Значи ќе повторам Милчо прв го направи тоа, да ги покаже најпримитивните средини во државата, а сите други го емулираат. Дај пушти го филмот, види го автобусот, кај спие, гардеробата со крзна, и спореди со сцената во Лондон.
Кога се снима филм, надвор од Скопје, сценаристот и режисерот ги бара најзапуштените, најраспаднатите места од еден град/село и снимаат таму.
Здравје, еден ден кога ќе се среди државава, ќе нема за што да прават филмови.
Можеш да повториш и уште 5 пати, али во твојов случај повторувањето не е мајка на знаењето.
“Пред дождот” е четириесет и вториот игран долгометражен филм во земјава. Од тие 41 филм пред него, не ми е гледан само “Малиот човек” зашто не постои снимка на интернет и не е емитуван на телевизија во последните 20 години.
Од тие 40 филмови пред “Пред дождот” бар 10 филма се снимани во селски средини. Очигледно не си ги гледала “Жед”, “Време без војна”, “Време, води”, “Македонски дел од пеколот”, “Најдолгиот пат”…
Милчо (може) е крив за многу ствари, али дека он прв измислил да снима филмови во селски средини и прикажувал “примитивни” средини е апсурд.
Тоа што Ацо се вози во крш автобус е слика и прилика за државата и денес, а не пред 30 години, па пред некоја година се запали автобусот на Дурмо, секоја година во “урбаното” Скопје се пали по некој автобус на ЈСП. Малце пребрзо забораваш на “урбаната” реалност во која живееш.
А дека се снимале само филмови во селски или како што милуваш да кажеш примитивни и затуцани средини е крајно неточно. Во последниве 10 години се снимени 53 долгометражни филмови - од нив само 10 се снимени делумно или целосно во село.
Многу повеќе погрешно не претставуваат урбаните приказни, отколку затуцаните селски средини.
Па тоа се скоро 20% од новите филмови у 21 век снимани у селска средина.
Ајде за сите филмови у време Југославија и пред осамостојување и пред 21век (не мислам на филмот) е прифатливо филмовите да се снимани у селски средини и слично, толку биле можностите, таков бил животот. Знам и за многу други филмови, турски што се снимаат кај нас исклучиво во селски средини, и тоа не само Диџеј Ахмет (оџата сабајле пуштил на тоа ѕвучниците на ракетине и ме потсети на филмов) Џемаил@gmail.com

.
Проблемот е, пак ќе кажам, фали креативност, просто треба да измислат некоја интересна, забавна, урбана приказна и да направат филм, а они цело време се водат од вистински настани и случувања од историјата, и така изгледа ги учеле да пишат сценарија оти таква била практиката порано, ама просто досадни се таквите филмови веќе.
А дека Манчевски си ја има муватга на капата и за далавери па и за клише сценарија и слично, си ја има.
Пред Дождот, Прашина и Сенки, сите други филмови му се безврска и без некоја идеја.
Е сега темите Распад југославија војни, Светски војни и Бугари, и Турско Османлии се веќе истрошени и веќе има стотици филмови на овие теми, а за Македонски народни приказни нејќам ни да почнам да постирам.
К-15 беа едни од најкреативните на сцената. Толку многу ликови измислија т.е. изглумеа од просто секојдневие, Охриѓанецот, Ристо и Блажо, разбираш, Цацко Конопишки, Тошо Џандарот, Тошо Малерот, Гркот на граница две женски со зицки

...
Па еден од режисериве да речеше, дај бе мајко му да направиме еден филм комедија или некој ситком со овие ликови, ама тоа ти е, не знам дали овие имале понуди или немале, или можеби премногу барале, сеедно кинематографијата ни е досадна.