Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Лаваредо 80 со 4500Д+.

430ти од 920, презадоволен, на мојата трка 150 ДНФ, на 120ката речиси 500.
Речиси 16% и 31% не завршиле

Пекол време до 15ч, влегување во секое изворче на ладење, на секоја станова јадење по пола саат. А после тоа на спуст од 2400м висина ко фати еден силен дожд...Саат време истураше и на широкиот пат даунхил не можеш да трчаш 3км, па уште 2км апхил.
А баш ми тргна на апхилот пред дождот...

Одмор сеа, да видиме за Мон Блан догодина лотарија

Прегледај го приврзокот 481122

Прегледај го приврзокот 481124Прегледај го приврзокот 481123
Браво
 
Што е се потребно за опоравување после долга и напорна трка,било трејл или маратон.Значи освен сон и храна со протеини,минерали,витамини што др ви помага побрзо да закрепнете и да не бидете со недели како утепани.
 
Gajba pivo i skara. Naredniot den odam na rabota ko nov.
I taka veke so godini.
 
Прочитав дека има членови што трчаат на кеј рано сабајле. Со температуриве деновиве, навечер веќе е скоро неиздржливо за трчање, дури и откако ќе се стемни.

Јас ретко трчам на кеј бидејќи не ми е баш блиску, ама кога трчам подолго досадно ми е во едно место па трчам и натаму. Ме интересира како е сабајле порано, додека уште нема голема раздвиженост? Има ли проблем со кучиња/чопори и дали има некои делови што е подобро да се избегнуваат?

Ме интересира конкретно источната страна, од самиот почеток на кејот па накај Центар. Сум трчал навечер, ама секогаш е доста раздвижено па дури и накај источната страна/почетокот често трчаат/возат со точак. Иако веќе би било разденето, не планирам баш по темница да трчам, пак ми е малку шујбе :)
 
Сега зависи колку сабајле збориш, ама сабајле седум саат жешко е, навечер е поокеј зошто не те грее сонцето.
 
Сега зависи колку сабајле збориш, ама сабајле седум саат жешко е, навечер е поокеј зошто не те грее сонцето.
6, 6 и пол, 7... до кај 8, 8 и пол преку сила, зависи колкав тренинг правиш. Не те грее сонцето ама у 20:00 знае да е 30+ степени на жешкиве бранови, подобро да има сонце а да биде посвежо отколку да се вариш а зајдено е сонцето.
 
Ваљда е многу индивидуално тогаш. Мене ми е поубаво навечер, не сум изложена на директно ув зрачење, има какво такво струење на воздухот и ок ми е. Сабајле последниот пат кога бев мислам ми се слоши од директно што ме печеше сонцето. Јас 20:30, 21:00, 21:30 одам и океј ми е. Е сега зависи ако трчам сама идам порано, ако имам друштво, можам и покасно.
 
Јас генерлано насабајле имам чувство дека се распаѓам, телото скроз ми одбива да трча и да е физички активно, додека навечер телото ми бара трчање и активност, па често одма после трчање, ако не е предолг тренинг, гледам и да испешачам ако е навечер. Бидејќи трките се генерално сабајле, од еуфорија дур почне трката, некако си доаѓам на себе, но имало трки кај што не успевам да си дојдам на себе и целата трка ми е тешко мачење, независно кој пејс терам и колку км е, како нешто неприродно да правам со сила.

Во врска со времето во летни услови, се дур не е некоја екстрема, гледајте да пробивате граници чисто за вас да ви е покомфорно нареден пат. Ако 3 пати сте истрчале на 28 степени, следен пат на 20 нема да ви е толку мачно. Истото важи и за ветер, и за сонце, и за дожд, некогаш и ментални бариери имаме. За кучиња внимавајте делот кај мостот Систина, сум бил нападнат таму, знам и многу други луѓе што биле нападнати таму. Последно време гледам ги нема кучињата што напаѓаа, но кај нас само се дислоцираат од едно на друго место, ништо чудно други да имаат донесено. Порано во 6 саат сабајле имаше случаи каде што жени беа напаѓани од манијак кај Палас, но ова бајги порано, може и неславно има завршено батето. Конкретно за летово и делот од Жабар до Влае, во 6 саат сабјале имам ~30 сретнати луѓе во едно трчање од 45 минути - 1 час, во 8 саат навечер има 300+ луѓе, во 9 саат навечер ~150. Ова зборувам за севкупен број сретнат луѓе трчачи, на точак, пешаци, вежбачи, шетачи на кучиња итн.

Апелирам на поголема внимателност во летни услови бидејќи е згуснат сообраќајот на кејот и има многу камикази кои летаат со 35+ километри на час на точак, луѓе кои несовесно шетаат пуштени кучиња кои излетуваат на пат, деца кои учат да возат точак, тротинет, ролерки, имаше и некој помали судири. А да ќе ги заборавев електричните тротинети и скутерчињата што се неизбежни за жал, мала бара многу алигатори, т.е. тесна стаза а многу учесници во сообраќајот. И за прошетки ве молам користете делот што е горе над патеката или делот во тревата доле, за поголема безбедност на сите.
 
Последно уредено:
И мене исто ми е ужас трчањето насабајле. Единствено нешто траил на Водно ми е океј за сабајле зошто ваљда кога одам нагоре ми се расонува телото и после за надоле и за низ Водно немам гајле.
После 7и30 во летен период ми е најубаво за трчање.
 
Back
На врв Bottom