Инаку бракот дава многу поголема тежина на врската искрено. Сакале вие да признаете или не. Во врска да си пет пати да се скараш, шестиот ќе се оставиш. Во брак не е така лесно и едноставно.
Реално кога ќе ти текне дека крајот повлекува судови, адвокати, делење имот и објаснување на цела фамилија притисокот те тера да се оладиш.
Наместо да си заминеш на шестото карање, седнуваш на маса, го голташ егото и бараш решение. Бракот те присилува да пораснеш и да созрееш во комуникацијата. Секако се си има граници, и џабе ти пораснуваш и созреваш кога другата страна одлучила вечно да остане дете пример

)))
Во тој случај може ќе си речиш “fuck that shit”, ќе бидам сам, мирна глава итн итн. Спас за менталното здравје, хехе. Ама па и тоа не е идеално, и тоа си има своја цена. Затоа што човекот не е направен да биде сам до крај, колку и да се лажеме некогаш кога ни е преку глава од се.
Секоја опција си има своја цена, лесен излез нема. Само да си го најдеш правиот човек покрај тебе што нема да ти ствара стрес и нервози 24/7. Тогаш и бирократијата и хариите нема да ти претставуваат никаква тежина.