Каде на одмор 2026

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување
Брат, се вратив со најдобри импресии, буквално најдобрата локација на која сум бил на летен одмор! Плажата во Сиде (делот на хотелот Ројал Сиде Палас) е прекрасна: Пространа, чиста, средена, со песок ситен ко брашно, морето е бистро, питомо, нема буквално ниедно камче, водата е топла, а има добри 150 метри одење до длабокото. За деца и непливачи измислено! :)

Хотелот не би го сменил ни следната година, профи, не можам една маана да најдам. Местото е супер, опкружено е со шопинг молови (и тезги) кај што има огромени избор на "ориџинал фејкс" по супер цени. Климата ептен погодена во перодот од 12 до 20.06, немаше голема влажност, не беше претопло, тамански.

Ќорав комарец немаше (супер испрскале), ниту мувс не видов, ниту оси... Единствено по некое рипче у море, никакви створови кои може да го нарушат уживањето.

Лет со авион 1 час и 40 минути, па трансфер со автобус до хотелот околу 55 минути. Супер организација на Фибула.

Оцена: 10/10.
Супер, баш ми е мило што ти се погодил одморот. Ти реков, мене веројатно лошите импресии ми беа дека го утнав хотелот во Сиде. Ама околината е прекрасна. Јас бев во близина на Титренѓол - тоа е природно езеро на некои 30-40 метри од морето. И кејот на езерото беше убаво уреден, со шеталиште, клупи... Прекрасно беше.

Хотелиерството во Турција е приказна сама за себе. Кој не бил, не може да му се објасни, мислам. Ама кажи, дали 90% од гостите беа Руси? И дали те нервираа со својата некултура?
Ќорав комарец немаше (супер испрскале), ниту мувс не видов, ниту оси...
Ова е вака секаде во Турција - комарци нема. Јас 3 години одам, ни еден не ме каснал. Кај мене дома 3 минути да излезам надвор - 10 убоди од комарци.
 
Супер, баш ми е мило што ти се погодил одморот. Ти реков, мене веројатно лошите импресии ми беа дека го утнав хотелот во Сиде. Ама околината е прекрасна. Јас бев во близина на Титренѓол - тоа е природно езеро на некои 30-40 метри од морето. И кејот на езерото беше убаво уреден, со шеталиште, клупи... Прекрасно беше.

Хотелиерството во Турција е приказна сама за себе. Кој не бил, не може да му се објасни, мислам. Ама кажи, дали 90% од гостите беа Руси? И дали те нервираа со својата некултура?

Ова е вака секаде во Турција - комарци нема. Јас 3 години одам, ни еден не ме каснал. Кај мене дома 3 минути да излезам надвор - 10 убоди од комарци.
Не беа Руси, туку Германци. Можеби најнапорниот дел е тоа што слушаш само германски, гледаш Германци и по дифолт (во хотелот и надвор на шопинг) ти се обраќаат на германски. Повеќе германски се изнаслушав и изназборев тука, отколку кога бев во Келн пред некој месец :))
 
Back
На врв Bottom