Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Го има објавено синопсисот на фејсбук. :D И ако се суди по синопсисот делува ко да може да се сними добра драма, ама со оглед на талентот што го има човекот, поарно да се даде сценариото за доработка и снимање на некој друг.
Најплодно земјиште руда да се вади? Научна фантастика филмот.
 
Ако бидеме реални, жанров со снимање најзатуцани примитивни работи во земјава почна баш од Милчо со Пред Дождот, и 30 години подоцна нашите режисери го емулираат надевајќи се на номинација за Оскар.
Кога се тврди нешто редно е да се објасни и со повеќе зборови. Кажи ми што е толку примитивно и затуцано во “Пред дождот”?
Животот на монасите, македонските селани што колаа животинче, докторот што пораѓаше животно, крш автобусот со кој Ацо доаѓа во селото, селаните што ја бркаа Шиптарката и омразата меѓу Македонците и Албанците? Буквално прикажан животот на Македонецот од памтивек до денес.

Стварно ме интересира што толку примитивно прикажал Милчо во филмов.
И кажи ми дали и “Медена земја” според тебе не прикажува ко примитивци? Пошто коментарите за тој документарец баш од Македонците беа ужасни.
Дека е вистина тоа за животот во селата, вистина е. Тежок живот е. Ама види колку режисери снимиле филмови на таа тема пред Манчевски.

Така да просто клише е филм за турско или војната, оти сите се такви кај нас у жанр драма.

Фали некој добар трилер или некоја добра комедија, зошто секој македонски филм мора да биде со сериозна приказна и од гледачот да бара емпатија?
Дајте некоја комедија, нешто забавно, некој спортски филм снимете (не за Делфина), некоја крими мини серија. Како Би Би Си снимаат мини серии, зарем ние морало по 20 епизоди у серија да имаме?

Фали креативност малку у нашата кинематографија. Пола режисери наоѓаат вистински настани и се инспирираат од тоа како да им е некоја дипломска работа тој филм што ќе го снимаат. А кога ќе снимат нешто "креативно" е копија од Запад.
 
Најплодно земјиште руда да се вади? Научна фантастика филмот.
Еве не мора рудник, соларни панели нек бидат. Појди низ Македонија види колку ниви се продадени за соларни панели да реди некој. Скоро шетав низ Војводина, 90% од нивите покрај патот беа засадени дали со пченица, дали со пченка, дали со зеленчук или овоштарник направен.

Па нормално е дека ќе не гледаат ко примитивци кога сами се претставуваме така, го памтите муабетот што ви го правев за Диџеј Ахмет? Луѓево кога гледаат македонски филм, од она што сами им го прикажуваме мислат дека тука живее затуцано муслиманско, циганско население кое се уште практикува обичаи кои ги има само во Авганистан.

Срамотилаци живи, и упорно снимаме такви филмови и форсираме малцинства и филмови на туѓ јазик, додека македонската култура и јазик се потиснува.

За жал во Југославија македонските филмови беа далеку подобри, и таму имавме далеку подобра култура, филмови, литература од осамостојувањето.
За култура да, за литература можеби, за филмови тука негде е. Самиот јазик во филмовите за време Југославија е чист и мелодичен, непоганет, без скопски дијалект и сленг, со акцентски целости, правилна дикција, али далеку од тоа дека тие филмови се најдобрите што го имаме.

И во време Југе се снимале глупости што не би требало да постојат (пример: Дубровски, До победата и по неа, Планината на гневот, Жед, Истрел, Време води, Јужна патека…), и во тоа време се правеле криминали со парите, биле испреплетени ко гз и гаќи, па си делеле пари јас тебе војводо-ти мене сердаре, се краделе сценарија кои се припишувале ко свои, се саботирале проекти на колеги итн. Македонецот отсекогаш бил штеточина кон колегите, не е тоа од денес. А за македонски филмови од тоа време што стварно се квалитетни и вредат можам да ти кажам дека се бројат на прсти.
 
Луѓево кога гледаат македонски филм, од она што сами им го прикажуваме мислат дека тука живее затуцано муслиманско, циганско население кое се уште практикува обичаи кои ги има само во Авганистан.
Па живее.
 
