СП 2026 во САД, Мексико и Канада - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Kumanovo88
  • Време на започнување Време на започнување

Која репрезентација ќе биде нов светски првак?

  • Вкупно гласачи
    104
За другото се согласувам, но мислам дека златна топка ќе иде кај играч од финалистите. Или Меси или Родри.
Значи наредно светско таа сезона не мора никој да трча да кине лигаменти...ќе дојде ќе одигра неколку текми на светско и решен проблем, нека фаќаат прибелешки младиве.
 
Затоа што да имаше, немаше тука да пишуваш на долго и на широко. Што е следно, се игра во Америка за да им биде поблиску на Аегентинците? Или ставија Словенец судија што е од држава комшија на Хрватите, а многу Хрвати има во Аргентина?
Ја пишувам од аспект на фудбалска и општо меѓучовечка правда.
Ти што си опседнат со коцка и све гледаш низ призма на пара, тоа е твој проблем.
Автоматски споено мислење:

Јас сега гласав за Аргентина.
Сепак имаат нешто Италијанско во нив од потеклото.
Кога веќе ги нема Азурите мојата омилена репрезентација на СП барем нека освојат овие со потеклото.
Зашто за двете најодвратни репки навиваш ?
 
Последно уредено:
Значи наредно светско таа сезона не мора никој да трча да кине лигаменти...ќе дојде ќе одигра неколку текми на светско и решен проблем, нека фаќаат прибелешки младиве.
Не го кажав тоа, но да во сезоните на светско, тоа има доста тежина за златна топка.
 
Затоа што да имаше, немаше тука да пишуваш на долго и на широко. Што е следно, се игра во Америка за да им биде поблиску на Аегентинците? Или ставија Словенец судија што е од држава комшија на Хрватите, а многу Хрвати има во Аргентина?
Словенец е судија пошто жена му на Трамп е од Словенија.
Кога бил на телефон да среди за Балогун, дофрлила Меланија пар зборови да се среди и финалето уз пат и ете.
Де бе, ич не ти работи мозокот :icon_lol: :icon_lol: :icon_lol:
 
А што му фали на Ска? Добро е да се видат различни перцепции за светсково.
Му фали што нема влакна на јазикот, не е секташ и слепо не прати идеологии, личности, култови, партии, клубови...
И секако дека сум непожелен кога ја, @Aleksandar91 , @Hirоhito , @Shawn Spencer ќе им напишеме мислење контра нивното.
Сфаќам зашто @Riken и @SanIker не влагале со нив у дебати.
Затоа и им го стаив светецот.
За да му се крстат и да му се чудат.
Автоматски споено мислење:

Ја вечно навивам за Шкотска (за протестантската линија - Ренџерс и Данди Јунајтед). Али пошто Шкотска, низ деценииве знае да не помине група, или воопшто да не се пласира, а ја навивам за унионистички екипи, од другите увек сум навивал за Англија и ОК-репрезентациите.

Но, у задњи десет-дваес години поради икс причини не можам никако да навивам за Англија. Штавише задња репрезентација ми е на листа за навивање (како и Франција).

У полуфиналево навивав Англија и Франција да испаднат. Ми се оствари.
Сега ми е свеедно кој ќе победи у недела.
Од сви енглези најгори су шкоти .
 
Ја пишувам од аспект на фудбалска и општо меѓучовечка правда.
Ти што си опседнат со коцка и све гледаш низ призма на пара, тоа е твој проблем.
Автоматски споено мислење:

Зашто за двете најодвратни репки навиваш ?
Па јас да знам дека 100% Аргентина осваја, ќе ставам сѐ што имам и немам, ќе се позајмувам. Местено Аргентина па да освоеле, мислиш ги местат Узбекистан…

Имаа судиски одлуки во нивна корист, ама какви теории свртевте тука…
 
Јас не викам дека сигурно 100% победуваат, утре ќе гледаме и ќе дознаеме. Јас викам дека на 6 од 7 утакмици има патерн дека свесно и бесрамно им се помага да поминат од што може да се извлече заклучок дека очигледно ги местат и да бидам сигурен барем 98% .
 
Пошто играат финале две репрезентации кои ми се драги поради Атлетико, утре со цело срце навивам за Шпанија само заради серлото Трамп.
Па кое уживање ќе биде да се гледа кај што му го дава трофејот на Шпанците откако ги расипаа односите со Педро Санчез и имаше изјава дека не сака повеќе ништо со нив, прајслес глетка ќе е тоа. :ljubove:

Еве причина плус да се зголемат сомнежите на Ска Манијак :)
 
Голема ротација освежување во почетните состави и кај двете репрезентации
 
Значи наредно светско таа сезона не мора никој да трча да кине лигаменти...ќе дојде ќе одигра неколку текми на светско и решен проблем, нека фаќаат прибелешки младиве.
Па како испадна во НБА? Јокич најдобар в се цела сезона, падавичарот бил подобар во пејоф и ајт МВП. Не дека и пред тоа немало местенки во фудбалот, ама од 2000 наваму тешки манипулации се правеа. Пред тоа Источен блок и СФРЈ не ги земаа за живи, мислам дека само Јашин им освоено.
 
Јас не викам дека сигурно 100% победуваат, утре ќе гледаме и ќе дознаеме. Јас викам дека на 6 од 7 утакмици има патерн дека свесно и бесрамно им се помага да поминат од што може да се извлече заклучок дека очигледно ги местат и да бидам сигурен барем 98% .
Кои се тие одлуки на овие шест утакмици што ги збориш дека им се помага свесно и бесрамно. Дај да ги видиме тие ситуации кои се, колку се, какви се. Јас не ги сакам Аргентина, не сакав ни до финале да стигнат, ме заболе за нив искрено, ама ајде кои се тие ситуации, дај да видиме видеа. Едино јас што знам, а е огромна грешка, е тоа што Меси требаше да добие црвен у првата утакмица. Што е тоа со што ги гурале и ги местат?
 
Па добро Англија сега им текна да играат офанзивно :pos:
 
Ова немаше да биде офсајд според предложеното Венгер правило :sneaky:
 
Back
На врв Bottom