Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 48: @Zlatikevichius - Бракот како институција треба да се укине)

Бракот како институција треба да се укине

  • Вкупно гласачи
    36
Бракот е застарена институција. Луѓето треба да се заедно затоа што се сакаат, а не затоа што се држени со бирократски синџир. Наследство, имот, обврски, се регулираат и со нотарски договори.
 
Апсолутно треба да се укине. Вака само се пунат нотари и адвокати со пари. До човекот е а не до хартијата. Треба обврските да се уредат на ниво на родителство а не на брачен партнер. А родител си и без да бидеш во брак.
 
Уф, што да биде контроверзно. Малку ја запоставив темава, не ни читав што имавте последните неколку теми. Ај нешто набрзинка, во 6 сабајле онака прво што ми текнува.

Бракот како институција треба да се укине. Далеку сум јас од некои современи либтардски текови, а уште подалеку од феминистичкиот point of view, кои верувам дека истово или слично нешто застапуваат. Ова го зборувам од чисто машка перспектива - не сум јас против заедница на маж и жена, и пред Бога, ете, да речеме. Ама сметам дека целата таа бирократија околу бракот како институција е непотребна. Пр. да не може да земеш кредит ако жена ти не се потпише, да не можеш да извадиш извод ако не потврдиш со венчаница дека си во брак, да не можеш да прднеш без жената која можеби ни не придонесува нешто за бракот и семејството, ама сепак се прашува. Жените свртете го обратно ова - секаде кај што пишува жената, читајте мажот, и обратно. Значи муабетот ми е - од бракот на хартија придобивки не постојат, затоа треба да се укине.

Па, пуцајте.

Brakot e nacin na zivot pomegju lugje, koj e so vekovi prisuten megju lugjeto. Vo site drzavi, nacii i pleminja i vo sekoja relevantna vera. Retko nesto da e od celoto covectvo tolku prifateno kako brakot. Pokraj toa statisticki vo brakovi se ragjaat najmnogu deca. Od interes e posebno vo drzavite so demografski problemi, da se neguva brakot kako institucija. Isto taka vo brakot i formalno se prezema odgovornost za drug covek kako zaednica, ne deka toa ne e mozno decko i devojka da ziveat zaedno, ama odlukata da raskines bez brak e polesna nego vo brak.

Jas vo toj pogled sum liberalen, sekoj neka zivee kako saka. No primetlivo e deka odredeni grupi, posebno vo zapadnata hemisfera, aktivno rabotat protiv brakot. Zatoa na tie grupi treba aktivno da im se zabrani toj aktivizam.
 
Инаку бракот дава многу поголема тежина на врската искрено. Сакале вие да признаете или не. Во врска да си пет пати да се скараш, шестиот ќе се оставиш. Во брак не е така лесно и едноставно.

Реално кога ќе ти текне дека крајот повлекува судови, адвокати, делење имот и објаснување на цела фамилија притисокот те тера да се оладиш.
Наместо да си заминеш на шестото карање, седнуваш на маса, го голташ егото и бараш решение. Бракот те присилува да пораснеш и да созрееш во комуникацијата. Секако се си има граници, и џабе ти пораснуваш и созреваш кога другата страна одлучила вечно да остане дете пример :))))

Во тој случај може ќе си речиш “fuck that shit”, ќе бидам сам, мирна глава итн итн. Спас за менталното здравје, хехе. Ама па и тоа не е идеално, и тоа си има своја цена. Затоа што човекот не е направен да биде сам до крај, колку и да се лажеме некогаш кога ни е преку глава од се.

Секоја опција си има своја цена, лесен излез нема. Само да си го најдеш правиот човек покрај тебе што нема да ти ствара стрес и нервози 24/7. Тогаш и бирократијата и хариите нема да ти претставуваат никаква тежина.
 
