Кино сали во Македонија (Cineplex, Шминеплекс и се останато)

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа со ВИП и ВИП Делукс седиштата обичен cash grab, пола редови ги зафатија со седишта за кои се плаќа 100-200 денари поскапо, а реално не нудат ништо неопходно.. Да пружам нозе напред, голем к..:ROFLMAO: Башка не е оптимално искуството пошто се во задни редови.
Проектори и звучен систем супер што надградиле, иако не приметив некоја значајна разлика во однос на претходно.
 
Да прашам зошто на Web сајт не се излистани проекции за сабота? Работи Cineplexx во саботи?
Аф сега имат.... Кој шит сајт.....
 
Знае некој зошто не може да се резервираат седишта како порано? Сите се само онлајн веднаш да купиш.
 
Најгледани филмови во Синеплекс од отворањето во 2012 до 18 март 2026:

1. Joker (2019) - 35.021 гледачи
2. Svadba (2026) - 34.926 гледачи
3. Barbie (2023) - 28.149 гледачи
4. Avengers: Endgame (2019) - 24.171 гледачи
5. Spider‑Man: No Way Home (2021) 23.962 гледачи

Извор
 
Nekoj znae li koga ke bidat pusteni karti za Odyssey vo cineplex? Idealno bi sakal da go gledam vo one salonica na IMAX ali ako ima nekoj bilo kakva informacija bi bil blagodaren.
 
Го нема на у листа Наскоро

Иначе Scary Movie би го гледал, ама карта 5 евра, а Нетфликс претплата 7 евра...
 
@nE0n1nja што е толку смешно? Знам дека Скери Муви 6 ќе го нема на Нетфликс, ама споредбата е 5 евра у кино за саат и пол и 5 евра Нетфликс претплата за цел месец филмови и серии за коишто ќе немаш ни слободно време да ги изгледаш, па ти види.

Иначе Скери Муви, на торент веќе го има, 10 евра интернет месечна претплата симињаш колку сакаш и можеш да изгледаш месечно.

Сеедно, скапа е картата за у кино кај нас за било кој филм
 
Смешно е што споредуваш кино со Нетфликс или било што. Во кино идеш за визуелно-аудио искуство и за дружбата ако идеш со друштво. И за да не чекаш два месеци за да излезе по торенти па да го гледаш, кога веќе сите го изгледале, го зборат и ти искачаат спојлери на сите страни.

Иначе во вторници се околу 50 денари поефтини картите, последно 230 денари платив за Mortal Kombat.
 
Па што фали на домашно кино? Зарем дома не може да си викнеш друштво и да испукаш пуканки?
Пак ќе кажам за 5 евра Нетфликс претплата и 15 евра интернет претплата =20 евра имаш содржини за симнување колку сакаш, а у кино, па и не е некое јако искуство, сум бил неколку пати, прегласно озвучување, галама, луѓе стануваат (како на CAM снимка од нет) итн... а видеото не е нешто најдобро, како што зборат таму во другата тема.

Едно време беше кино 20, 30 денари за стари филмови у кина у предградијата, у центар беа околу 100, 120 ден за најновите. Тогаш немаше интернет, ама имаше препродавачи на ДВДа и видеотеки во кои 120 ден до 150 ден беше месечна членарина.

Сега, еве ќе речам е на едно повисоко дигитално ниво се тоа и видеотеките и кината, а си имаме и интернет и торенти, оти нема се ниту на Нетфликс ниту во кината, па ќе си симнеш ако нешто те занима.

Иначе го глеав Мортал Комбат од торент, океј филм.
 
Брат ти може да не сакаш кино или да сметаш дека не се исплати, ама не значи дека треба да споредуваш баби и жаби. Јас имам и домашен сетап и гледаме филмови и серии на него секој викенд, ама секако на големиве филмови идеме во кино.

Еве на Dune пример бевме 12 души, со некои сум само познаник, сите дома ли да ги викам? Аудиото за мене не е прегласно него е таман, чувството кога осеќаш седиштето како ти вибрира од басот не можеш во обични домашни услови да го доловиш. Исто важи и за сликата, поготово филмови како Аватар во 3Д итн., а и за 2Д самата големина на платната дава поинакво искуство.

А фактот дека го гледаш филмот во исто време кога и цел свет го гледа и дискутира за него е исто така многу битен. Еве сега Supergirl, Spiderman или Odyssey мислиш дека ќе чекам појше од 2 месеци за да ги гледам од торент? Nah bro.
 
Back
На врв Bottom