Порано се потсмевав кога на претставувања по емисииве кога ќе кажеа "јас сум тој и тој мајка/татко на 2 деца бла бла". Како да е некое големо достигнување си велев.
Будала сум бил. Каква кариера, какви пичке си материне. Убаво ми рече еден дедо пред некое време. Да се посветиш на детето и семејството ти е најголемиот успех во животот, никаква диплома, магистратура, докторат...
Не постои идеална возраст да станеш родител. Никогаш сум немал предрасуди за како луѓето решиле да си го живеат животот, се' додека не прават нешто што нанесува штета врз другите. Убаво е да проживееш некои работи во животот, но после 30-та да ти биде ист животот како во 20-тите, веќе е себично да не размислуваш да изградиш семејство и да станеш нечиј учител во тајните на животот. Секако, ништо без вистинскиот партнер.
За ништо на светов не би го напуштил "фул тајм парентинг" модот, уживам колку и да немам ни секунда слободна во животот и на моменти ми е ултра тешко.
И во оној период кога мора да сум на работа, мислите ми се дома. Си викам едвај чекам кога ќе дојдам дома да ме пречекаат со радости.
И порано ги знаев текстовите барем на 20-тина детски песни од наше време. И некои понови.
Онаа која ни е апсолутен хит во моментов била ептен позната, но не ја знаев.
Зајче без опавче, изведена од хорот на "Златно славејче", преработка на песничката од Васил Куновски од 1950-тите години.
A real banger!
Ниту еден умор не се нашол да биде доволно голем за да го спречи моментот кога ќе дојдам дома, поврзуваме мобилен на радивцето и ја рокаме "Зајче без опавче".
Скокаме гушнати (он качен на кревет, јас доле) ко оние од Борат, додека не изгубиме воздух, проследено со смеење до засркнување.
Ќе помогне постов да се сеќавам некогаш на овие времиња.