Кога влегуваш во брак, ти стануваш едно со сопругата. Не треба да има повеќе "мои/твои пари", "мој/твој имот" итн. Смешно ми е кога ги читам како луѓето се во "брак" а имаат разделени финансии. Па кој курац си во брак ако не му веруваш на сопругот/сопругата?
Точно е дека бракот на некој начин повеќе ја штити жената, ама според мене тоа е правилно. Е сеа, ако стапиш во брак со некоја која ќе ти го направи животот пекол, не ти е бракот крив, ти си крив. Ама многу е полесно да ја обвиниме институцијата отколку да погледнеме кон себе си.
Да не зборам за тоа колку се комплицирани некои работи кога некој не е во брак. Пример, со жена ми купувавме заеднички стан пред да стапиме во брак, па имаше еден куп компликации, од тоа како да бидат направени исплатите, колкави проценти од која сметка треба да бидат итн., кој кога и каде да биде присутен (нотари, адвокати итн)....
Е сеа, нормално е дека си има ризик. Може некој ќе се смени после Х време, ама па во тој случај не треба да се заборават убавите работи од претходно. Така да ако жената седела дома и ти ги гледала децата 10 години, ферски е да ти "земе" пола од имотот. Е сеа, ако жената ти одела од кафе на кафе и само ти ги трошела парите, јебига си направил лоша одлука и ќе си ги сносиш последиците.
 
Сум против укинување на бракот.
Повеќе има позитивни ефекти постоењето на бракот отколку во ситуацијата да не постои брачната заедница.
Сега е сепак подобро со бракот.
И во денешно време нема брзање и влегување на слепо во брачна заедница како порано, сега барем има постојат врски во кои се испитува теренот за иден заеднички брачен живот, па на кој како му одговара.
Барем сега е изборот за врска поголем.

Е да, од ова постоење на врски и испитување на теренот има и негативни последици, некои забегуваат и бараат од врските и од партнерите премногу.
Бараат премногу а без самите да се запрашаат што тие всушност имаат да понудат за тоа што го очекуваат.
Ова е повеќе изразено кај женскиот пол, едноставно мнозинството на жените бараат премногу, бараат многу повеќе од она што го поседуваат и што можат да понудат. Па така забегани со тек на времето или ќе намалат со критериумите или ќе останат на станицата.
Нека ми простат дамите кои се активни на овој форум и на оваа тема, и секако нека ми простат и оние припаднички од женскиот пол кои ова ќе го читаат.
Ама реално е така, огромно мнозинство од женскиот пол бараат многу повеќе од она што можат самите да понудат.
Пазарот е презаситен, не е се во тоа да понудат она што го имаат меѓу нозете, жалам што е ова вулгарно и навредливо, ама подобро искрено и реално.
Да, жената го напушта својот дом каде израснала, ама бараат многу нереално.
 
Кога влегуваш во брак, ти стануваш едно со сопругата. Не треба да има повеќе "мои/твои пари", "мој/твој имот" итн. Смешно ми е кога ги читам како луѓето се во "брак" а имаат разделени финансии. Па кој курац си во брак ако не му веруваш на сопругот/сопругата?
Точно е дека бракот на некој начин повеќе ја штити жената, ама според мене тоа е правилно. Е сеа, ако стапиш во брак со некоја која ќе ти го направи животот пекол, не ти е бракот крив, ти си крив. Ама многу е полесно да ја обвиниме институцијата отколку да погледнеме кон себе си.
Да не зборам за тоа колку се комплицирани некои работи кога некој не е во брак. Пример, со жена ми купувавме заеднички стан пред да стапиме во брак, па имаше еден куп компликации, од тоа како да бидат направени исплатите, колкави проценти од која сметка треба да бидат итн., кој кога и каде да биде присутен (нотари, адвокати итн)....
Е сеа, нормално е дека си има ризик. Може некој ќе се смени после Х време, ама па во тој случај не треба да се заборават убавите работи од претходно. Така да ако жената седела дома и ти ги гледала децата 10 години, ферски е да ти "земе" пола од имотот. Е сеа, ако жената ти одела од кафе на кафе и само ти ги трошела парите, јебига си направил лоша одлука и ќе си ги сносиш последиците.
Како ја штити бракот повеќе жената? Please explain yourself.
 
Големо - ПРОТИВ!

... која е причината за непостоење на бракот?
поради емотивната- духовната заедница (која партнерите ја градат меѓу себе или пред верска институција) или правниот договор кој го наметнува државата без официјален брак, поединците би задржале целосна финансиска и правна автономија, секој партнер би менаџирал со сопствениот имот, кредити без потреба од согласност од другиот (најчеста причина) и непостоење на развод кој често е скап, долготраен и емотивно исцрпувачки процес кој се одвива пред судовите.

