И во Турција не е баш нај-нај морето, ќе видиш. Нема ништо зелено, ама ем на два чекори почнува длабокото, ем многу големи бранови и струи има. Три години по ред одам таму, единствено лани во Белек бев позадоволен и од морето и од плажата. Во Сиде бев 2024 - сега зависи во кој дел од Сиде си. Јас таму го утнав хотелот, инаку плажата беше така-така. Ама Сиде има што да видиш, што да посетиш во околината, тоа е подобро за разлика од Кемер, Белек, Аланија, Лара... Античкиот локалитет Сиде е прекрасен! Плус многу блиску (од мојот хотел само 5 км беше) е Манавгат, тоа е голем град и има преубави водопади на реката баш во центарот на градот. Самиот град има 250 000 жители, има и евтин пазар и преубави шопинг центри, ако сакате да купувате нешто. Ама пак ќе речам - морето е најголемиот проблем во Турција.