Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 23: @Lester Freamon - Да се откажеме од аплицирањето во ЕУ, да си останеме во НАТО...)

Да се откажеме од аплицирањето во ЕУ, да си останеме во НАТО и да станеме даночен и бизнис рај?

  • Се согласувам

  • Не се согласувам

  • Воздржан

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Боље Трајко него Ханс.
Ти да знаеш Трајко која циција е, ќе го бараш Ханс и под дрво и под камен

Ипак Трајко е наш, и е у исти гомна како нас.
И Ронче е наш иначе, по таа логика

Тој е. Преживуемо. Судбина, така сакал господ, што би рекол ти.
Или вие така сакате и не ви смета тоа?
Што Господ има врска што одредена група на луѓе се согласува и прилагодува на сѐ и сешто?
Ти нив ги браниш во овој случај..

А ја глеам ви биднасте богаташи(сс бугарски хаха).
Абе 5 бугарски, не еден

До негде се збогатисте материјално, aма па духовно осиромашисте.
Изјасни се поубаво
Нигде на запад никад нема да гу имате туј слободу како нас. За вас е р'мбајтен цело време.
Го кажуваш ова како 24/7 да работат луѓето, што не е точно
Нема кафе шеми и уличарање по цел ден
Децата се резултат на тоа, пуштени како од ланец, најлоша врста на уличари

Ми уживамо у Македонију, знаеш и сам, балканска слобода, кафанче, скара, печено прасе, Бадник, кладионица, на кафе. Јез да пцуемо и се мучимо на моменти, али ипак еве не, живи здрави.
Уживаш исто и во воздухот, ти верувам

Ми се прилагодисно сс тек на време на шиптаpи, јеби га, тој е.
Сс среќу на вас сс сомалијци, пакистанци и остали инжинери и доктори.
На многу работи се имате прилагодено, затоа е денес ваква ситуацијата, јбг.
Утре ќе речеш Голема Албанија, јбг тоа е се прилагодивме ;)
 
Затоа што 99% од тие што си одат од државата не си одат поради валидна причина од типот пробав-не успеав, него од аздисување и класичниот клише муабет: “Абе не ја бива државава, мора да бегаме на страна“. На претходните теми дадов примери и со блиски роднини, пријатели и слично, а верувам дека така е и со огромен дел од останатите, особено што и низ лични примери (колеги, пријатели) ги добивам истите информации.
Да не се разбереме погрешно, не дека нема луѓе на кои државата им залепила шамар и ги натерала да си отидат, ама многу, енормно многу е поголем бројот на тие кои си одат поради за мене недоволно легитимни причини. Но, тоа е право на избор на секој човек и не треба да ги осудуваме, освен кога ќе излезат со вакви ставови ко твоиве што немаат допирна точка со реалноста.

Друже, ако ти си решил да се иселиш од Македонија затоа што не ти била доволно добра тогаш поздрав и се најдобро, нема што ти тука да кажуваш да се одзема право на глас или не знам ти какво право. Одлучувај и бунтувај се за земјата која ти ги овозможила благодетите кои си ги посакувал, ако не се лажам во Чешка беше ти.
Овие 99% проценти ги извади од завод за статистика или од ракав ги тресна? Како што ти имаш искуство со твои блиски зошто заминале, така и јас имам. И јас за разлика од тебе зборам од лично искуство зошто сме заминале, не лупам бројки од ракав. Ама добро, еден ја пушти селската " отишле ќенефи да чистат", еве и ти со класичниот клише муабет за иселениците, дека државата не ја бивало, не знам што ќе чујам следно.

Друже, нека ти биде јасно дека не секој решил да се исели од Македонија затоа што така сакал. И не секој заминал за пари или ради твојот класичен клише муабет.
Ако јас немам што да кажувам затоа што сум заминал, супер. Еве од тие што останаа и со прст не мрдаат, гледам цута државата, да се помолиме уште некое бебе да не почине на клиника.
Интересно е како сите скокнаа против иселениците место на темата дека голем дел од населението критикува, а со прст не мрда за промени, доволно кажува тоа.
 
па, не сте нешто омилени. :свиркам:
 
Ti si ja kazha pricinata tuka zaso si se iselil, sto da bideme realni, ne e nesto dramaticno. Bukvalno sekoj od nas imal takvo ili beter iskustvo. Da se razbereme, tvoj zivot tvoj izbor, ama nemoj sea da glumis zrtva za toa.
 
