Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 35: @Ванчос Z - Секоја Македонка која има врска со маж од друга националност да биде осудена за предавство)

Дали се согласуваш со прашањето на Ванчос Z од насловот на темава?

  • Се согласувам

  • Не се согласувам

  • Воздржан

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
...едно што пишува и што кажуваат, друго на терен реално што се случува, еве ако те интересира, испис мора да имаш со ,,болничка историја" додека си престојувала, што пишува што си примила и ти и бебето, прочитај, немој да ми кажеш дека немаш никаков папир и појма немаш што све терапија ви се дало, сепак пушуваме за Шведска, Швајцарија, ...никој не ја заборави Шварцвалд клиниката ТВ серијата, беспрекорно здравство.
10 mg/ml; 1 mg = 0,1 ml за бебето
Не знам која ти е поентата што сакаш да ја докажеш, според тебе не треба да се прима витаминит после раѓање?
 
Навива за Милан, има Дела Мадонина, он цфеќиња вади. Абе мрш тамо иди пи пиво и кикирики, јебаја те двор.
Ова ваљда е Меџик Саше.
После утакмица ќе напише глуп пост што нема врска со реалноста со помош на чат гпт и ќе лупне на крај едно #Alegriout .
 
Последно уредено:
10 mg/ml; 1 mg = 0,1 ml за бебето
Не знам која ти е поентата што сакаш да ја докажеш, според тебе не треба да се прима витаминит после раѓање?
...не е тоа поентата, треба да прима затоа што најосетилив е черепот и не е развиен се мисли коскено и секое подигање и спуштање на бебето може главчето да трпи удари и најблаги ќе предизвикат крварење, затоа мора да се зема интрамускулно вит К, тука нема ништо спорно.
...сега доза на вит К треба да е 1мг на 1мл инјекција или 2мг/мл максимум, форма на инјекција со ваква јачина не се произведува како што испитував подолго време, само инјекција за возрасни која јачина има10х посилна или х 5 посилна за 2мл замена т.е 10мг/мл, дополнително супстанциите кои се во ампулата за возрасни покрај активната супстанца има додатоци и алкохол, посебно штетни за бубрезите на бебето.

...и сега што прават во неонатолишките оддели, земат 1 амп за возрасни 10мг/мл и ја делат на 5 шприца од око за 5 бебиња, кој тоа смее да одреди така? што ако отиде повеќе во еден шприц вит К?

...предозажа поради неразвиена јетра се ослободува енормно билирубин во крвта, детето пожолтува и ,,чистењето,, е со зрачење со инфрацрвени да се исчисти за 3,4 дена и ќе речат,,нормално е ова ,,жолтица,, кај новородените,

...како да не, тој покачен билирубин ослободен од преголема количина даден Вит К може да ги оштетува видот, слухот и делува на мозокот, е тука е веќе опасноста на оштетување и појава покасно на аутистични симптоми, ќе речат наследно...е па добро се случува, но ова е веќе епидемија на аутистични деца, упаствата ги сменија фабрички, имаше убаво напишано не се употребува за неонатолошки цели, сега не пишува, дополнително пред три години имаше производство само на ВитК интравенски што убаво пишува на паковањето, што мислиш како го давале, ми е страв да помислам, а не да напишам.
 
А ти знаеш како факт дека земаат една ампула и ја делат?

И едно обично гуглање на интернет ти дава информација дека се произведуваат неонатални ампули со 1мг/0.5мл и нема потреба зошто некој да дели една голема ампула за цело одделение.

Баш си пример за утната едукација.
 
... Ок, терај си и гуглирај, а не знаеш што ти дадоа ни тебе ни на бебето, ама ете јас сум неедуцираната меѓу редови напишано од тебе, нели како пример, нема потреба од навреда, јас сум крива што објаснувам грешките што се прават и вчера, и денес и утре, не од гугл, не од рекла казала, туку од лице место, пример сум за утната едукација :pos: ајде жити се!

vitamin-k1-04.jpg

...во САД не е спорно, но во другите на Балкан, па и пошироко го има само Канавит 10мг на мл како го даваат на бебиња, еве јас сум ти била пример на неедуцираност, врти телефон во било кое породилште, ете од каде си, прашај ја ова информација и не мора да ми се извиниш кога ќе ти одговорат, доволно да знаеш!

60268_1614_01.jpg
phytonadione-vitamin-k-injection-10-mg.jpg
...овде на таа јачина за возрасни за новородено ете кажи како ја даваат, цела пола, третина, 10 капки во шприц ?
 
