Мислењево е толку филозофско и толку широко, опфаќа повеќе тематики, но истовремено се фаќам како се почесто и почесто размислувам за истото. Ќе се обидам некако да го формулирам за да не биде ептен all over the place.
Мое мислење е дека човештвото треба да се врати на нивото на технолошки напредок од пред 20 години и да застане тука. Со сите предности и недостатоци што ги носи таквото уназадување ( или напредување, зависи за кој како ). Тоа беше пикот и се што доаѓа после тоа, оди само во негативна насока.
Бевме во некаква состојба на good enough поврзаност, доволна информираност и онлајн достапност. Ако некој ти треба, имаш можност да му се јавиш. Ако сакаш да дознаеш нешто, имаш ТВ, гледаш вести, информативни емисии, читаш книги, посетуваш библиотека. Имаше офлајн живот, кога луѓето беа навистина присутни во моментот. Сега ми се чини дека сите сме мултитаскерс константно, преплавени сме од инфрмации, мислам дека веќе не ги регистрираме информациите туку ги абсорбираме.
Повеќе се ценеа работите. Немаше мобилна поврзаност, на телефонот имаш меморија за 30 песни, бираш внимателно плејлиста. Се купуваа албуми, филмови. Имаш физичка сопственост врз нешто и тоа кошта, па бираш внимателно на кој артист/филм/книга ќе потрошиш пари. Сега купуваме право да слушаме/гледаме/читаме, и искрено е шит. Има шит музика, шит серии, шит филмови. Искрено после 2018 некаде престанав да слушам нови артисти. Да, секој доби можност да навлезе во индустриите, но по која цена?
Пред само 11 години, значи ова беше во 2015, бев на Work and Travel во САД. Не поседував смартфон, цела среќа Грујо пушти "таблет за секое дете" па земав некој глуп таблет од Анхоч за 6000 денари. Ацер, кочеше, се исклучуваше, ужас. Дури и во 2015 во САД немаше интернет покриеност насекаде, и дата плановите беа навистина скапи, скоро никој и од Американците немаше мобилен интернет на телефонот. За да се видам со моите ( тогаш се гледавме на Скајп, не се сеќавам Вибер/Ватсап/Месинџер дали имаа видео ) договарав термин. Пример утре среда во 12 бидете на Скајп. И чекаш и планираш и приоритизираш за да бидеш дома во 12, иначе нема да се видиш. И се слушаш и толку, исклучуваш Скапј и не си веќе онлајн присутен. Сега си константно он.
Може звучам како бумер, се осеќам како баба ми кога кажува како порано студентите на студии во Скопје се слушале со домашните еднаш месечно, и тоа од централна пошта Скопје.
И не знам кај оди ова, и до кај ќе оди. Едноставно мислам дека секој следен технолошки напредок не е во интерес на човекот, туку во интерес на корпорации и профит, и тоа се турка по секоја цена.
Не знам како би го формулирала ова во прашање за анкета, кој има идеја слободно нека пише.