Лол, не глумам жртва ниту па имав намера да споделувам зошто сум се отселил. Одговорив на коментари на луѓе што залепија етикета без да знаат. А, не планирам да навлагал во детали за сите причини кои ме натерале да заминам. И пак, фокус се дава на иселениците кои очигледно се главниот проблем.
 
Овие 99% проценти ги извади од завод за статистика или од ракав ги тресна? Како што ти имаш искуство со твои блиски зошто заминале, така и јас имам. И јас за разлика од тебе зборам од лично искуство зошто сме заминале, не лупам бројки од ракав. Ама добро, еден ја пушти селската " отишле ќенефи да чистат", еве и ти со класичниот клише муабет за иселениците, дека државата не ја бивало, не знам што ќе чујам следно.

Друже, нека ти биде јасно дека не секој решил да се исели од Македонија затоа што така сакал. И не секој заминал за пари или ради твојот класичен клише муабет.
Ако јас немам што да кажувам затоа што сум заминал, супер. Еве од тие што останаа и со прст не мрдаат, гледам цута државата, да се помолиме уште некое бебе да не почине на клиника.
Интересно е како сите скокнаа против иселениците место на темата дека голем дел од населението критикува, а со прст не мрда за промени, доволно кажува тоа.
Од ракав нормално, тоа е чисто за да доловам дека огромен процент на тие се такви. Секако, не може да добиеш точен процент никогаш, треба секој иселеник посебно да го анкетираш за да знаеш. А јас од какво искуство зборам извини? Брат, прв братучед, прва братучедка, какво искуство се? Рекла казала или вистинско? Нигде не ти реков дека сте отишле ќенефи да чистите, не ми ставај зборови во уста, или тастатура поточно.

Тоа што тие што останале и не мрдаат со прст е друга тема, исто така болна на која треба да се работи во иднина, ама не мешај баби и жаби. Ти сакаш да кажеш дека ти што си се иселил пред х години треба мене да ми го забраниш правото на глас и да ме избришеш од здравствениот систем? Хаха, кој си бе ти?? Па тоа што си плаќам придонеси и здравствено автоматски ми дава право да се лекувам, а за гласањето што да ти кажам освен што законот е тој, дека секое полнолетно лице се здобива со право на глас. Јас контра теза би дал на твоево, на вас иселениците би ви забранил да гласате и да одлучувате за иднината на земјата од која сте се откажале. Еве ај објасни зошто ти да имаш право на глас, а во земјава си 1-2 пати годишно по една недела? Кога веќе си решил да се откажеш од неа не биди лицемерен и не одлучувај ти за мојата иднина, во земјата во која сум одлучил да живеам, гласај си во Чешка и тоа е тоа.
 
Тоа што тие што останале и не мрдаат со прст е друга тема, исто така болна на која треба да се работи во иднина, ама не мешај баби и жаби. Ти сакаш да кажеш дека ти што си се иселил пред х години треба мене да ми го забраниш правото на глас и да ме избришеш од здравствениот систем? Хаха, кој си бе ти??
Стефче, не ме сфаќај погрешно ама прво ја кажуваш групата на луѓе која е очигледен проблем и после сам се буташ во истата..
 
Од ракав нормално, тоа е чисто за да доловам дека огромен процент на тие се такви. Секако, не може да добиеш точен процент никогаш, треба секој иселеник посебно да го анкетираш за да знаеш. А јас од какво искуство зборам извини? Брат, прв братучед, прва братучедка, какво искуство се? Рекла казала или вистинско? Нигде не ти реков дека сте отишле ќенефи да чистите, не ми ставај зборови во уста, или тастатура поточно.

Тоа што тие што останале и не мрдаат со прст е друга тема, исто така болна на која треба да се работи во иднина, ама не мешај баби и жаби. Ти сакаш да кажеш дека ти што си се иселил пред х години треба мене да ми го забраниш правото на глас и да ме избришеш од здравствениот систем? Хаха, кој си бе ти?? Па тоа што си плаќам придонеси и здравствено автоматски ми дава право да се лекувам, а за гласањето што да ти кажам освен што законот е тој, дека секое полнолетно лице се здобива со право на глас. Јас контра теза би дал на твоево, на вас иселениците би ви забранил да гласате и да одлучувате за иднината на земјата од која сте се откажале. Еве ај објасни зошто ти да имаш право на глас, а во земјава си 1-2 пати годишно по една недела? Кога веќе си решил да се откажеш од неа не биди лицемерен и не одлучувај ти за мојата иднина, во земјата во која сум одлучил да живеам, гласај си во Чешка и тоа е тоа.
Стефан, диши длабоко и прочитај што сум напишал. Реков "еден ја пушти селската" па "еве ти со класичниот клише муабет". Никој не ти ставил зборови во уста или тастатура.

