Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Абе стално сте против нешто.
Не знам како не се наоѓате некогаш како сте против самите себеси.
ОК, разбравме, го бојкотирате филмот.
Не измислувајте сламки за бојкот причини, против имакс бил... што нема да чуеш на forum.kajgana.com значи

Стави го во код или спојлер. Не се чита без Х акаунт.
Ја бојкотирам мрежата оти @Vanlok е таму.
Така некако бојкотираат некои IMAX, оти има асоцијација со Нолан и неговите какани вредности.

Инаку Ио, уште не сум го гледал. Имав во план 2 пати, еднаш IMAX и втор пат ќе се возев до снобовските кина следниот месец кога ќе ми се вратеа пријателите од Македонија назад. Првиот пат требаше во Недела ама ми пропаднаа картите оти на жена ми не ѝ било дојдено до тоа тоа утро, имало побитни работи... a седиштата тие за вљубени за да не може човек ни сам да отиде а да не ризикува да изгледа како да пробува да почне нов начин за запознавање луѓе... не знам зошто ама можеше само едната страна да ја букираш од тие двојните за заљубени, а кој би купил другата страна да гледа со непознат... тоа е надвор од моите сфаќања околу како функционира светот и денешната дејтинг сцена во која има шанса да се приклучам наскоро поради несериозноста на мојата партнерка за воук филмови.

Прегледај го приврзокот 483971

Се надевам тие што имале до нас седишта биле последен пат среќни оти можеле да си остават чантите и останатото нивно ѓубре врз нашите. Се надевам Елиот им расипал цел филм. И се против imax од тогаш натаму. :D

А јас се надевам ќе го фатам следниот пат и ќе се вратам со многу told you sos.

Него на тема филмови, последен гледан, вчера The Dinк на Apple.
Боза. Но, главниот лик (Nick oд New Girl), ми е ненаметливо смешен, па проаѓа да убиеш време.
Особено кога го немаш.
2.5/5
Стварно фановиве на Нолан сте деликатни цветчиња. Да му се серам на филмот, нема да го гледам секако, не ни зборев за него. Кај виде дека него го спомнав? За IMAX зборев и за педерското gatekeeping на резолуции дека е нешто што не чини.
 
a седиштата тие за вљубени за да не може човек ни сам да отиде а да не ризикува да изгледа како да пробува да почне нов начин за запознавање луѓе... не знам зошто ама можеше само едната страна да ја букираш од тие двојните за заљубени, а кој би купил другата страна да гледа со непознат... тоа е надвор од моите сфаќања околу како функционира светот и денешната дејтинг сцена во која има шанса да се приклучам наскоро поради несериозноста на мојата партнерка за воук филмови.
Многу си несигурен во себеси. Не знам што кино е тоа каде што можеш да купиш една страна од седиште за двајца, ама еве да не идеше жена ми ќе го викнев тој ајванот од редот пред мене десно, многу ми одеше на нерви што е висок и кога ќе го спуштевме седиштето погледот на филмот ми изгледаше вака:

kino.png
kino-png.484000

Па м***р ти, спушти ја црпката под седиште, се исправил ко киклоп и три саати така. Карти купив точно на средина и пак ми одеше на нерви цел филм што ми го покрива аголот во кој не се случува апсолутно ништо. Да бев сам ќе го викнев да седи до мене, кој што сака нека мисли, fuck 'em.
 
Имакс им се свиѓа на луѓето пошто е филм сниман на лента од 70 мм. Да беа и другите филмови така снимани на 35 мм луѓето ќе го делеа мислењето и за тој формат. Но сега е се дигитално и затоа ова е срање, а Имакс делува толку детално.
 
Многу си несигурен во себеси. Не знам што кино е тоа каде што можеш да купиш една страна од седиште за двајца, ама еве да не идеше жена ми ќе го викнев тој ајванот од редот пред мене десно, многу ми одеше на нерви што е висок и кога ќе го спуштевме седиштето погледот на филмот ми изгледаше вака:

Прегледај го приврзокот 484005
kino-png.484000

Па м***р ти, спушти ја црпката под седиште, се исправил ко киклоп и три саати така. Карти купив точно на средина и пак ми одеше на нерви цел филм што ми го покрива аголот во кој не се случува апсолутно ништо. Да бев сам ќе го викнев да седи до мене, кој што сака нека мисли, fuck 'em.
Не заебавај.
Повеќето филмови у кино сме ги гледале со глави директно пред тебе, што покриваат пола екран, па кривиш врат лево или десно, за да фатиш слика измеѓу две глави.
Затоа идев стално најрано да ги фатам првите седишта и така и се навикнав од толку блиску да гледам.
Некои кина немаа добар нагиб (Кисела Вода, Карпош, Градежници, Влае...), а некои имаа малку бољи, како Култура или Центар.
 
Го гледав Disclosure Day, и инстантно ми текна на Најт Шајмалан, за кого на времето после 6то сетило му го ставија префиксот на нов Спилберг, и конечно мислам дека тој епитет е оправдан, зашто неговата кариера се одвиваше на таков начин што дефинитивно успеа да ја долови моменталната верзија на Спилберг, која го направила овој филм.

Тотално разочарување, а го гледав со многу мали очекувања и пак успеа да ме разочара, обожавам филмови со ваква тематика, имам и на форумов еден пост каде пуштив неколку препораки за кои најодговорно тврдам, секоја една од нив е подобра од Disclosure Day.

