Комита Ултрас
Модератор
Овие 99% проценти ги извади од завод за статистика или од ракав ги тресна? Како што ти имаш искуство со твои блиски зошто заминале, така и јас имам. И јас за разлика од тебе зборам од лично искуство зошто сме заминале, не лупам бројки од ракав. Ама добро, еден ја пушти селската " отишле ќенефи да чистат", еве и ти со класичниот клише муабет за иселениците, дека државата не ја бивало, не знам што ќе чујам следно.Затоа што 99% од тие што си одат од државата не си одат поради валидна причина од типот пробав-не успеав, него од аздисување и класичниот клише муабет: “Абе не ја бива државава, мора да бегаме на страна“. На претходните теми дадов примери и со блиски роднини, пријатели и слично, а верувам дека така е и со огромен дел од останатите, особено што и низ лични примери (колеги, пријатели) ги добивам истите информации.
Да не се разбереме погрешно, не дека нема луѓе на кои државата им залепила шамар и ги натерала да си отидат, ама многу, енормно многу е поголем бројот на тие кои си одат поради за мене недоволно легитимни причини. Но, тоа е право на избор на секој човек и не треба да ги осудуваме, освен кога ќе излезат со вакви ставови ко твоиве што немаат допирна точка со реалноста.
Друже, ако ти си решил да се иселиш од Македонија затоа што не ти била доволно добра тогаш поздрав и се најдобро, нема што ти тука да кажуваш да се одзема право на глас или не знам ти какво право. Одлучувај и бунтувај се за земјата која ти ги овозможила благодетите кои си ги посакувал, ако не се лажам во Чешка беше ти.
Друже, нека ти биде јасно дека не секој решил да се исели од Македонија затоа што така сакал. И не секој заминал за пари или ради твојот класичен клише муабет.
Ако јас немам што да кажувам затоа што сум заминал, супер. Еве од тие што останаа и со прст не мрдаат, гледам цута државата, да се помолиме уште некое бебе да не почине на клиника.
Интересно е како сите скокнаа против иселениците место на темата дека голем дел од населението критикува, а со прст не мрда за промени, доволно кажува тоа.

