Има една изрека скокни па кажи оп. Се изнамававте заслужен сеир на Јуве, али забораивте дека навивате за Интер.
Реално сепак излегоа Интер со мешан состав и да не забораиме дека Бастони влече уште повреда од стартот на Калулу


Али шала на страна без разлика кој и да пројде понатака ова е резил за Јуве, за Интер, и покажува до кое ниво е Серие А падната.
На кое ниво е падната шпанска лига ако Атлетико Мадрид дома изгуби од Бодо 0-2, и на кое ниво е падната премиер лига ако Сити изгуби 3-1 на гости кај Бодо ?
Сериозни ли сте со муабетиве? на форумов сум од 2010, секоја година како се отвора нова тема за лигава секоја година од било кој клуб по некој почнуе да го прави муабетот за маркетингот колку е беден на серија А во споредба со Шпанија а да не правиме муабет за Англија. Секоја година е истиот муабет дека приходот на последниот пласиран енглез у премиер лига е поголем од првакот на Италија.
Падот на лигата не е од Интер, Милан или Јуве или било кој друг клуб и дефинитивно не е резил еден пораз во двомеч на елиминација. Поголем резил е за федерацијата што се глупираше со рекламата CALCIO IS BACK пред 3 години, а ништо не работи ефективно за клубовите да осетат промена. Клуб како клуб си има и неверојатни утакмици си има и бедови во одредени сезони на индивидуални мечеви.
Падот на лигата е од смрзнатата италијанска бирократија и од оние што ја водат федерацијата и лигата. Интер и Милан со години се молат да најдат простор за да изградат сопствен стадион, нема пречка процедурална што не им се постави. Нити заедно да го изградат нити поединечно да го изградат. Ситуацијава тек последниве 2-3 години се менува кај што веќе почнуваат да градат или да реновираат постоечки стадиони. Недостатокот на пари по клубовите се осеќа и по играчите што ги зимаат и договорите што ги потпишуваат.
Види ја и италијанската репрезентација, не можат да најдат 20 асални фудбалери и да се пласираат на светско. Недостатокот на пари кај клубовите баш поради таа федерација им го укочи и развојот на клубовите и генерирањето на нови јаки играчи. Со две раци потпишувам дека ниеден од сегашниот состав на Италија нема да биде стартер во тимот од 2006та а можеби ако се во топ форма би седеле на клупа 2-3 од нив.
Јуве нема европски трофеј земено од 1996 година - 30 години
Милан нема европски трофеј земено од 2007 година - 19 години
Интер нема европски трофеј земено од 2010 година - 16 години што е и последен ЛШ трофеј на италијанска екипа. 16 години.
Види ја табелава на ЛШ сите енглези освен Њукасл се во Топ 8. Секоја година имаат по двајца полуфиналисти енглезите. Секој преоден рок први купуваат они, за пара не се прашуе се бира како на пазар. Сити во Јануари фрли 84М, цела серија А не потроши толку за трансфери зимово колку сам Сити.
Федерацијава ако и се отворат очите ќе види што треба да работи, не може Мика Ричардс пола човек пола лепиње и умртвенион Карагер да кажуваат каков бил фудбалот, додека тешкаши како Малдини и Канаваро да седат дома да мезат ракија и бел џигер. До сега требаше најмалку 4-5 емисии на англиски да имаат извадено со хајлатси со интервјуа со све и свашта и да се прошири муабетот за лигата да се промовира и да се собере интерес што ќе им донесе и гледаност и пари.
Колку поеќе пишуам толку поеќе се нервирам. Играат Интер и Болоња у куп у арабија, прима интер гол, еден со дрес на интер на полупразен стадион се радуе таму како анамата трето дете дека му родила. За ебени 2М евра повеќе приходи....