- моменталниот систем го третира бракот како еден вид социјален заштитен механизам кој треба да спречи еден од партнерите да биде оштетен.
- бракот нуди автоматизирано признавање на татковството и појасна правна рамка за издршка на децата,
- во случај на болест или несреќа, брачниот другар има автоматско право на медицински одлуки и посета во болница или при ненадејна смрт, преживеаниот партнер автоматски станува законски наследник и корисник на семејна пензија, што кај неформалните заедници често бара комплицирани судски докажувања.
- во заедниците каде едниот партнер се посветува на одгледување деца или домаќинството (а со тоа го жртвува својот кариерен напредок), законот гарантира дека при разделба тој нема да остане без ништо имотот стекнат во брак се смета за заеднички токму поради придонесот кој не е секогаш изразен во пари.

...и доколку посакувате да не постои институција „Брак“ не дека ќе докажете дека не го сакате партнерот, односно секогаш ќе го сакате, туку вие сакате да исчезне правниот заштитен механизам кој државата го гарантира и бракот би престанал да постои на хартија, сите права и обврски би преминале на ниво на поединци, што создава сериозни ризици како губење на поимот „заеднички имот“, финасиски губиток на партнерот кој бил одговорен за домаќинството и децата, кој ја зема обрската на догледување на децата при непостоење на обврска и алиментација?

...пишувате дека во брак мора со согласност и потпис на партнерот и ангажирање на бирокртија, а што мислите без постоење на институција БРАК тек тогаш ќе проработат илјадници приватни нотарски договори:

-договор за купување стан, договор за поделба на трошоци, полномошно за медицински одлуки, тестаменти за наследство и тоа би било уште поголема, поскапа и покомплицирана бирократија од онаа што постои сега со еден обичен венчален лист што означува Брак, така да сте ја утнале желбата за непостоење на институцијата БРАК, нормално доколку сакате да преовладува хаосот и во иднината на децата и на самите невенчани партнери и нормално да спиете кај нотарот во канцеларијата од илјадници донесени нотарски договори со невенчаниот партнер!
 
Последно уредено:
Инаку бракот дава многу поголема тежина на врската искрено. Сакале вие да признаете или не. Во врска да си пет пати да се скараш, шестиот ќе се оставиш. Во брак не е така лесно и едноставно.

Реално кога ќе ти текне дека крајот повлекува судови, адвокати, делење имот и објаснување на цела фамилија притисокот те тера да се оладиш.
Наместо да си заминеш на шестото карање, седнуваш на маса, го голташ егото и бараш решение. Бракот те присилува да пораснеш и да созрееш во комуникацијата. Секако се си има граници, и џабе ти пораснуваш и созреваш кога другата страна одлучила вечно да остане дете пример :))))

Во тој случај може ќе си речиш “fuck that shit”, ќе бидам сам, мирна глава итн итн. Спас за менталното здравје, хехе. Ама па и тоа не е идеално, и тоа си има своја цена. Затоа што човекот не е направен да биде сам до крај, колку и да се лажеме некогаш кога ни е преку глава од се.

Секоја опција си има своја цена, лесен излез нема. Само да си го најдеш правиот човек покрај тебе што нема да ти ствара стрес и нервози 24/7. Тогаш и бирократијата и хариите нема да ти претставуваат никаква тежина.

Да се надоврзам, најстарите примери за прото-бракови се оние на Хомо сапиенсот од пред 300К години.
Имено жените собирачки во просек имале бебе на секои 4-6 години (за разлика од земјоделските средини каде имале по едно на секои пар години).
Освен тоа прагматичноста налагала нешто као нуклеарно семејство. Во моменти на опасност, татото зима едното дете на грб, мајката помалото на грб и бегаат од опасноста. Што би правеле со 11 деца? Како би се одбраниле од кљовастиот тигар и волкот?

Партнерисувањето со два поедици од супротен пол испаднал еволуциски win!
Она што денес го имаме е ехо на далечното минато каде наите прапрапапра претци се затрескувале во единка од супротен пол.
 