Еве, јас имам друго искуство од твоето и како сега твоето е валидно, а моето е лицемерно? :D

Тоа тие што останале, а не мрдаат со прст не е друга тема, туку темата што ја начнав. А, ти и повеќето се фативе за иселениците, опасен тригер. Тебе не ти го бришам правото на глас, али би ти го избришал ако си у таргет групата што има титула на дежурен критичар, а со прст на мрда подалеку од кајгана. Во таа група си?

Друга тема е, ама интересен феномен е ова нападот е најдобра одбрана. Јас за разлика од тебе, тука не се противам. Јас како иселеник не треба да имам право на глас, ниту да одлучувам за држава во која не живеам, ама не сум се откажал. Не би паднал толку ниско да објаснувам дека во Македонија плаќам и приватно здравство и пензиско, и фирма и ред други работи. Тоа не ме прави поголем Македонец од тебе. Јас знам што сум направил за државата и за жал не сум успеал и свиткав опаш, нема бегање од тоа. А, ти Стеф, продолжи да го таргетираш иселеникот како најголем проблем, и одбегнувај го одговорот на прашањето, што со тие што не мрдаат со прст.
 
Мислам дека погрешно се сфативме, излезе дека лично се препуцаваме, а не мислев на тоа. Свесен си и самиот ако имаш фирма тука, плаќаш даноци, вработени и слично, апсолутно имаш право и на глас и на било што, без разлика што не живееш тука. Сепак, учествуваш и помагаш во државата, на ваков или онаков начин. Секако погоре мислев на оние што скроз си одат од тука (Острелија муабетите), а први џафкаат низ нетот.

Чисто да те прашам, дали би ми земал право на глас и здравствено ако години наназад сум пробувал нешто да сменам, сум се трудел, протести, мотести, организации, акции за здрава околина и слично, а потоа сум станал пасивен и сум решил да кренам раце?
Автоматски споено мислење:

Стефче, не ме сфаќај погрешно ама прво ја кажуваш групата на луѓе која е очигледен проблем и после сам се буташ во истата..
Кај сум се бутнал не те разбирам? Дека не преземам ништо, во таа група? Не е точно, лошо си ме сфатил.
 
Пола од темиве ни се хејтерски, противзаконски, противуставни, раздвојувачки, диктаторски, да се забрани, да се убие, да се одземе. Нема ли некоја забавна контраверзна тема за да не се стига до вакви непријатни муабети?
 
Кај сум се бутнал не те разбирам? Дека не преземам ништо, во таа група? Не е точно, лошо си ме сфатил.
Кај тие што со прст не мрдаат

Прашањето „Кој си ти“ на тоа асоцира, бидејќи веќе посочена е групата за која се прави муабет.
Како со нив да се пронаоѓаш по кажаното
Мене таков впечаток не си ми оставил, мислам дека од инат кон иселениците ја браниш таа одредена група на луѓе посочена од страна на КомитаУлтрас

Зошто?
Бидејќи останале во државата а истите највеќе придонесуваат за да стои во место..
Треба да се работи и на иселениците за да се вратат а не да се одмогнува
Тој тренд на враќање постои на Балканот, само кај Македонците сеуште не е толку изразит.

Би додал само дека во таа група на луѓе спаѓаат и иселеници, истите навики ги имаат и само се жалат а ништо не направиле

Јас пример згрешив што мислев дека дом ќе најдам на друго место и се помирив со грешката
Ај да не се разбираме погрешно, јас мислам најубаво е да ја дефинираме таа група и да стане појасна дискусијата
 
Последно уредено:
И тука доаѓам до суштинското, дека ние не мразиме неправда, мразиме кога не допира лично.
Не требаше ништо повеќе од ова да кажеш како тема, сами ќе спростреа валканиот веш наместо сега да те имаат како заеднички непријател. Јас повеќе верувам во митот од средно дека Мерилин Менсон си извадил ребра да си го пуши отколку во митот за топлината на македонскиот народ која се збори од едниот крај на светот до другиот. Никогаш нема да осетиш студ ако дојдеш на форум, те греат одма луѓето, се капеш во разбирање и сочувствување, сами би се наштетиле да некому помогнат. Со првата нотификација обично си инспириран да бидеш подобар човек.

