарец поединечно, тие се здружуваат во таканаречени „базени“ (pools) кои содржи од 10 до 50 комарци од ист вид, заловени на иста локација во исто време., а ко во тој базен има макар еден заразен комарец, целиот базен ќе покаже позитивен резултат.

... комарците од еден базен се ставаат во мала вијала (епрувета) се додава специјален течен пуфер и ситни стерилни метални или стаклени куглички, епруветата се става во апарат (ткивен хомогенизатор) кој силно ја тресе со цел комарците целосно да се здробат и да се сомелат во хомогена каша, со ова се ослободува вирусот од нивните клетки и плунковни жлезди во течноста.

... потоа течноста се центрифугира за да паднат цврстите остатоци (крилца, нозе) на дното, од течниот дел (супернатант), со помош на специјални хемиски китови (раствори), се врши екстракција (извлекување) на вирусната РНК, крајниот резултат е чиста епрувета со генетски материјал.

... и најважен чекор кој го потврдува вирусот во извлечената РНК со додавање на специфични „прајмери“ и „проби“ дизајнирани точно за западнонилскиот вирус, епруветите се ставаат во PCR апарат (термосајклер) и доколку вирусот е присутен, неговиот генетски код се мултиплицира (копира) милион пати и доколку базенот е позитивен, апаратот испушта флуоресцентен сигнал кој се појавува како крива на компјутерскиот екран.

... по протокол ако одреден „базен“ од некоја скопска општина е позитивен, Институтот за Јавно здравје треба веднаш да го извести Министерството за здравство и Град Скопје на таа точна локација да се спроведат итни и засилени мерки за дезинсекција (прскање) од земја и воздух.
Дали има опасност во јајцата, посебно од препелици ?
... не постојат научни докази дека западнонилскиот вирус може да премине од телото на заразената птица (препелица или кокошка) во внатрешноста на јајцето додека тоа се формира, овој вирус се пренесува преку циркулаторниот систем (крвта) кога комарец директно го инјектира преку својата плунка.

... човечкиот дигестивен систем (желудочната киселина) лесно би го неутрализирал вирусот дури и теоретски да се најде во храна барем така тврди СЗО потврдуваат дека конзумирањето производи од живина е целосно безбедно во однос на западнонилска треска/

... западнонилскиот вирус воопшто НЕ се пренесувал преку јајца и јајцата од препелица и не биле опасни за човекот во однос на пренос на западнонилскиот вирус дури и ако птицата била заразена кога ги снела, научно било докажано дека вирусот не се пренесувал со јадење термички обработено месо или јајца од птици кои биле во допир со вирусот.

...домашната живина (како препелици и кокошки) брзо развивале антитела кои го чистат вирусот од нивниот организам и тие не се сметале за извор на зараза за луѓето преку директен контакт или конзумација, иако западнонилскиот вирус не бил закана преку јајцата, сепак постои друг ризик доколку јајцата од препелица се јадат живи (што е честа пракса кај луѓето кои ги пијат како лек) од салмонела и птичиј грип.

- Салмонела, како и сите птичји јајца, така и јајцата од препелица можат на својата лушпа или во внатрешноста да ја содржат бактеријата Salmonella, оваа бактерија предизвикува тешки стомачни труења

- Авијарна инфлуенца (Птичји грип), доколку птицата била заразена со вирусот на грип, можел да се најде во јајцето и јадењето на истото во жива форма и се смета за ризично.
 
Последно уредено:
одевме во Воурвоуроу

Angry Hate GIF
 
Back
На врв Bottom