Последно уредено:
Мислам дека е време за ново дете! :noze:
 
има но стар леб носат, не носат тазе во недела. И што ќе барам тогаш стар леб да купувам? Сакам тазе испечено, свежо. Мене ова ми е комунизам, сакам да се врати времето пред овие глупи закони.
Ронче, ти ли си ова?
1774393891952.png
 
Ќе гледам да пишам во текот на денот.
 
Мислењево е толку филозофско и толку широко, опфаќа повеќе тематики, но истовремено се фаќам како се почесто и почесто размислувам за истото. Ќе се обидам некако да го формулирам за да не биде ептен all over the place.

Мое мислење е дека човештвото треба да се врати на нивото на технолошки напредок од пред 20 години и да застане тука. Со сите предности и недостатоци што ги носи таквото уназадување ( или напредување, зависи за кој како ). Тоа беше пикот и се што доаѓа после тоа, оди само во негативна насока.

Бевме во некаква состојба на good enough поврзаност, доволна информираност и онлајн достапност. Ако некој ти треба, имаш можност да му се јавиш. Ако сакаш да дознаеш нешто, имаш ТВ, гледаш вести, информативни емисии, читаш книги, посетуваш библиотека. Имаше офлајн живот, кога луѓето беа навистина присутни во моментот. Сега ми се чини дека сите сме мултитаскерс константно, преплавени сме од инфрмации, мислам дека веќе не ги регистрираме информациите туку ги абсорбираме.
Повеќе се ценеа работите. Немаше мобилна поврзаност, на телефонот имаш меморија за 30 песни, бираш внимателно плејлиста. Се купуваа албуми, филмови. Имаш физичка сопственост врз нешто и тоа кошта, па бираш внимателно на кој артист/филм/книга ќе потрошиш пари. Сега купуваме право да слушаме/гледаме/читаме, и искрено е шит. Има шит музика, шит серии, шит филмови. Искрено после 2018 некаде престанав да слушам нови артисти. Да, секој доби можност да навлезе во индустриите, но по која цена?

Пред само 11 години, значи ова беше во 2015, бев на Work and Travel во САД. Не поседував смартфон, цела среќа Грујо пушти "таблет за секое дете" па земав некој глуп таблет од Анхоч за 6000 денари. Ацер, кочеше, се исклучуваше, ужас. Дури и во 2015 во САД немаше интернет покриеност насекаде, и дата плановите беа навистина скапи, скоро никој и од Американците немаше мобилен интернет на телефонот. За да се видам со моите ( тогаш се гледавме на Скајп, не се сеќавам Вибер/Ватсап/Месинџер дали имаа видео ) договарав термин. Пример утре среда во 12 бидете на Скајп. И чекаш и планираш и приоритизираш за да бидеш дома во 12, иначе нема да се видиш. И се слушаш и толку, исклучуваш Скапј и не си веќе онлајн присутен. Сега си константно он.

Може звучам како бумер, се осеќам како баба ми кога кажува како порано студентите на студии во Скопје се слушале со домашните еднаш месечно, и тоа од централна пошта Скопје. :D

И не знам кај оди ова, и до кај ќе оди. Едноставно мислам дека секој следен технолошки напредок не е во интерес на човекот, туку во интерес на корпорации и профит, и тоа се турка по секоја цена.

Не знам како би го формулирала ова во прашање за анкета, кој има идеја слободно нека пише.
 
Последно уредено од модератор:

Ова не мора да значи за се што се подобрува.

Пример еве да земеме за колите. Новите коли се милион пати побезбедни и поефикасни. Ако може да се подобри електричната инфраструктура и да добиеме поефтина струја that would be nice.

Физиката ни има дадено се што имаме околу нас, па пример одење во вселената може да биде во поголем опшир и со поголем приоритет па од тука се добиваат многу поволности за луѓето, пример Х-реј машините се директен продукт од проектите на наса за решавање на проблеми со одење и живеење надвор од планетава. Исто така консензус е дека ако не сме мулти-планетарна цивилизација осудени сме на пропаст.

Има милион примери што можат да го подобрат животот на сите нас ако се работи на нивно подобрување, еве пример чист воздух, чиста вода, прочистителни станици, мрежа за струја, бела техника, лаптопи, телевизори и телефони, нуклеарки, cold fusion, hot fusion, ракети, подобри начини на патување, лекови за различни болести, поефикасни методи за операции, поефикасни начини на производство и дистрибуција на храна итн... Овие работи треба да се приоритет.