Затоа што 99% од тие што си одат од државата не си одат поради валидна причина од типот пробав-не успеав, него од аздисување и класичниот клише муабет: “Абе не ја бива државава, мора да бегаме на страна“.
Јас еднаш иселениците нѐ нареков неспособни, но друг иселеник ми рече сум имал комплекси. Денес е тешко да бидеш скромен. Топол народ нашиот не ти дозволува ниту сам да се критикуваш, одма те подига. Што мислиш, повеќе иселениците ве сметаат неспособни или вие нив? Можеби 50-50? Тука има интересни проценти за глодање, од тие 99% што останаа.

Да не должам многу, моето контроверзно мислење е дека, тие што останале, а со прст не мрднале за подобра иднина, треба да се избришат од список за гласање, евентуално би ги исклучил и целосно од пензиски и здравствен систем - повели на приватно затоа што повеќе и не заслужуваш.
Одземање право на глас е контраинтуитивно бидејќи дополнително им ја одземаш личната одговорност и се лишени од целосна вина во проблемот. Плус самиот гледаш решение во гласање информирано, како да повеќето гласаат неодговорно и како им дошло во момент, а не е само две опциии со некој сателит како и насекаде во светот, и како да постои некој вистински избор кои не го виделе поради брзање и нечитање програма. А делот за приватно ионака кој може да си дозволи за да преживее е на приватно, почнувајќи од иницијални снимања до пост оперативна нега.

Јас сметам ако во една година си повеќе од 6 месеци надвор од земјата не треба да гласаш. Никакви фирми, земјишта, приход не треба да ти дава право на глас во територија каде не престојуваш.

Инаку за тоа мрдањето со прст, многу сметаат дека интернет енгејџментот е правење повеќе и од доволно. На пример, @Vanlok со лепење твитови и мемиња мисли го спасува светот од евреите и дека будење луѓе и ширење на зборот носат резултати, така да дури сме во исчекување да излезе во тираж од @Ron Burgundy Мојата Борба 2, може веќе да се работи на негово прогласување за национален херој. Нема многу кои толку мрдат со прсти и творат ли ти троват (упс слип).
 
Фала на предлогот @џимеј

Датум ако не се лажам, отвори тема дека иселениците треба да плаќаат при влез во Македонија. Иако се сложувам и би потпишал со две раце, сакам да ја спомнам другата страна.

Проблемот кај нас не е само кој си заминал, туку кој останал и што направил. Македонците генерално повеќе сакаат да се жалат отколку да сменат нешто, а промени сакаме само ако не нè засегаат лично.

Што правиме со луѓето што 30 години по ред гласаат за истите партии, па после секој изборен циклус се чудат како ништо не се сменило?
Што правиме со оние што на 30+ години сметаат дека е сосема океј да се живее со мама и тато, без да преземат никаква лична одговорност, ни професионална, ни општествена, ни граѓанска?

Зошто тие уживаат исти права како некој што вложува време, енергија и се бори за подобра иднина?

Имаме милион твитерџии и фејсбук „интелектуалци“ што секој ден се спремни да критикуваат – со хехенце теми, цинични статуси и морални лекции.
Ама затоа што ги знам дел од ликовите зад тие профили, и знам дека во реалниот живот не направиле ништо, си го поставувам прашањето, што правиме со тие што се уште помалку видливи, а уште погласни во кукањето?

Кукаме секојдневно. Критикуваме систем, држава, власт, народ. И тука доаѓам до суштинското, дека ние не мразиме неправда, мразиме кога не допира лично. Ако не, кој го ебе комшијата.

Иселениците, по мое мислење, платиле многу поголем „данок“ од било која такса за влез во државата.
Платиле со тоа што: е помириле дека тука нема иднина за нив, го напуштиле домот каде што пораснале, живеат илјадници километри од фамилијата и друштвото и ги гледаат родителите како стареат преку видео повици. Тоа не е бегство. Тоа е пораз што си бил приморан да го прифатиш.

Да не должам многу, моето контроверзно мислење е дека, тие што останале, а со прст не мрднале за подобра иднина, треба да се избришат од список за гласање, евентуално би ги исклучил и целосно од пензиски и здравствен систем - повели на приватно затоа што повеќе и не заслужуваш.
Мислам дека си губиш време со темава. Како прво, Македончето е гордо што било „пиреј“, наместо да се срами од тоа. Јас лично побрзо би го споредил со лебарка, ама ајде, нека биде растение. Самото тоа треба да ти каже дека огромен процент од луѓето се способни цел живот да го поминат без да направат апсолутно ништо ниту за фамилијата, ниту за општеството, ама битно е некако да го протуркаат животот.

