СП 2026 во САД, Мексико и Канада - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Kumanovo88
  • Време на започнување Време на започнување

Која репрезентација ќе биде нов светски првак?

  • Вкупно гласачи
    104
Дааа Аргентина разочара. Ја мајката.
Како да не знаевме каков ќе биде тим со Ромеро, Паредес, Мартинез и едниот и другиот, Симеоне..... Шпанија тактички ја прееба и Холандија и Германија во нивниот пик. Значи селекторот направи непобедлив тим, од еден супер стабилен средњак, еден талент кој треба да биде ѕвезда и 9 дисциплинирани, добри, но со ништо посебни играчи.
П.С. Читате ли вести од Малта? Да не отишол курбан Филе?
 
Зелено'ртски Острови (Cabo Verde/Cape Verde) не е исто што и Курасао. Аман ко Трамп да ве правел упм. :facepalm:
Чекај, чекај, чекај,сакаш да кажеш дека Зелено'ртски Острови (Cabo Verde/Cape Verde) не е исто што и Курасао........а исто така не е исто што и Девствени Острови и Косово???

...препрочитај го постот, поентата беше дека две првенства по ред екипата што на крај го освојува СП започнува со кикс против екипа што се очекува на биде на последните 5 места. Па тоа ми беше муабетот, после Аргентина и поразот од Саудиска Арабија во 2022 и после Шпанија и ремито со Зеленор'тски Острови, очекувам и за 4 години шампион да биде земја што во прво коло ќе киксне против некоја мала небитна репрезентација.

Не знам што се чудиш, Меси во 2014 не ја заслужи наградата.... барем јас ако се прашувам.
Меси официјално не беше ни меѓу топ 3 стрелци (делеше трето место, ама тајбрејкер немаше)

Меси имаше само една асистенција на 7 натпревари и имаше постигнато 4 погодоци.
Тие четири беа во групна фаза. (два против Нигерија, еден против БиХ, и тој во 91 минута за победа против Иран што го спомнав пред некоја страна уназад)
Не даде ниту еден гол во нокаут фазата. Играта на Аргентина во нокаут фаза беше слична ко ова вчера. Реми со резултат 0-0 после 90 минути во 1/8 финале, полу-финале и самото финале. Во 1/4 финале дадоа гол во 8 минута и така и заврши натпреварот.

Да не го продолжувам ова ептен со небитни работи, разгледај сам ако те интересира, моето мисење е тоа. Меси дефинитивно не требаше да добие награда за најдобар играч на СП 2014.....ама и те како требаше да освои за најдобар играч на СП 2026.
 
Па не би било прв пат да има поголемо влијание СП во споредба со клупскиот фудбал, но сепак, Меси растураше во СП и вo КОНКАКАФ натпреварувањата, не дека би се игнорирал клупскиот фудбал ако Меси освои Златна топка
Абе врие од конкуренција у конкакаф, кој од кого поголем слепец, едино Меси што е играч таму.
 
Каква врска имаат овие Престон лавови со тоа што некој извадил македонско знаме на трибина?o_O

Нема никаква врска тоа. Ова е веројатно лажна вест и слика генерирана од вештачка интелигенција.
Навивачите на Престон Л. вчера или завчера, не знам како му доаѓа заради временската разлика, извадиле некои транспаренти ANTI HELLAS и слично па имаше некои реакции од фудбалските институции во Австралија и нормално, грчката дијаспора, но моментално нема ништо конкретно освен осуда, а ова со 10 години е дефинитивно измислено.
 
antihellas-PRINT_95420-e1784533603999-1024x576.webpmisogyny-PRINT_95476-scaled-e1784533395818-768x1309.webpfire-PRINT.webp
 
После крајот на ова првенство може да се констатира дека беше најдобро до сега, имаше доста голови, контроверзи, јака атмосфера. Прво мислев дека касните термини ќе бидат проблем, но со големите температури во Европа, мислам дека не беа до толку проблем ноќните утакмици. Едноставно Американците си имаат свој начин за спектакл и капиталистичко делување како што е пауза за реклами. Исто така и секоја чест скоро сите утакмици одеа на Фокс, FTA телевизија и секој со антена може да гледа. Студијата одлични, Златан одличен додадок за емисија, баш му лежи Американскиот стил на телевизија. Одлични и навивачи во САД, сите градови под окупација, добри стадиони, одлични беа и рекламите, сите компании си имаа свои сокер тематски реклами што се пуштаа. Тешко ова да го надмине Мароко и Шпанија.
 
Баш спротивно тврдам, можда е за нијанса подобро од Катар, али далеку послабо од 2018 во Русија.
 
Back
На врв Bottom