Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 41: @Plotwist - Автобусите да имаат редар, Мирко, со неограничени ингеренции)

Автобусите да имаат редар, Мирко, со неограничени ингеренции.

  • Вкупно гласачи
    16
...па на часот озбилно ќе се дискутира за воени тактики, начини како побрзо да го ликвидираш непријателот(се разбира, виртуелно), Сето тоа го стимулира кортексот и ни дава поблиски видувања на нештата...во...што?!?
...море од информации, море од онлајн научни достигнувања и студии, море од блогови за теми кои навистина можат да не натерат да размислуваме и да ги прошируваме нашите хоризонти, ама не, ние секогаш учиме најубаво...како подобро, себеси и меѓусебно, да се уништуваме
 
Стратегиите на пример ги подобруваат умствените способности, како работна меморија и носење одлуки. Имаат истражувано на луѓе што играле Rise of nations и многу позитивно влијание. Секако подобро од пцуење на форум и фб.
 
... да?
...за кои способности станува збор?
...каде е реалноста во таа приказна, или можеби треба да научиме да ја прифаќаме како реалност?
...реалноста е само и само на страната на оние што ги полнат џебовите со пари...останатите имаат само скапо купен сон дека живеат

...патем, меѓу игрите и пцуењето постои нешто од непроценлива вредност, тоа е нашиот живот. А во него има толку многу да се доживее и научи, за да бидеме подобри луѓе од вчера, или грешам?
 
Последно уредено:
Повеќе ќе запамети што видел на филмот, отколку книгата која нема да ја прочита и да го препише есејот кој ќе му го напише вештачката интелигенција.
... треба ученикот да чита букви, а не да гледа визуелно движење на ликови преку филмот, прекумерното и постојано, целодневно играње видео игри е силно поврзано со антисоцијално, анксиозно и „аутистично“ однесување на тие деца!
 
Последно уредено:
У право е @мкд владе !
А бре не сте нормални со идеиве :D

North Korea GIF by The Guardian

место вака на дисциплина да ги вратиме.. они гејминг да им стават :facepalm:
 
... треба ученикот да чита букви, а не да гледа визуелно движење на ликови преку филмот
Која глупост. По твојата логика не треба да постојат ни предметите ликовно, музичко, физичко... зашто детето треба да чита букви, не таму да шлака бои на хартија, да пее или да игра фудбал.
 
Која глупост. По твојата логика не треба да постојат ни предметите ликовно, музичко, физичко... зашто детето треба да чита букви, не таму да шлака бои на хартија, да пее или да игра фудбал.
... музичко се чита букви „ноти“, ликовно се „чита“ спектар на бои и како се мешаат и добива друга боја, физичко се учи за теорија на спортот, терен, топка, мозокот работа, ние пишувавме за Лектира и таа да не се чита туку истата да биде како филм да се гледа, не знам зошто погрешно ми го толкуваш напишаното, па јас напишав дека Лектира треба да биде страница во рака и да се чита букви, а не да се гледа филмот на истиот настан од лектира!

... доаѓаат студенти неписмени, немаат капацитет да ја прочитаат втората страница од пишаното, сакаат да одговараат и да положат со точен одговор под а), б), в), г), па научиле каде има повеќе текст т.е. образложение тој е точниот одговор!
 
... музичко се чита букви „ноти“, ликовно се „чита“ спектар на бои и како се мешаат и добива друга боја, физичко се учи за теорија на спортот, терен, топка, мозокот работа, ние пишувавме за Лектира и таа да не се чита туку истата да биде како филм да се гледа, не знам зошто погрешно ми го толкуваш напишаното, па јас напишав дека Лектира треба да биде страница во рака и да се чита букви, а не да се гледа филмот на истиот настан од лектира!
Во Хрватска во списокот на задолжителни лектири има ТВ емисии, филмови, серии и други аудио-визуелни уметнички дела. По музичко се читале ноти, ликовно се читал спектар на бои. Па по филм не може да се прочита актерска игра, актерски израз, кинематографија, сценарио (кое само по себе е книжевна форма)? Никој наназад не пиша дека децата не треба да читаат книги како што ти даваш толкување сега кое сама си го измисли. Ако сум грешка и ако некој пишал нешто такво, еве цитирај го и исправи ме.
 
...сакаш да кажеш дека сите кои сте „ЗА“ мислите да покрај 10, 20 задолжителни наслови на лектира кои треба да се прочитаат во текот на годината, децата т.е. учениците дополнително да имаат плус видео игри наместо гејмање едукативна програма за гледање филм од некоја прочитана лектира, не би рекла за таква преоптовареност, туку за кратење на читањето во интерес на видео програмите!

...не мешај физичко посетување на театар и кино, тука се пишува за видео гејминг пред компјутер, а не посета на кино и театар кое покрај доживување е препорачано децата да го видат онака како публика делото кое претходно е прочитано како лектира!
 
Back
На врв Bottom