Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 49: @Io - Да ја укинеме демократијата во следните 20 години и да избереме диктатор)

Да ја укинеме демократијата во следните 20 години и да избереме диктатор


  • Вкупно гласачи
    41
Еве една хипотетичка ситуација: жената сака да се разведе од мажот, заработува повеќе од него и сака да земе станбен кредит и да си купи сопствен стан, зашто во спротивно по разводот ќе остане на улица и ќе го изгуби родителското право над децата зашто нема сопствено живеалиште. Или, друга ситуација - мажот и жената во брак се финансиски независни еден од друг. Едниот сака да купи сопствен стан со своите финансии, но не може.
Муабетот е дека парите што се заработени во брак се заеднички. Така да, ако има пари за да си купи стан, тогаш тие не се само нејзини пари. Мажот помогнал тие пари да се заработат на некој начин така да и тој има право врз нив. Всушност, тоа е муабетот со бракот, дека стануваш "едно" и додека си во брак, си едно. Нема моја плата твоја плата, мој имот твој имот. Е сеа разбирам јас дека има случаи кај што некој е стварно ѓубре, не допринесува на никаков начин и буквално го злоупотребува партнерот. Ама тука проблемот не е бракот, туку лошата врска. Тука бракот треба да се прекине.
Е сеа, кога веќе доаѓа до развод, можеш прво да се разведеш, па после да си земеш кредит, да си купиш стан и што и да треба.

Истото се однесува и на вториот коментар. Зошто би бил во сериозна врска како брак и би правел нешто на своја рака (да си купиш сам/а стан)? Зошто да не го купиш заедно со партнерот? Ако со партнерот не можете да се договорите за нешто како купување стан, тогаш бракот е најмал проблем. Јас не би сакал да бидам во брак со некој со кој што немаме исти цели во животот.
Така да ваквите работи мене лично ми укажуваат дека има некој проблем во врската а не во бракот.

Еве, конкретно замисли дека си во врска. Ти вика девојка ти, сакам да си ја искористам заштедата да купам кола. Ти и викаш, чекај, ќе купиш поевтина кола, дел од парите ни требаат за Х. Таа ти вика мои пари моја одлука и толку. Сигурно нема да ја гледаш на ист начин....
 
@Zlatikevichius @Aceso

Двајцата да ве кренам со клизачи за црвен и стрелање директ :D

Абре до вчера што се вели (пред 40год) нормални луѓе лажно се разведувале за да лапнат општествен стан!
Милион примери има!
 
Муабетот е дека парите што се заработени во брак се заеднички. Така да, ако има пари за да си купи стан, тогаш тие не се само нејзини пари.
Па ти викам, рецимо финансиски независни еден од друг се. Нивните пари не се заеднички.
Автоматски споено мислење:

Злате, кога си правиме муабет јас и ти ако знам за што си правиме Aceso да не се викам.
Жими се да се најдеме некаде на кафе, ако не станеме најдобри другари, јас па Златко да не се викам. :pos:
 
Не мора да се укине затоа што не е задолжително....кој сака може и без брак. Можеби треба да се регулира законски подобро за тие што сакаат без бракот, другото нек си остане.
 
Така де! Лошите бракови и родители ќе ги поправате со екстремен либерал-фашизам, место да се среди судство, полиција :cautious:
Логика "тавче"!
И како ќе биде информирана полицијата а потоа судството, ако педагозите не ги информираат социјалните служби за тоа?
Кај нив си има тек на процедурата, друго е што тука сме неписмени па не знаеме како се прават тие работи па де полицијата де сусфото де партиите ни се криви и само кенкаме од пусто незнаење.
 
Не мора да се укине затоа што не е задолжително....кој сака може и без брак. Можеби треба да се регулира законски подобро за тие што сакаат без бракот, другото нек си остане.
Апсолутно се согласувам, затоа што бракот е слободна волја и бракот е правно регулиран и забранет за малолетници, исти полови и слично.

А да бил бракот укинат за нашите родители тогаш ние ќе бевме домци.
 