Кога се тврди нешто редно е да се објасни и со повеќе зборови. Кажи ми што е толку примитивно и затуцано во “Пред дождот”?
Животот на монасите, македонските селани што колаа животинче, докторот што пораѓаше животно, крш автобусот со кој Ацо доаѓа во селото, селаните што ја бркаа Шиптарката и омразата меѓу Македонците и Албанците? Буквално прикажан животот на Македонецот од памтивек до денес.

Стварно ме интересира што толку примитивно прикажал Милчо во филмов.
И кажи ми дали и “Медена земја” според тебе не прикажува ко примитивци? Пошто коментарите за тој документарец баш од Македонците беа ужасни.
Значи ќе повторам Милчо прв го направи тоа, да ги покаже најпримитивните средини во државата, а сите други го емулираат. Дај пушти го филмот, види го автобусот, кај спие, гардеробата со крзна, и спореди со сцената во Лондон.

Кога се снима филм, надвор од Скопје, сценаристот и режисерот ги бара најзапуштените, најраспаднатите места од еден град/село и снимаат таму.

Здравје, еден ден кога ќе се среди државава, ќе нема за што да прават филмови.
 
Последно уредено:

Значи уште дооолго доолго ќе гледаме вакви филмови (n)
 
Значи ќе повторам Милчо прв го направи тоа, да ги покаже најпримитивните средини во државата, а сите други го емулираат. Дај пушти го филмот, види го автобусот, кај спие, гардеробата со крзна, и спореди со сцената во Лондон.

Кога се снима филм, надвор од Скопје, сценаристот и режисерот ги бара најзапуштените, најраспаднатите места од еден град/село и снимаат таму.

Здравје, еден ден кога ќе се среди државава, ќе нема за што да прават филмови.
Можеш да повториш и уште 5 пати, али во твојов случај повторувањето не е мајка на знаењето.

“Пред дождот” е четириесет и вториот игран долгометражен филм во земјава. Од тие 41 филм пред него, не ми е гледан само “Малиот човек” зашто не постои снимка на интернет и не е емитуван на телевизија во последните 20 години.

Од тие 40 филмови пред “Пред дождот” бар 10 филма се снимани во селски средини. Очигледно не си ги гледала “Жед”, “Време без војна”, “Време, води”, “Македонски дел од пеколот”, “Најдолгиот пат”…

Милчо (може) е крив за многу ствари, али дека он прв измислил да снима филмови во селски средини и прикажувал “примитивни” средини е апсурд.

Тоа што Ацо се вози во крш автобус е слика и прилика за државата и денес, а не пред 30 години, па пред некоја година се запали автобусот на Дурмо, секоја година во “урбаното” Скопје се пали по некој автобус на ЈСП. Малце пребрзо забораваш на “урбаната” реалност во која живееш.

А дека се снимале само филмови во селски или како што милуваш да кажеш примитивни и затуцани средини е крајно неточно. Во последниве 10 години се снимени 53 долгометражни филмови - од нив само 10 се снимени делумно или целосно во село.
Многу повеќе погрешно не претставуваат урбаните приказни, отколку затуцаните селски средини.
 
Па тоа се скоро 20% од новите филмови у 21 век снимани у селска средина.

Ајде за сите филмови у време Југославија и пред осамостојување и пред 21век (не мислам на филмот) е прифатливо филмовите да се снимани у селски средини и слично, толку биле можностите, таков бил животот. Знам и за многу други филмови, турски што се снимаат кај нас исклучиво во селски средини, и тоа не само Диџеј Ахмет (оџата сабајле пуштил на тоа ѕвучниците на ракетине и ме потсети на филмов) Џемаил@gmail.com :).

Проблемот е, пак ќе кажам, фали креативност, просто треба да измислат некоја интересна, забавна, урбана приказна и да направат филм, а они цело време се водат од вистински настани и случувања од историјата, и така изгледа ги учеле да пишат сценарија оти таква била практиката порано, ама просто досадни се таквите филмови веќе.