Јас би вовел казна ако не се појават на избори. Исто така, не би ги следувале социјални или било какви бенефити ако не се вклучени во општеството. Оние од Хелсиншки би ме растргнале, ама ако некогаш влезам во политика, би вовел тежински коефициент за вредноста на секој глас. Пример: ако си активен, работиш, се трудиш, придонесуваш во економијата или на било кој начин во општеството, твојот глас вреди 1. Ако си паразит на системот или криминалец што прави штета каде и да помине, 0.1 или и помалку. Не може луѓе што се продаваат за 5кг брашно да ми одлучуваат за иднината.

Ние што сме си заминале, на своја кожа сме почувствувале третман што не е ок, секој на различен начин. Ретки се тие што си заминуваат од се што граделе, од семејства, пријатели и роднини, од чисто куроздравје. Ама ова е последното нешто што можеш да го докажеш на луѓе што никогаш не мрднале од таму, што добиле се на тацна или едноставно немаат амбиција за ништо повеќе.
 
Не требаше ништо повеќе од ова да кажеш како тема, сами ќе спростреа валканиот веш наместо сега да те имаат како заеднички непријател. Јас повеќе верувам во митот од средно дека Мерилин Менсон си извадил ребра да си го пуши отколку во митот за топлината на македонскиот народ која се збори од едниот крај на светот до другиот. Никогаш нема да осетиш студ ако дојдеш на форум, те греат одма луѓето, се капеш во разбирање и сочувствување, сами би се наштетиле да некому помогнат. Со првата нотификација обично си инспириран да бидеш подобар човек.

Јас еднаш иселениците нѐ нареков неспособни, но друг иселеник ми рече сум имал комплекси. Денес е тешко да бидеш скромен. Топол народ нашиот не ти дозволува ниту сам да се критикуваш, одма те подига. Што мислиш, повеќе иселениците ве сметаат неспособни или вие нив? Можеби 50-50? Тука има интересни проценти за глодање, од тие 99% што останаа.

Одземање право на глас е контраинтуитивно бидејќи дополнително им ја одземаш личната одговорност и се лишени од целосна вина во проблемот. Плус самиот гледаш решение во гласање информирано, како да повеќето гласаат неодговорно и како им дошло во момент, а не е само две опциии со некој сателит како и насекаде во светот, и како да постои некој вистински избор кои не го виделе поради брзање и нечитање програма. А делот за приватно ионака кој може да си дозволи за да преживее е на приватно, почнувајќи од иницијални снимања до пост оперативна нега.

Јас сметам ако во една година си повеќе од 6 месеци надвор од земјата не треба да гласаш. Никакви фирми, земјишта, приход не треба да ти дава право на глас во територија каде не престојуваш.

Инаку за тоа мрдањето со прст, многу сметаат дека интернет енгејџментот е правење повеќе и од доволно. На пример, @Vanlok со лепење твитови и мемиња мисли го спасува светот од евреите и дека будење луѓе и ширење на зборот носат резултати, така да дури сме во исчекување да излезе во тираж од @Ron Burgundy Мојата Борба 2, може веќе да се работи на негово прогласување за национален херој. Нема многу кои толку мрдат со прсти и творат ли ти троват (упс слип).

Вие побегуљиве со ова се тешите само дека никој не ве сака во МК. Пробувате да се исперете со тоа дека правите огромни жртви. Но никој не го купува тоа. Ваквите теми се одраз на таа фрустрација. Ја би ви рекол да свиткате опашот и да се вратите. Но вие си знаете.
 
Јас би вовел казна ако не се појават на избори. Исто така, не би ги следувале социјални или било какви бенефити ако не се вклучени во општеството. Оние од Хелсиншки би ме растргнале, ама ако некогаш влезам во политика, би вовел тежински коефициент за вредноста на секој глас. Пример: ако си активен, работиш, се трудиш, придонесуваш во економијата или на било кој начин во општеството, твојот глас вреди 1. Ако си паразит на системот или криминалец што прави штета каде и да помине, 0.1 или и помалку. Не може луѓе што се продаваат за 5кг брашно да ми одлучуваат за иднината.
Прво јас мислам дека не знаете што значи демократија. Не значи владеење на правото или на паметот туку на мнозинството, па макар тоа мнозинство е со двоцифрено IQ, што е случај у Македонија за жал.

А второ у државава има сигурно еден криминалец што е попаметен од тебе или мене, ако е рехабилитиран зашто неговиот глас да е помалку вреден? Како беше онаа старата на Сократ :misticen:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom