Да, нема грешка, сега Аргентина испадна дека имаат рекреативци и аматери во репрезентацијата.

Реалноста е дека како колектив Аргентина имаат далеку посилна репрезентација од Португалија.
И тоа го потврдуваа и букмејкерите и кладилниците, секаде беше Аргентина по првите 3 - 4 фаворити за титула а Португалија беше 7 - 8 по коефициентите.
Тоа не е без врска така со квотите, се знаеше реален капацитет на Португалија.
Португалија беше тука некаде со Хрватска и Мароко со шанси за титула.
Па дури и Мароко се повеќе жилави дефанзивно од Португалија.
Кој им е виновен ба Аргентина што во финалето не беше во стартните 11 Лаутаро Мартинез?
Кој им е виновен што Скалони одбра да стартува во почетен состав со Таљафико? Таљафико не играше во сите претходни мечеви на првенството ама Скалони правеше експеримент и со Таљафико изгуби на брзина и продорност во контра нападите кои ги немаше воопшто.
Со Лаутаро Мартинез ќе беа поопасни и полесно ќе продираа, лош потег на Скалони.
Џабе што имаа квалитетни играчи на клупата во составот на Португалија кога ги кочеше Роналдо со егото дека мора да биде во стартниот тим и мора да игра до крај на натпреварите.
Со такво его од Роналдо Португалија играше со 10 играчи на теренот.
Џабе им е потенцијалот.
Но од следните ЕП и СП во фудбал ќе имаат простор за напредок и слобода во играта.
Доколку не им се меша агент менаџерот Мендеш во изборот на играчите. Португалија е репрезентација приватно менаџирана од трансфер агент Мендеш, а не е менаџирана од оној кој само на хартија беше селектор.