А дека Манчевски си ја има муватга на капата и за далавери па и за клише сценарија и слично, си ја има.

Пред Дождот, Прашина и Сенки, сите други филмови му се безврска и без некоја идеја.

Е сега темите Распад југославија војни, Светски војни и Бугари, и Турско Османлии се веќе истрошени и веќе има стотици филмови на овие теми, а за Македонски народни приказни нејќам ни да почнам да постирам.

К-15 беа едни од најкреативните на сцената. Толку многу ликови измислија т.е. изглумеа од просто секојдневие, Охриѓанецот, Ристо и Блажо, разбираш, Цацко Конопишки, Тошо Џандарот, Тошо Малерот, Гркот на граница две женски со зицки :)...

Па еден од режисериве да речеше, дај бе мајко му да направиме еден филм комедија или некој ситком со овие ликови, ама тоа ти е, не знам дали овие имале понуди или немале, или можеби премногу барале, сеедно кинематографијата ни е досадна.
 
Последно уредено:
“Пред дождот” е четириесет и вториот игран долгометражен филм во земјава. Од тие 41 филм пред него, не ми е гледан само “Малиот човек” зашто не постои снимка на интернет и не е емитуван на телевизија во последните 20 години.

Од тие 40 филмови пред “Пред дождот” бар 10 филма се снимани во селски средини. Очигледно не си ги гледала “Жед”, “Време без војна”, “Време, води”, “Македонски дел од пеколот”, “Најдолгиот пат”…
Пола од филмовиве што си ги набројал дејството се одржува некои 30,40, до 70 години пред нивната премиера. Значи се историски филмови.

Не е проблем селото како место за снимање. Проблем е што во модерно време кога се снима на село се снима во крш куќи пред распад во села со едвај 10 жители. Само за споредба куќите од Македонски народни приказни изгледаат ко хациенди.

А истото го спомнав и за градовите, во градовите се снима во разрушени објекти кои се затворени од транзицијата.

Како сакаш врти ја дури и тие филмови што ги наброја немаат она што го има пред дождот а тоа е номинација за Оскар, и самиот тој статус на филмот го прави нешто кон што треба да се стреми секој режисер.
 
Не е проблем селото како место за снимање. Проблем е што во модерно време кога се снима на село се снима во крш куќи пред распад. Само за споредба куќите од Македонски народни приказни изгледаат ко хациенди.

А истото го спомнав и за градовите, во градовите се снима во разрушени објекти кои се затворени од транзицијата.

Како сакаш врти ја дури и тие филмови што ги наброја немаат она што го има пред дождот а тоа е номинација за Оскар, и самиот тој статус на филмот го прави нешто кон што треба да се стреми секој режисер.
Еве предлог Дарлинг барај му на некој режисер главна улога. Предлогот е: Снимање филм у селска средина у Македонија, ама у викендица вила да се чуди и оној Американац што поарчи 175 000 евра за таа куќата у вукојебина негде у Хрватска.

Еве почнувам сценарио: Млада урбана девојка оди на скијање на Шапка со другарки. (значи филм е, не мора и у филмот местото да се вика Шапка, нека си вика шАЛ планина. :) Другарка и е од богато семејство и ја носи неа со другарките кај неа у викендица, некоја вила у пм да се чуди свет. И така они си скијаат, се пијанчат, идат на журки, малку у сауна :), и Дарлинг случајно еден ден се судрува со некој тип на стаза и се повредува, и он ја носи на раце до амбуланта и после тоа ја негува у вилата дури ја посетува и така се заљубуваат и Дарлинг си ги баталува другарките поради него. И таму некаде у средина на филмот, Дарлинг ги начекува некој си Ротманс и другарка и у соба дур влегува ненадејно. :)

Жанр: Романтична комедија

П.С. Дарлинг патентирај го ова, иначе ќе ни го укрдат сценариото. :)
 
Еве предлог Дарлинг барај му на некој режисер главна улога. Предлогот е: Снимање филм у селска средина у Македонија, ама у викендица вила да се чуди и оној Американац што поарчи 175 000 евра за таа куќата у вукојебина негде у Хрватска.