...па после ливадарките вакви такви, им се потсмеваат, а ваму да се биде слободен(а) без брачна обврска зашто позади седи државата со своите закони и држи правичност, а тоа некому му пречи!
 
Јас мислам дека бракот е договор помеѓу брачните другари за да обезбедат социјална и финансиска основа за да создадат деца.
Љубовта ќе избледе пред новите животни предизвици кои маденците не ги земаат во предвид кога го склучуваат бракот.
Поради премор од секојдневни обврски сексуалниот жар ќе загасне.
Се што ќе остане е заедница на еден маж и една жена кои секојдневно се соочуваат со предизвици за да создадат од своите деца што подобри идни родители кои ќе се грижат за нивните деца. И така во круг до бескрај.
 
Доволно беа одмори, одиме со рестарт на темава. Ќе бидам краток: Да ја укинеме демократијата во следните 20 години и да избереме диктатор.

Едноставно не ни оди со демократија и тоа е повеќе од очигледно. Освен тоа што имаме слобода да јадеме трици на форум, назадуваме во сите сегменти и не сме во состојба да уредиме една мала и убава држава да функционира нормално. Политичарите си прават што сакаат, се богатат, присвојуваат јавни површини и добра. Тонеме во загаденост, не можеме да го средиме сообраќајот, болниците и училиштата ни пропаѓаат, не можеме ни да ги одржуваме. Нема добри иницијативи а ако ги има заглавуваат во бирократија и никогаш не се реализираат. Секоја одлука што се носи е компромис помеѓу партии за остварување на власт, не постои меритократија, секој директор е поставен по партиски клуч, често не ни знаат што им е работа. И да не редам понатаму затоа што реков дека ќе бидам краток.

Значи, да се избере диктатор за наредните 20 години со едноставни задолженија:

- Намалување на јавна администрација и воведување дигитализација за се, од плаќање сметки до поднесување жалби и барања итн...
- Рушење на дивоградби секаде и без исклучок.
- Рушење на легални градби кои се изградени со криминални промени на градежни планови.
- Плажи, паркови и други рекреативни површини да бидат исчистени од комерцијални објекти од траен карактер и да бидат бесплатни за народот.
- Средување на јавен сообраќај, еколошки автобуси, трамваи, дронови, хеликоптери, што год да е.
- Бесплатен јавен превоз. Возен ред и возила кои нема да доцнат.
- Казни за тие што фрлаат ѓубре, ефикасни комунални претпријатија.
- Чиста вода за пиење.
- Поддршка за производители на домашни производи.
- Обнова на болници и училишта. Озеленување на јавни површини.
- Стипендии за деца кои спортуваат. Враќање на спортот. Поддршка на локални клубови.
- Ќорка за сите што мрчат.

После 20 години, диктаторот да си замине и да се воспостави привремена демократија, да видиме дали сме научиле нешто. Ако не сака да си оди да се симне на сила, да се егзекутира, и во наредните 100 години идните генерации да зборуваат колку бил лош и неспособен.

Ајде...
 
Сите тоталитарни режими во историјата почнале со ветувања за тоа што е опишано погоре. Воведување ред, чисти улици, ефикасност, казнување на корумпираните и крај на хаосот. Сакам да кажам, тенка е границата меѓу диктатурата што е опишана горе и тоталитаризам. Тоа што ние сакаме владетелот наш да биде истовремено праведен како Соломон, строг спартанец и ефикасен и точен како швајцарски саат е утопија. Парите, моќта и власта ги расипуваат сите. И на крај наместо Швајцарија на Балканот, се станува Северна Кореја.

Решението не е еден силен човек, туку силни и независни институции. Мене, ми се свиѓа моделот на Сингапур на пример, систем што успеа да спои строга меритократија, нулта толеранција за корупција и висок животен стандард. Тој модел покажува дека државата може да биде истовремено строга и функционална, без притоа да се претвори во идеолошка диктатура или да заглави во партиски хаос.
 
„Независни институции“ е поголема утопија. Еве веќе 35 години се обидуваме а резултатите се тие што се. Само еден човек со вистинска намера и решителност да ги поправи работите може да не извлече од овој хаос.
 
Back
На врв Bottom