Толку ли критиката се плаши од тоа да удри јако на Спилберг, не ми е јасно, филм со ужасно сценарио, филм кој комотно може да се дава и на Сај Фај каналот помеѓу безбројните Ц класа филмови таму со буџет од 1000 долари, ако има ранкинг за филмови со НЛО тематика овој би бил на самото дно, всушност, е на самото дно, помеѓу најлошите некогаш направени без никаков сомнеж. Ко да е направен со AI целиов филм, убедлидво негов најлош а да одработува ваква тематика, Close Encounters of the Third Kind и Е.Т., одлични, War of the Worlds, oсвен Том Круз и специјални ефекти, ништо ново не донесе и не отскокна од оригиналниот филм и книгата, ама поминува и тој.

Ова последново, ко што реков, со ист квалитет можеше да го достави и рандом режисер чии филмови се вртат на сај фај каналот, апсолутно ништо посебно и оригинално, некад вакви работи ќе се замаскираат со глума и некои впечатливи сцени, овде такво нешто едноставно немаше, нити пак простор имаа главните актери да понудат нешто повеќе од она што понудија.
 
Додека ги читав „Случај на сопствената погибел“ и „Црна мајка земја“, а и сега, кога конечно ја почнав „Циганин, ама најубавиот“ сосема природно ми дојде да изгледам неколку поткасти во кои е гостин Кристијан Новак. По последниот поткаст кој го гледав денес, можам да кажам дека човекот плени со неговата харизма, речитост, сестраност и размислувања за многу теми. Баш е штета што толку ретко објавува книги, зашто е некој кој дефинитивно има што да каже. Навистина голем уметник!
Не знам дали знаеш, али Небојша Слијепчевич (режисерот на краткиот “Čovjek koji nije mogao šutjeti” што освои Златна Палма во Кан) спрема филм по “Црна мајка земја”.
 
Како гледате филмови во кино секоја ви чест. Незнам какви вонземјански визуелни саунд ефекти да има, никојпат не би платил да гледам филм со стотина други на исто место.
 
Не знам дали знаеш, али Небојша Слијепчевич (режисерот на краткиот “Čovjek koji nije mogao šutjeti” што освои Златна Палма во Кан) спрема филм по “Црна мајка земја”.
Знам, како не. И другите два ќе ги екранизираат.
 
Како гледате филмови во кино секоја ви чест. Незнам какви вонземјански визуелни саунд ефекти да има, никојпат не би платил да гледам филм со стотина други на исто место.
Ако е филмот доволно добар да те внесе, нема ни да осетиш ти дека си со 100-ина други.
Ако одиш во некои „бош“ термини, тие 100-ина можеби ќе бидат и едвај 10-ина.
Проблем е генерално кога има деца (пиштење, вриштење, плачки).
Другово горе-долу океј се понашаат луѓево.
Или не знам, во кој смисол ти пречат тие 100-ина други?
 
Знам, како не. И другите два ќе ги екранизираат.
За другите два прашање е дали ќе биде нешто, не сум слушнал дека имаат добиено пари од хрватски фонд, што е пресудно за да се сними нешто. За 'Црна мати земља' веќе имаат добиено пари.

Баш ме интересира Драгојевич што шунд ќе сними по расказот од Бужаровска. Најавите беа дека месецов треба да почне снимањето. :D
 
"Ciganin, ali najlepši" ќе биде минисерија, од 6 епизоди. Мислам дека во продукција на HRT е, затоа Фондот им нема дадено средства.

"Slučaj vlastite pogibelji" го работел некој режисер кој бил првиот Хрват кој имал серија на HBO. Тоа е уште во работна фаза, предпродукција. Се работело на пишување на сценариото.
 
Исправка првиот Македонец со серија на ХБО, инаку хрватски зет, Марјан Алчевски, творецот на хрватската серија 'Успјех' што ја режираше босанецот Танович за ХБО.

Ќе видиме, вакви најави многу не се веродостојни, дур не паднат информации дека се доделени средства, а и тогаш знаат да се изјаловат нештата.
 
Добро, сега он си кажува дека ги продал правата, значи му платиле за тоа. Е сега, ако они сакаат да им пропаднат тие пари, пеки.

Инаку, сите 3 се поставени и како театарски претстави. Črna mati zemla има и преку 50 изведби.
 
Да ама најверојатно не си била во едно од тие 40 кина кои се вистински IMAX. Останатите што имаат сооднос 1.90:1 се исти како и секое друго кино, освен што можеби имаат поголем екран. Филмот секако е кропнат горе и долу и го гледаш истото што и 99% од останатите.
Да не те сопрам што пробуваш да ги едуцираш али имај у предвид дека не се само 40 кина што покажуваат филмови во 1.43, претпоставувам ти мислиш само на оние што се 70mm IMAX филм проектор т.е. аналоген. Има и доста понови, дигитални IMAX проектори кои се водат како GT Laser или Dual Laser што исто нудат слика во 1.43 и имаат масивни екрани. Уствари мене и повеќе ми се свиѓа сликата на нив наспроти овие аналогниве, доста подобри се темните сцени и едноставно снимката е почиста поостра. Секако аналогниве си имаат нивен шмек ама за квалитет ако збориме дуал ласер ол д веј. Дјун 3 на пример дефинитивно ќе го гледам во GT Laser пошто ќе има многу темни сцени. Гледам еве на нет во европа има франција, германија, шпанија, белгија, шведска, португалија и УК.
Сепак бројот е премал и ги нема негде во наша близина за жал, вкупно се околу 70-80 вистински IMAX кина, а имаат 1800+ кино сали што се рекламираат дека се IMAX а уствари се LieMAX :D

Back
На врв Bottom