Со 11 деца доаѓа одговорот на квантитет пред квалитет. И тој одговор нашите предци во мнозински процент го тераа до ВСВ. После тоа дојде популарно да биде мислењето само сељаците и простите имаат деца.
 
Зависи, во време на ловци-сакупљачи 11 деца би биле рецепт за пропаст. Земјоделските култури можеле да си дозвоат тоа, кај ловците немало сигурен ручек. Евентуално маж и жена би се спариле откако малите ќе потпораснат 9-10 години и да бидат способни да држат копје во раце, да баратаат со сечиво од камен и слично.

Е сеа во селата од 19 век од родени 11 деца 6 умирале набрзо јер бабици со гнасни рачишта неизмиени и без дезинфеција ровареле наоколу па сепса и тоа е, отиде детето.
Денес сме во друга крајност, луѓе мечтаат за хедонизам кој никогаш нема да го имаат колку и да си го лажат умот.
Ловење мамути, праисториски бизони од два тона и диви свињи со големина на магаре воопшто не биле наивна работа. Затоа во ловот, риболовот, собирањето, foraging па и лешинарење, Постојано во движење, немало шанси да имаат по 11 дца.
 
Да се надоврзам, најстарите примери за прото-бракови се оние на Хомо сапиенсот од пред 300К години.
Имено жените собирачки во просек имале бебе на секои 4-6 години (за разлика од земјоделските средини каде имале по едно на секои пар години).
Освен тоа прагматичноста налагала нешто као нуклеарно семејство. Во моменти на опасност, татото зима едното дете на грб, мајката помалото на грб и бегаат од опасноста. Што би правеле со 11 деца? Како би се одбраниле од кљовастиот тигар и волкот?

Партнерисувањето со два поедици од супротен пол испаднал еволуциски win!
Она што денес го имаме е ехо на далечното минато каде наите прапрапапра претци се затрескувале во единка од супротен пол.
Човекот е апекс предатор, какво црно бегање. Ти како градски човек да бидете со уште неколку фамилии нема да бегате, не па луѓе научени во таква средина.
 
Како ја штити бракот повеќе жената? Please explain yourself.
Од финансиски аспект. Тоа е најголемата причина поради која мажи не сакаат да стапат во брак, да не им ги земе некоја парите.
Затоа имаш случаи кај што маж и жена имаат 2-3 деца а не се во брак. Тие мажи добиваат се што им треба без да имаат никаква жртва на својата "слобода". Од друга страна, жената има намалена шанса за кариера (породилно, чување деца) и поради тоа заработува помалце. Уште полошо, ако жената остане дома да се грижи за децата, нема ни пензиско ни ништо. Ако мажот и жената се разделат, жената не добива ништо иако таа има удел во успехот што нејзиниот маж го постигнал.

Така да, една од целите на бракот е да ја заштити жената која се наоѓа во поранлива ситуација во однос на нејзиниот маж, особено кога станува збор за деца.
 
Бракот е застарена институција. Луѓето треба да се заедно затоа што се сакаат, а не затоа што се држени со бирократски синџир. Наследство, имот, обврски, се регулираат и со нотарски договори.
Си гласал погрешно.

Апсолутно непотребна институција, непотребна бирократска процедура која на луѓето им продава идеја дека нивната врска станува „повредна“ откако државата ќе стави печат на неа. Не ми е логично основни права и обврски меѓу двајца партнери да зависат од потпис на документ. Ако две лица живеат заедно 10, 20 или 30 години, имаат деца, заеднички имот, заеднички финансии и заеднички живот, зошто нивната врска би била помалку валидна од онаа на некој што вчера се венчал?
Правата треба да произлегуваат од реалната заедница и заедничкиот живот, а не од формален административен чин.

Во многу нордиски земји е сосема нормално луѓето да живеат заедно цел живот без да стапат во брак. Имаат деца, купуваат станови и куќи, градат заеднички имот и функционираат како семејство без да чувствуваат потреба нивната врска да биде потврдена со церемонија или документ.

Бракот денес е повеќе традиција и општествен симбол отколку реална потреба.
 
Back
На врв Bottom