Еве почнувам сценарио: Млада урбана девојка оди на скијање на Шапка со другарки. (значи филм е, не мора и у филмот местото да се вика Шапка, нека си вика шАЛ планина. :) Другарка и е од богато семејство и ја носи неа со другарките кај неа у викендица, некоја вила у пм да се чуди свет. И така они си скијаат, се пијанчат, идат на журки, и Дарлинг случајно еден ден се судрува со некој тип на стаза и се повредува, и он ја носи на раце до амбуланта и после тоа ја негува у вилата дури ја посетува и така се заљубуваат и Дарлинг си ги баталува другарките поради него. И таму некаде у средина на филмот, Дарлинг ги начекува некој си Ротманс и другарка и у соба дур влегува ненадејно. :)

Жанр: Романтична комедија
Епа аплицирај во агенцијава може ќе ти дадат пари да го снимиш :pos:
 
Ќе речеме дека филмот е за лица со неприродна плава коса, зависни од фарби и ќе ни дадат, 100 посто. ;)
Автоматски споено мислење:

...и Дарлинг случајно еден ден се судрува со некој тип на стаза и се повредува...

- Леле, што направив.
(Ама ја опна отпозади!) [дофрлува народ у позадина] :)
- Добра си, душичке? (Darling) :)
- Ах, Оф, Леле... [стенка од болка]
- Чекај, ќе те однесам до амбуланта, да те видат докторите.

(Ја крева во раце онака машки, а она во вертикална положба, малку потсвиткана од болки и свртена со лицето кон него)

@Darling патентирај, жими се. :)
 
Последно уредено:
Пола од филмовиве што си ги набројал дејството се одржува некои 30,40, до 70 години пред нивната премиера. Значи се историски филмови.

Не е проблем селото како место за снимање. Проблем е што во модерно време кога се снима на село се снима во крш куќи пред распад во села со едвај 10 жители. Само за споредба куќите од Македонски народни приказни изгледаат ко хациенди.

А истото го спомнав и за градовите, во градовите се снима во разрушени објекти кои се затворени од транзицијата.

Како сакаш врти ја дури и тие филмови што ги наброја немаат она што го има пред дождот а тоа е номинација за Оскар, и самиот тој статус на филмот го прави нешто кон што треба да се стреми секој режисер.
Очигледно немаш изгледано ни 2 посто од тие 40 филмови што се снимени во урбани средини во последните 10 години. :)
 
Урбани средини каде, во Скопје?
Бидејќи во другите градови се снима или на историски места или во распад маало.
Не сум ги гледала да, ама сум гледала каде се снимаат и како снимаат.
Автоматски споено мислење:

Ќе речеме дека филмот е за лица со неприродна плава коса, зависни од фарби и ќе ни дадат, 100 посто. ;)
Автоматски споено мислење:

...и Дарлинг случајно еден ден се судрува со некој тип на стаза и се повредува...

- Леле, што направив.
(Ама ја опна отпозади!) [дофрлува народ у позадина] :)
- Добра си, душичке? (Darling) :)
- Ах, Оф, Леле... [стенка од болка]
- Чекај, ќе те однесам до амбуланта, да те видат докторите.

(Ја крева во раце онака машки, а она во вертикална положба, малку потсвиткана од болки и свртена со лицето кон него)

@Darling патентирај, жими се. :)
Шо да патентирам, турска серија е ова, ќе ме тужат. :cautious:
 
Урбани средини каде, во Скопје?
Бидејќи во другите градови се снима или на историски места или во распад маало.
Не сум ги гледала да, ама сум гледала каде се снимаат и како снимаат.
Автоматски споено мислење:

Шо да патентирам, турска серија е ова, ќе ме тужат. :cautious:
Ма как'а турска серија. шАЛ планина е наша. Ма да клише муабет е девојка се заљубува во дечко и среќен крај завршуваат заедно,ама не сме имале ние ваков филм до сега.

Немај гајле ти ќе ја искористи некој приказнава, а за тужење па пола мизичари и филм мејкери до сеа требаше да го јадат стапот.
 
Back
На врв Bottom