Од друга страна имаме АI, Online ID verification, ветерници, процесирана храна и слични глупости што се алатки против човештвото (слободното човештво). Овие работи се моментално приоритет што се само алатки на владеачката елита.

Пример: In 1989 the United States Department of Energy (DOE) concluded that the reported results of excess heat did not present convincing evidence of a useful source of energy and decided against allocating funding specifically for cold fusion.
Одлучил некој во 89та дека ова не треба да се чепка и толку. Кој е тој што одлучил, зошто, дали имал профит да одлучи вака?

Into the rabbit hole...
 
Мое мислење е дека човештвото треба да се врати на нивото на технолошки напредок од пред 20 години и да застане тука. Со сите предности и недостатоци што ги носи таквото уназадување ( или напредување, зависи за кој како ). Тоа беше пикот и се што доаѓа после тоа, оди само во негативна насока.
Научно-фантастично мислење! И еве, да не речеш дека сум бил лош, ваков-таков, никаков (сум, не дека не), ќе се сложам со тебе.

Детството ми помина на периферија, пред тргање во школо фудбал, после школо маалски фудбал. Некогаш топката беше никаква, мека, недодувана, ама толку и ни беше потребно. Тоа и нашата имагинација. Четири камења за да имаме голови, паркинг простор и една топка. И сите деца беа на улица. Претходно граница, жмурка и крадци и полицајци. И џамлии. Беа по денар-два, играш на ќар, ќе утепаш пола ден во партиите, ќе ќариш цели две џамлии. Или ќе изгубиш, па утредента го чекаш демек да ги повратиш.

Башка цртаните, целодневните се појавија нешто покасно. Имаше на А1, ги чекаш во 4-5 и после толку. Ако не го гледаш, чекаш недела реприза. Кога се појавија целодневните, односно се појавија кога ние ставивме кабловска, тогаш почна нашата екранизација. Ама и тие цртани имаа смисла, беа интересни и забавни до таа мера што и денес би можел да си ги гледам.

Посебно доживување ми беше VHS касетите со цртани и филмови. И дома имав релативно многу, ама одиме во видеотека да си одберам нешто за гледање. Мајка ми ќе земе нешто за текти, тралалајка, а мене што сакам, немаше лимит, ама најчесто беше цртан филм или хорор. После се отворија и цедетеките, па и таму истата приказна. Само се сеќавам дека изборот во видеотеката беше штур, имаш каралог, ама само една видеокасета, па ќе ја бараш да ти ја чува кога тој некој ќе се смилува да ја врати. И така. Оваа фаза новите генерации нема да ја доживеат. Денес имаат стриминг платформа и гледаат што сакаат и кога ќе посакаат.

Друго телефоните, фиксен, имаш 10 метри гајтан да влечеш ако не сакаш да те слушаат, да отидеш во друга просторија, ама нашите телефони беа поврзани на иста линија, така тој доле, можеше да го слуша тој горе, и обратно. Па се дереш да го слушти телефонот.

Технолошкиот прогрес, а со ова и научниот, си имаат свои придобивки, ама имаат и недостатоци. Не направија сајбер генерација, зависници од интернет и од социјалните мрежи. Животот ни е поедноставен, со неколку клика стигнуваш до посакуваната информација, додека бев дете имавме енциплопедии, па ако сакаш нешто да научиш, ќе научиш од таму.

Плус, новите генерации не читаат, а тоа е една од одликите која не разликува од останатите живи суштества. Не се заинтересирани за ништо, сем за Инстаграм. Кога ќе помине модата на оваа социјална мрежа, ко што помина на Фб, ќе преминат на следната. Ниту се заинтересирани нешто да научат. Генерализирам, ама така е. Парцијалната вина за лошите перформанси на нашиот образовен систем паѓа на нив и затоа мора да се забранат телефоните во училиштата. Кога бев дете имаше шверцерски телефони. Само наставникот имаше телефон и тој комуницираше со родителите. Така може и сега.

Детето треба да чита тоа што сака, дај му да си одбере некоја книга која ќе ја прочита за време на летниот распуст и потоа ќе ти ја раскаже. Да, драмите се дел од нашето културно творештво, ама досадни им се на децата, не ги читаат, а денес имаат алатки со помош на кои можат да извадат фантастични есеи.

Убава тема, мала временска машина од моето детство. :love:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom