Прочитав дека има членови што трчаат на кеј рано сабајле. Со температуриве деновиве, навечер веќе е скоро неиздржливо за трчање, дури и откако ќе се стемни.
Јас ретко трчам на кеј бидејќи не ми е баш блиску, ама кога трчам подолго досадно ми е во едно место па трчам и натаму. Ме интересира како е сабајле порано, додека уште нема голема раздвиженост? Има ли проблем со кучиња/чопори и дали има некои делови што е подобро да се избегнуваат?
Ме интересира конкретно источната страна, од самиот почеток на кејот па накај Центар. Сум трчал навечер, ама секогаш е доста раздвижено па дури и накај источната страна/почетокот често трчаат/возат со точак. Иако веќе би било разденето, не планирам баш по темница да трчам, пак ми е малку шујбе